Автор Тема: Чуден звук (како шмелцување или крцкање од струја) на инструмент таблата.  (Прочитано 1944 пати)

Отсутен maurelie

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Здраво момци и девојки,

Мој прв пост овде и се надевам е на правилното место.

Вака сега, имам проблем кога се пали моторот на колата се појавува чуден звук (во наслов) и трае негде околу 4-5 секунди. За тоа време стрелките на обртометарот, километражникот, гориво и масло стојат во место, наместо одма при палењето на моторот да се активираат, тие малку се тресат горе доле, па после 4-5 секунди се активираат и се си е нормално, го нема веќе тој звук.

Инаку заборавив да напоменам, се работи за Ford Fusion 2006.

Незнам дали е до акумулатор (слаб), дали е до електриката на колата (осигурачи итн).

Се надевам  дека некој ке препознае што е проблемот, дали е сериозна работа или пак некоја ситница.

Поздрав и благодарам.

Отсутен Mihail

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 188
Кај мене на VW Поло стрелките така играа на слаб акомулатор, откако се смени немаше веке такво нешто.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
веројатно акумулатор... би рекол 90% сигурен сум... оставам 10% шанса да е компјутер сјебан нешто...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • GTI®
Ксенони дане си ставал ?

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Можеби на шалт таблата-инсталацијата нема добра маса (-). Пробај со додатна маса на шасија.

Отсутен maurelie

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Дечки се извинувам за толку долго што требаше да одговорам. Сепак било до истрошеноста на акумулаторот.

Го пишувам ова во случај некои други ако имаат сличен проблем, барем да се знае одговорот.

Поздрав