Автор Тема: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI  (Прочитано 80772 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« на: 22 Февруари 2017, 13:47:40 pm »
Меганот средина на Јуни месец 2016 пушти душа  :) и во меѓувреме хитно требаше нов автомобил поради приватни причини да не должам многу. Барав автомобили што се на залиха.

Број 1 мораше да биде караван. На мое огромно изненадување голфов имаше уствари најдобра цена во однос на вложено добиено, барем јас така мислам. Најблиску конкурент му беше октавијата (која што има поголем багажник) со подобар мотор 1.4тси 150 но со ненормални цени + регистрација, осигурување итн. Па така испадна ова најдобра опција + на крај успеав да им земам и зимски гуми Nokian WR D4.

Станува збор за 1.4 тси 125 кс еуро 6 мотор и е сосема различен од еуро 5-ката со 122 коња во голф 6. Значи почнувајќи од тоа каде е поставено турбото, каиш наместо ланец итн. Да бидам попрезицен станува збор за Голф Вариант Trendline со 3 години гаранција/100.000км. Имаше распродажба од залиха како што кажав претходно плус акција со додатна опрема гратис такозвана Trendline Extra/Business:
кожен волан и менувач
наслон за потпирање
MIB 2 Composition Media infotainment со bluetooth
круз контрол
предни и задни паркинг сензори
автоматска клима
зимски пакет опрема што вклучува греачи на седишта, покажувач за ниско ниво на течност за стакла, прскалки за фаровите и греачи на прскалките на ветробранско стакло

До сега имам поминато 19.000 за овие 8 месеци и неколку забелешки/проблеми
  • се јави после 2 месеца крцкање некаде на сувозачка врата. Кцкање од типот си возиш на пушка прав пат и се слуша нешто крцка. Подмачкаа вратите на сервис и од тогаш нема крцкање
  • Пред некој месец при вртење на воланот на паркинг забележав гласен звук како нешто да пука цело кога воланот е скоро свртен до крај. Еден ден јас на хауба отворена гледам што може да биде, друго лице го врти воланот и кога гледам стегата на левата полусовината се мрда од место кога се врти воланот фул и прави таков звук. Отидов во сервис им покажав слика што е проблемот го средија веднаш.
  • При лежечи полицајци се јави крцкање на предница како стара врата неподмачкана. При тестирања, форуми читања итн прснав со силиконски спреј на двете гумици на sway bar и од тогаш еве има 4-5 месеци нема никаков звук. 99% се дешава од поради сол на патишта кое што е неизбежно каде што јас живеам

Е сега општо за колата  :). Споредбиве директно ги кажувам спрема бившиот ми Меган. Иако голфот е караван и само со 15ки гуми во кривини се однесува посигурно 100% подобро од меганот кога беше со 205/50 р17 гуми. Значи разлика небо и земја. Ми остави впечаток на многу стабилно и безбедно возило.
Сум имал можност да возам неколку автомобили од оваа и повисоки класи. На мое позитивно изненадување иако бев огромен скептик зошто општо Голф ти е прилично омразен автомобил, јас да сум ти запрепастен колку е тивко внатре, возење по дупки не се осеќа во кабината, нема крцкање на внатрешност, материјалите внатре се навистина меки на допир и многу добро склопени. Секоја чест! Навистина имаш чувство дека се возиш во повисока класа на возило од типот на Инсигнија/Мондео/Пасат итн.

Воланот е многу директен и прецизен за разлика од Меганот. Најголем мерак во колава уствари ми прави воланот и менувачот. Менувањето на брзини е задоволство, има убав механички звук при менување брзини.

Е сега за моторот. Позитивно изненаден од потрошувачка во град. Во строги градски услови во зима троши 8 во лето околу 7. Просечна брзина околу 25км/ч. Старт/стоп функционира беспрекорно пред се бидејќи се работи за бензинец. Нема никакви вибрации во кабина. Проспект вика 9.2 до 100км/ч што е одлично за 125кс.

