Автор Тема: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)  (Прочитано 6667 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3155
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« на: Февруари 16, 2017, 19:22:49 pm »
Епа момци, како што е редот, да го претставам новото возило во фамилијата...

Се работи за Citroen C4 Coupe, 1.4, со 65kw. Произведена и прв пат регистрирана во 2007ма. Купена е во Унгарија, увезена од физичко лице во Македонија во Октомври 2016та. Прва регистрација во Македонија е во Ноември 2016та.

Пред да ја купиме, детално ја проверивме. Беше проверено се што може да се провери. После се, се донесени следниве заклучоци:

-колата има поминато 145 000км и нешто ситно. за чудо реални. беше проверено од момците во АвтоНова и на оригинален тестер и дијагностика за Цитроен.
-беше дигната колата на дигалка. ништо не е скапано или кородирано. фала богу. потребна е интервенција на предница, на еден стабилизатор и спона.
-задната десна магленка не работеше. испадна дека е само сијаличка.
-свирката не работи. треба да се менува свирка.
-на десната врата имало површински оштетувања на бојата, за среќа се убаво средени.
-потребна е промена на дихтунг на глава. си тече масло.
-рачката за отварање на касетата внатре кај совозачот е извадена, или скршена. ќе треба најверојатно цела касета да се смени, или можеби само вратата од истата.
-даската на гепекот е излитена (оштетена), и врвчињата што се обесуваат на задната врата се искинати.

друго се е ОК.

Инаку колата генерално е солидно очувана. Убаво и тивко работи, добро се движи и нормално троши (потрошувачката е слична со таа на Астра-та)
Има солиден список на опременост:

-мануелен клима уред
-серво волан подесив по висина и длабина, кој е кожен
-електрика на прозори и ретровизори
-ABS
-АIRBAG ама не видов колку на број
-централна брава со далечинско
-висинско подесување на возачко седиште
-ладење во фиока
-некое кинеско радио со 6 звучници
-темпомат
-борд компјутер
-светла за магла
-челични бандажи, 16ки, со релативно нови и не многу возени гуми. 2 зимски Hankook, 2 летни Kleber.

и најверојатно уште некои работи и ситници кои не стигнав да ги видам и разгледам.

Еве неколку слики како за почеток:









Моментално колата е на сервис. Ќе се менува дихтунг на глава, па дур сме тука убаво фино чистење, гумици на вентили и уште некои ситници. Ќе се менува масло, филтер за масло, филтер за воздух, филтер за кабина и филтер за гориво. Промена на каиши. Нова свирка. Замена на потребни делови од подвозје. Проверка на дискови и плочки, свеќици и водна пумпа. Прво механички да се доведе у ред, па после и касетата и даската во внатрешноста.

Во меѓувреме го извадив кинеското радио од внатре, и го ставив LG-то што го имав на Matiz-от.

Од прилика, сега за сега, толку... Понатаму повеќе. :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 36707
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #1 на: Февруари 16, 2017, 19:27:29 pm »
Со здравје да се вози и долги и безгрижни километри да имаш ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3155
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #2 на: Февруари 16, 2017, 19:29:21 pm »
фала, фала. 99% од времето ќе ја вози сестра ми. па дај боже да се покаже добро. :D

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4061
  • хаУс мајстор
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #3 на: Февруари 16, 2017, 19:49:42 pm »
Буржoaзијa брејјј!!!
Мoрaв, кo прaв кoлегa ;)
Сo здрaвје дa си јa вoзите.
Пoтпис,дaтa,пијaм,вoдa.

Отсутен dame

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2629
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #4 на: Февруари 16, 2017, 20:28:24 pm »
So zdravje da se vozi

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3155
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #5 на: Февруари 16, 2017, 22:06:53 pm »
Фала, фала. :)

Отсутен MarceCvarce

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6789
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #6 на: Февруари 16, 2017, 22:33:11 pm »
Со здравје да си ја возиш, сега имаш 4 на број :)

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #7 на: Февруари 17, 2017, 01:06:59 am »
Со здравје да си ја возиш! :)

Отсутен zlatkoa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2907
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #8 на: Февруари 17, 2017, 08:57:10 am »
Честитки Казан. Да и се изнавозиш. Еднаш Цитроен, секогаш Цитроен.


Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #9 на: Февруари 17, 2017, 11:27:20 am »
Честитки "колега" уште еднаш и од мене, топ е зачувана вака по слики! :D

Кажи ми дали случајно имаш прашано или ти имаат кажано за дихтунгот на глава дали е стандард кај сите c4ки или конкретно се има десено само кај твојата за да си знам со време хаха ;D

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #10 на: Февруари 17, 2017, 11:30:50 am »
Ја товари а? Сепак увоз испадна на крај. Како и да е добра кола си земал многу долго да те служи и прави кејф.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3155
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #11 на: Февруари 17, 2017, 14:49:02 pm »
Фала момци. Фала на сите. Сите поубави аутца да си купите.

@stapmkd: уште пред да ја земам, кога се распрашував, ми спомнаа некои чести проблеми на колава. Еден од нив беше дихтунг на глава, втор беше сонда, (овие два моменти ми ги спомнаа за 1.4) трет беше одредени проблеми поврзани при работа на плин (ова и за 1.4 и за 1.6) и последен беше, потенцијални проблеми со бравите на вратите и гепекот... Кај мене испадна само дихтунгот. Така да, спреми си се за секој случај.   :)

@klen: сепак да. Беа сомнителни нели таблиците уште у старт. Па по број на шасија ја проверивме у Автонова, и видовме дека е купена во Унгарија, и видовме добар дел од сервисната историја. Се на се, добра зделка.  :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 19787
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #12 на: Февруари 17, 2017, 15:43:36 pm »
Море Казан, плац да не отвараш? :)

Со здравје да се вози :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен jarec1983

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #13 на: Февруари 17, 2017, 16:54:28 pm »
За свирката провери првин да не е отиден осигурач, па после барај нова свирка, имав слично искуство со Пежо 307 1.4 демек не равботи свирката, за накрај да излезе дека е осигурач за свирката

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3155
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 65kw (2007)
« Одговори #14 на: Февруари 17, 2017, 17:27:39 pm »
Море Казан, плац да не отвараш? :)

Со здравје да се вози :)
е*ати плацот со 4 коли... па саде опели и цитроени... :D

фала, имаш поубава, така да на друга страна арно да се враќа.

За свирката провери првин да не е отиден осигурач, па после барај нова свирка, имав слично искуство со Пежо 307 1.4 демек не равботи свирката, за накрај да излезе дека е осигурач за свирката
проверено е се што може да води до не-работење на свирка, се беше ок. остана уште самата свирка. :D тоа ќе е, нема бегање. :D