Автор Тема: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp  (Прочитано 6949 пати)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« на: 12 Февруари 2017, 01:24:06 am »
Да ви се пофалам со мојот прв автомобил. Во семејството прв автомобил ни беше Skoda 100/110 кој го возеше дедо ми од 1970, па се до доцните 80-ти кога почина. Од тогаш сме немале автомобил, се до пред 2 недели кога си ја купив Октавијата.

Произведена е 1999, регистрирана 2000, во 2012 увезена од Италија. Предходниот сопственик за овие 4 години ја има возено само 25к километри. На километражата покажува 149к, ама човекот ми кажа дека е враќана и дека реалната е накај 260к. Има централно со 2 далечински, електрика на сите 4 прозори (од кои 1 не работи) и неавтоматска клима (ама нема фреон во моментов). Бојата е малку избледена особено на хаубата, од стоење на невремиња низ годините, негаражирана. Стаклата и шофершајбните се сите со ист сериски број, ама успеав во првата недела да и направам зуцка на предната шофершајбна од камче.







Еве ја хаубата. Што викате, да ја фарбам црна или да и залепам некоја црна/карбон фолија?



Сефтосано со првата зуцка на шофершајбна:





Контролерот за ретровизорите ми го скршија на перење, стара пластика + ладно =



Контролерот за прозори не работи, па предходниот сопственик си направил бајпас за возачкиот прозор. Си нарачав нов контролер за прозори и контролер за ретровизори од Алекспрес за 500 денари вкупно.



Мислам дека ми е зезнат релејот за трепкачите. После подолго време трепкање, се смрзнуваат запалени и не трепкаат. Треба да го сменам ова изгледа, бидејќи е 2 во 1, релеј и дугме:



Капакот за наслонот за рака ми е скршен, ако има некој да продава или предлог од кај можам да најдам, супер, ако не - Алиекспрес:



Kонтролите за клима не ми светат, исто така тркалата се малку крути за вртење и не штракаат, најверојатно треба да ги исчистам, се надевам не е страшно. Дугмето за клима ми препорачаа да не го стискам, оти ќе се расипел компресорот на суво. А пак дугмето за блокирање на воздух од надвор воопшто не функционира :(



И за крај, да ги пофалам дечките од Dogsecurity што ми ја поправија свирката, десното стоп светло, централното заклучување и задниот лев прозор, а за задниот десен треба да си купам целосен механизам со мотор, па и тој да го средат. Клучеви си направив кај клучарот во Веро Центар, ги изрежа и кодираше профи за 20 минути и запалија од прва.

Знам дека не е нешто посебно машинава, ама имам работено чесно за неа и со голем ќејф си ја имам купено. За првпат во мои 31 година се чувстувам слободно, да одам кај сакам, во било кое време од денот. Денеска баш бевме во City Mall со девојчето и предложив да јадеме во Red Cafe во Аеродром. Ми се побуни дека е на другиот крај од градот, па ја потсетив дека сме со кола :D
« Последно менување: 12 Февруари 2017, 01:31:27 am Sephiroth »

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6864
  • хаУс мајстор
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #1 на: 12 Февруари 2017, 07:33:16 am »
Зуцкaтa гледaј дa јa средиш вo брзo време, бидејќи знaе дa се прoшири пa нaместo сo некoјa илјaдaркa дa пoминеш сегa, пoсле ќе требa дa земaш другa.
Хaубaтa би ти препoрaчaл дa си јa исфaрбaш вo бoјa нa кaрoсеријaтa (кaрбoни и црнa хaубa) не спoмнувaј нa фoрумoв :)
Акo веќе јa фaрбaш, среди гo и предниoт брaник, пo сликиве кaкo излупен ми делувa, нa гепекoт стaви си aмблемче, мислaм декa ќе нaјдеш вo Автo Лидер-Чaир.
Би ти препoрaчaл и хемискo дa и нaпрaвиш и дa јa испoлирaш (рaзлистaј пo фoрумoв, имa дoктoри зa тие рaбoти) ќе се зaљубиш уште тoлку вo кoлaтa.
Сo здрaвје дa си јa вoзиш.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1462
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #2 на: 12 Февруари 2017, 09:43:52 am »
Да ви се пофалам со мојот прв автомобил. Во семејството прв автомобил ни беше Skoda 100/110 кој го возеше дедо ми од 1970, па се до доцните 80-ти кога почина. Од тогаш сме немале автомобил, се до пред 2 недели кога си ја купив Октавијата.

Произведена е 1999, регистрирана 2000, во 2012 увезена од Италија. Предходниот сопственик за овие 4 години ја има возено само 25к километри. На километражата покажува 149к, ама човекот ми кажа дека е враќана и дека реалната е накај 260к. Има централно со 2 далечински, електрика на сите 4 прозори (од кои 1 не работи) и неавтоматска клима (ама нема фреон во моментов). Бојата е малку избледена особено на хаубата, од стоење на невремиња низ годините, негаражирана. Стаклата и шофершајбните се сите со ист сериски број, ама успеав во првата недела да и направам зуцка на предната шофершајбна од камче.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Еве ја хаубата. Што викате, да ја фарбам црна или да и залепам некоја црна/карбон фолија?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Сефтосано со првата зуцка на шофершајбна:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Контролерот за ретровизорите ми го скршија на перење, стара пластика + ладно =