200нм од 1400-4000 вртежи се сосема задоволителни. Во меганот имав 1.9 дци 120кс и доста подобро потегнуваше поради 270нм се разбира во исти степен на пренос, ама при брзини од над 100км/ч голфот си влече и има сила за разлика од меганот каде што полека губеше сила. Веројатно и годините си го прават своето. Многу агилен мотор за во град и потегнува многу добро при 1500 вртежи, каде што меганот на 1500 беше мртов. Би сакал 1.4 тси 150 но се нуди во комфротлајн па нагоре.

Редовен сервис се прави на 30.000км или 2 години зависи што попрво дојде. Третата година се менува глицерин па потоа на секои 2 години. Во овој мотор се вградува нов вид на ребраст каиш кој што гарантираат 210.000км така да не му ја мислам на тоа наредни 8-10 години.

Додатно си купив задни издуви хромирани, веќе објавено во друга тема и дава многу секси изглед од позади!
Купено и гумена покривка за багажник.
Купени оригинални бандажи со се летни гуми 1 година користени од Голф 7 (Toronto wheels 205/55 R16) а овие 15киве ќе си останат за зимски сетап.


Да не биде премногу долг овој пост ќе поставам неколку слики од дента кога ја донесоа од плац до наредниот ден кога ја спремија за превземање. Бидејќи ми е прв пат, чувството е ненормално и незаборавно кога искачаш со ново возило од салон!

Кој има прашања и е заинтересиран нека праша  :)

[/list]

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13469
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #1 на: 22 Февруари 2017, 13:50:47 pm »
Создравје да си го возиш друже! Многу многу безгрижни километри!

Кој мерак е да си купи човек кола на ново!

Единствено различно би одел со друга боја!

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 531
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #2 на: 22 Февруари 2017, 13:53:20 pm »
Убаво возилце, со здравје да се вози и многу безгрижни километри
ПС: Ново си е ново ;D

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3963
  • MadaFunker
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #3 на: 22 Февруари 2017, 13:56:17 pm »
Со здравје да се вози :)
New blood of old school

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #4 на: 22 Февруари 2017, 14:05:40 pm »
Браво Влатче одлично ауто. Ептен ми направи мерак сега. Со здравје да си го возиш.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #5 на: 22 Февруари 2017, 14:33:19 pm »
Со среќа на патиштата и со здравје да си го брмчиш.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #6 на: 22 Февруари 2017, 14:34:14 pm »
Прв пат гледам ваков голф, одлично изгледа на сликите, да те служи многу километри без никакви проблеми.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8056
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #7 на: 22 Февруари 2017, 14:45:08 pm »
Честито, убаво да те служи.
Безгрижни километри и секогаш да ти прави ќеиф како и сега.

Голф по мое мислење е омразено (кај нас), затоа што е префорсирано на маса муабет како Ролс Ројс.
Твоето ревју е одлично образложено, кажано е сето тоа што и Зеро и многу други го имаат кажано за ВЊ тестовите и си држи вода најверојатно, особено за тивката кабина. Да, французите се малку растегливи и не се така праволиниски како Германските возила, дури и кај една Вектра од 2000 година се забележува тоа.

Багажниот простор изгледа импресивно.
Мојата најголема и најгрда замерка е за рачката наменувачот. Не го сменија од 1994 година  :(
Внатре некако веќе видена работа. Се убаво, скоцкано ама дежа ву.

Најголемите поплаки кај Голф па и Пасат сум ги чул за неудобната вожња на задните седишта.
Како демек не се седи комфорно и тврд и крут фидбек има колата од патот. Баш ме интересира твоето гледиште ако си се возел позади во Голфов?

Во Латвија живееш?
« Последно менување: 22 Февруари 2017, 14:54:00 pm pirat_07 »

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #8 на: 22 Февруари 2017, 15:04:46 pm »
Честитки, убаво семејно возило. Да те служи долго.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #9 на: 22 Февруари 2017, 19:16:33 pm »
Многу ми биле чудни Голф во караван изведба, но овој изгледа интересно. :D Со здравје нека се вози и многу безгрижни километри!

