Автор Тема: Мислења/совети/помош за нова кола  (Прочитано 16428 пати)

Отсутен astrophel83

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #30 на: 25 Јули 2016, 13:56:34 pm »
Заборавивме да ја споменеме и Мазда 3/6 (зависи колку простор ти треба) иако овие се нешто поскапи. За жал, Хонда веќе го напушти Акордот ... незнам за Цитроен Ц5 или Пежо 508 ..

Мислам дека маздите се троа посолени, барем 6-ката. Треба да видам за 3-ката.
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Ама не е важно што знаеш, туку кого знаеш!

Отсутен astrophel83

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #31 на: 25 Јули 2016, 13:58:49 pm »
Точно, Андроид Ауто или Apple CarPlay се убава работа.


Навистина се убава работа, ама може ќе треба и телефонот да го сменам. Гледам, не поддржува секој телефон MirrorLink/SmartLink.
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Ама не е важно што знаеш, туку кого знаеш!

Отсутен astrophel83

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #32 на: 25 Јули 2016, 14:01:38 pm »
Eden izbor za tie pari - SUPERB vo sina boja!

Жена ми ќе се буни за бојата :) Ама за колата знам дека нема ништо против.
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Ама не е важно што знаеш, туку кого знаеш!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #33 на: 25 Јули 2016, 14:01:56 pm »
Да хидрактив суспензијата прави огромна разлика во комфорот. Не сум возел инсигниата, но и никогаш не ме привлекувала, купе линијата ја прави неприфатливо мала позади во однос на класата што и припаѓа. Во што е толку посебна во однос на пасат и Мондео како главни ривали?
Се надевам дека новата ќе биде во стил на сегашната астра со предни светла од монза концептот
Послаба е и од Мондео, и од Пасат но цената сега и е многу ниска и затоа е во листата.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #34 на: 25 Јули 2016, 14:14:56 pm »
Овој фокус има сериозни компромиси во поглед на архитектурата и распоредот на просторот во колата. Иако е навистина добро возило нема доволно голем багажник ниту пак место на задната клупа.

За споредба Фокус седан е со 420 литри багажен простор, додека Октавијата има 590 литри.

Заради оваа неосмисленост неможам да речам дека сакам Фокус да земам, ниту да ти препорачам.

Focus:
Pros:
-Удобна суспензија.
-управлив.
-1.0 тегне солидно

Cons:
-грд
-1.0 моторчето звучи како тико, ич не одговара на големината на колата.


Octavia
Pros:
- убава.
- голем багажник во хеч изведба.

Cons:
-Претходната генерација беше неудобна, веројатно и оваа не е нешто посебно добра. Не ми е пробана.
-Моторот веројатно звучи очајно како во Фокус. Не ми е пробан.


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 160
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #35 на: 25 Јули 2016, 15:29:27 pm »
Новиот талисман ќе пристигне во Македонија или ќе не прескокнат?
Дечко ти што ќе ја купуваш колата размисли и за тоа кога ќе дојде да ја препродаваш колата. Во тој поглед супербот и Пасатот ќе ја држат подобро цената одколку мондеото, инсигниата а француските се уште полоши

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6947
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #36 на: 25 Јули 2016, 15:29:41 pm »
За човек што го мрази VW малку повеќе контрадикторно е да му се допаѓа Октавија, наспроти Фокус.

Losi Patista, јел си то ти, брате ?!?

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #37 на: 25 Јули 2016, 17:18:29 pm »
Само сум реален. Ретко форд да е убав и квалитетен истовремено.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13466
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #38 на: 25 Јули 2016, 18:12:52 pm »
Пред две недели еден другар купи Focus Sedan 1.5 дизел.

Се двоумееше меѓу Toyota Corolla дизел и Renault Captur дизел.

Претходно имаше Фиеста па некако посигурна му беше таа варијанта. Ете си го сака брендот.

Мене другиве две ми се поубави ама не дека Фокусот е лош. Далеку од лош барем од она што имав прилика да видам.

Збораме за буџет од 15К

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг:
« Одговори #39 на: 25 Јули 2016, 19:01:28 pm »
Џам избор. Поготово со тој мотор со голема последна брзина на менувачот.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 160
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #40 на: 25 Јули 2016, 22:00:38 pm »
Фокусот седан е фејслифтираниот модел? При купувањето на кола големо влијание има лојалноста кон одреден бренд. Октавијата е покомплетен модел од королата која има 90 кс, ептен е грда и не нуди никаква управливост. Фокусот е доста управливост ама интериерот е катастрофа


Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2610
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #42 на: 25 Јули 2016, 23:25:05 pm »
Како си успеал да најдеш слики баш од најлош агол сликано. :D
Иначе хеч е поскладно на изглед од седан... Абе сега првата генерација фокус беше најубав. Ама ете го упропастија. Кој му се допаѓа, изволте.
Октавијата си е најубава.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 160
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #43 на: 26 Јули 2016, 07:33:27 am »
Седан фејслифтираниот немав видено до сега катастрофа бил, хечот е поубав. И октавијата не е кој знае што ама за овие две е лепотица

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #44 на: 26 Јули 2016, 10:35:12 am »
Фокусот седан е фејслифтираниот модел? При купувањето на кола големо влијание има лојалноста кон одреден бренд. Октавијата е покомплетен модел од королата која има 90 кс, ептен е грда и не нуди никаква управливост. Фокусот е доста управливост ама интериерот е катастрофа
Си ја возел Королата нова за да утврдиш дека е неуправлива?Си ги возел другиве за да споредиш?