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Контролерот за прозори не работи, па предходниот сопственик си направил бајпас за возачкиот прозор. Си нарачав нов контролер за прозори и контролер за ретровизори од Алекспрес за 500 денари вкупно.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Мислам дека ми е зезнат релејот за трепкачите. После подолго време трепкање, се смрзнуваат запалени и не трепкаат. Треба да го сменам ова изгледа, бидејќи е 2 во 1, релеј и дугме:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Капакот за наслонот за рака ми е скршен, ако има некој да продава или предлог од кај можам да најдам, супер, ако не - Алиекспрес:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Kонтролите за клима не ми светат, исто така тркалата се малку крути за вртење и не штракаат, најверојатно треба да ги исчистам, се надевам не е страшно. Дугмето за клима ми препорачаа да не го стискам, оти ќе се расипел компресорот на суво. А пак дугмето за блокирање на воздух од надвор воопшто не функционира :(

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

И за крај, да ги пофалам дечките од Dogsecurity што ми ја поправија свирката, десното стоп светло, централното заклучување и задниот лев прозор, а за задниот десен треба да си купам целосен механизам со мотор, па и тој да го средат. Клучеви си направив кај клучарот во Веро Центар, ги изрежа и кодираше профи за 20 минути и запалија од прва.

Знам дека не е нешто посебно машинава, ама имам работено чесно за неа и со голем ќејф си ја имам купено. За првпат во мои 31 година се чувстувам слободно, да одам кај сакам, во било кое време од денот. Денеска баш бевме во City Mall со девојчето и предложив да јадеме во Red Cafe во Аеродром. Ми се побуни дека е на другиот крај од градот, па ја потсетив дека сме со кола :D

Со здравје да си ја возиш и да си ја средиш по твој кеиф.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1308
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #3 на: 12 Февруари 2017, 10:29:19 am »
Со здравје да си ја возиш. Оваа на времето кога излезе и на мене и на татко ми ни беше сон.  :) :)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3963
  • MadaFunker
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #4 на: 12 Февруари 2017, 11:57:15 am »
Со здравје да си ја возиш.
Шофершајбната побарај на форумов имаше дечко што ги средува, глеај побрзо да не се рашири па да бараш шофершајбна.
Потпирачот побарај го по отпадиве би требало и од Пасат да пасува, од око ми гледаат исти.
На конторолите треба да им мениш сијалички, би требало на Youtube да имаш tutorial што како да напрајш. Ама би ти препорачал да си најдеш добар електричар да ти ги среди, таман ке ви и што е работата со дугмињата.
Хаубата ко што тие колата фарбај ја, остај карбони и фолии.

Уште еднаш со здравје да ја возиш и милионче да и свртиш :)
New blood of old school

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #5 на: 12 Февруари 2017, 12:06:36 pm »
Со здравје да си ја возиш!

На зуцката на стакло залепи салотејп да не се полни со прашина и како што ти кажаа носи ја на средување.

Хаубата најубаво би било да се исфарба и потоа да ја однесеш на полирање да се освежи.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #6 на: 17 Февруари 2017, 01:10:48 am »
Дечки, дали некој од вас имал искуство со Euroglass? Гледам имаат на лагер механизми за прозори, па да го направиме задниот десен прозор, и веќе кога е на сервис, да ја санираат зуцката на шофершајбната и да ми го сменат огледалото на левиот ретровизор. Ги бива луѓево?

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #7 на: 17 Февруари 2017, 01:53:03 am »
Со здравје да си ја возеш друже. Безгрижни километри! Кола се средува, секогаш нешто ке има, тоа е нормално. Битна е радоста и ќефот.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8782
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #8 на: 17 Февруари 2017, 07:11:11 am »
Браво, супер, да си ја возиш со здравје.

Како шо пиша некој кола се поправа ако затреба. Уживај :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9868
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #9 на: 17 Февруари 2017, 10:13:26 am »
So zdravje da si ja vozis :)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #10 на: 27 Февруари 2017, 19:01:09 pm »
Бев денеска до Dogsecurity за механизмот за прозорци, откако предходно набавив едно вакво:



Но, не било доволно само тоа да се замени, ми рекоа дека имало некојси модул за контрола на прозорците што изгледал како кутивче, со голем џек. Се јавив кај едни во Куманово што растураат Шкоди, дечкото ми бараше фотка за да види точно кој дел е. Арно ама никаде на нет неможам да најдам фотка од делот.

Помош?

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #11 на: 28 Февруари 2017, 22:54:15 pm »
Другар, провери ги овие 3-4 линкови, мислам дека за тоа станува збор. Има објаснување и слики.

Линк 1

Линк 2

Линк 3

Линк 4

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #12 на: 28 Февруари 2017, 23:22:22 pm »
Другар, провери ги овие 3-4 линкови, мислам дека за тоа станува збор. Има објаснување и слики.

Најверојатно на слика 1,2 и 4 е делот што ми треба. Фала многу.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13464
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #13 на: 01 Март 2017, 02:37:33 am »
Создравје да се вози другар. Средувај ја сеа.

За се што ти треба тука сме :)

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2938
Одг: Skoda Octavia Mk1 1.9TDI 110hp
« Одговори #14 на: 01 Март 2017, 19:41:38 pm »
Со здравје да си ја возиш!

Не е битно што машина е, битно е дека е твоја, ти си знаеш како си ја заработил и најважно е дека тебе ти значи.

Делови се наоѓаат како што пиша релативно лесно, тоа е гоооолем плус, ќе си ја средиш со тек на време, и во тоа има ќејф.