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #10 на: 22 Февруари 2017, 20:12:54 pm »
Со здравје да си го возиш количето одличен избор да те служи долго. Бојата ми е посебно драга зошто е како мојот Candy White  ;D


Е сега општо за колата  :). Споредбиве директно ги кажувам спрема бившиот ми Меган. Иако голфот е караван и само со 15ки гуми во кривини се однесува посигурно 100% подобро од меганот кога беше со 205/50 р17 гуми. Значи разлика небо и земја. Ми остави впечаток на многу стабилно и безбедно возило.
Сум имал можност да возам неколку автомобили од оваа и повисоки класи. На мое позитивно изненадување иако бев огромен скептик зошто општо Голф ти е прилично омразен автомобил, јас да сум ти запрепастен колку е тивко внатре, возење по дупки не се осеќа во кабината, нема крцкање на внатрешност, материјалите внатре се навистина меки на допир и многу добро склопени. Секоја чест! Навистина имаш чувство дека се возиш во повисока класа на возило од типот на Инсигнија/Мондео/Пасат итн.

Истиот муабет го кажував и јас кога купував половна кола и поминав се од Мазда 3, Фиат Браво, Ситроен Ц4, Рено Меган и на крај иако не беше воопшто во листата на коли кои доаѓаа во обзир ми се укажа прилика да пробам и Голф 6 и го добив скоро истиот впечаток како ти. Посебно приметна разлика имаше во рафинираноста на ентериерот и квалитетот на материјалите, изолацијата и сеопшто ми остави генерален впечаток како позрел продукт во однос на конкурентите. На форумот ме направија луд дека го фалам само зошто сум го купил но не се покајав ни секунда зошто не земав нешто друго.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #11 на: 22 Февруари 2017, 21:30:51 pm »
Многу добар избор, да беше октавија темава ќе имаше три пати повеќе постови до сега :D
Зини да ти кажу.

Отсутен Mikroos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 923
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #12 на: 22 Февруари 2017, 22:59:54 pm »
Na koj gumici tocno prskase so silikonski sprej? jas imam slicen problem na lezhechi policajci.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • GTI®
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #13 на: 22 Февруари 2017, 23:37:13 pm »
Одличен избор, ти фалат само едни команди на волан, другото си е таман. Јас би одбрал плус оем ксенон светла, односно, прво тоа би гледал да има :)

Како и да е да се изнауживаш во караванче. Кој еднаш возел караван, нема назад :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #14 на: 23 Февруари 2017, 08:11:03 am »
Првин благодарност на сите, да си купите тоа што ќе си посакате!  :)
Во Латвија живееш?
Да  :)
Многу добар избор, да беше октавија темава ќе имаше три пати повеќе постови до сега :D
:D
Кога идев по салони што јас лично приметив во директна споредба голф/октавија караван:
Нема изолација на хауба во октавијата дури и во највисоко ниво на опрема, се доплаќа ако сакаш. Во голфот си иде стандард
Пластиките кај рачната, кај што се ставаат тракатанци кафе итн. е многу покрута за разлика од голфот. Истото е и на долниот дел од вратите. Има разлика.
Материјалот кај багажникот во октавијата е различен од тој на голфот



Во подбагажниот простор кај што е резервното тркало во октавијата е лим, во голфот е покриено со материјал.

Не велам дека октавијата е лоша, напротив, ама има причина зошто е за некој процент поевтина од исто опремен голф.
Na koj gumici tocno prskase so silikonski sprej? jas imam slicen problem na lezhechi policajci.
На овие
Одличен избор, ти фалат само едни команди на волан, другото си е таман. Јас би одбрал плус оем ксенон светла, односно, прво тоа би гледал да има :)

Како и да е да се изнауживаш во караванче. Кој еднаш возел караван, нема назад :)
Не е само комканди да ми фалат  :) јас радо би адаптивен круз контрол, фронт асист, спортска суспензија, ерго комфорт седишта ама ем немаше на лагер ем цената иде нааааагло нагоре  :)