Автор Тема: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk  (Прочитано 702778 пати)

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2550 на: 30 Јуни 2016, 15:10:37 pm »
Вака како што си тргнал банот не ти бега. ПоздраФ
Нема бан за деко4евер, сите чекаме нов трол од него.
Позз

Отсутен astrophel83

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2551 на: 20 Јули 2016, 09:54:55 am »
Добро ве најдов!

Кола немам да претставам, ама главната причина поради која се зачленив во форумов е наскоро да имам. (Ова може изгледа малку двосмислено; да се разбереме, не мислам дека со самото зачленување ќе дојдам до кола :) )

Инаку, веќе некое време сум редовен читател на страницата (www.carclub.mk), а деновиве планирам сето време да го посветам на читање теми и мислења на форумов. Кога ќе завршам со тоа, планирам да побарам совет од поискусните членови, а секоја помош ќе ми биде добредојдена и многу ценета.

Најздрав, па се читаме!
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Ама не е важно што знаеш, туку кого знаеш!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2552 на: 20 Јули 2016, 10:20:07 am »
Здраво,

Да ги скратиме муабетите:

Кола на старо: голф 4 тди.
Нова: октавиа тди.
Нова голема: суперб тди.

Поздрав и добар помин на форумот,
претставија ја колата ко ќе ја купиш.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг:
« Одговори #2553 на: 20 Јули 2016, 10:20:55 am »
Лошко бе! :)

Астри, добредојде! :)

Отсутен astrophel83

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2554 на: 22 Јули 2016, 10:47:40 am »
Здраво,

Да ги скратиме муабетите:

Кола на старо: голф 4 тди.
Нова: октавиа тди.
Нова голема: суперб тди.

Поздрав и добар помин на форумот,
претставија ја колата ко ќе ја купиш.

Најпрво, фала ви и на двајцата за добредојдето. Не знам дали да пишам тука или на некоја друга тема, ама ќе гледам да напишам што повеќе во еден одговор за да не ја полнам темава. Ако треба, ќе се префрлам на друга тема или ќе отворам нова (иако мислам дека не треба; исчитав многу теми и написи и секој може да најде сè што го интересира на форумов и страницата).

Голфот и сите хечбеци (хечбекови?), за жал, отпаѓаат. Ми треба поголемо возило. Седан. Не би играл на караван. Караваните не ми се по вкус. Плус, прво би го разгледал пазарот на нови возила, па потоа би размислувал за кола на старо.

По сè што прочитав на форумов и од рецензиите, ми се зацврсти мислењето за октавијата и супербот. Лани се погоди да одам во Женева непосредно по саемот и слушнав доста позитивни впечатоци за новиот суперб - кои само се надоврзаа за веќе доброто мислење што владееше за октавијата. Искрено, дотогаш и јас бев од тие што немаа којзнае какво мислење за шкода и бев доста скептичен, но очигледно е играч со најголем напредок во очите на јавноста.

Мене погледот ми го вртеа мондеото, инсигнијата, астрата седан и пасатот (постариот модел со кружни задни светла повеќе ми се допаѓа, ама и новиов не е лош), ама мислам дека се премислувам - особено по олку категоричен одговор. Само, изгледа има некоја тенденција на поскапување на шкодите. Разликата во цените меѓу таа што ја пишува на http://www.carclub.mk/2015/10/29/test-skoda-superb-2-0-tdi-ambition-koga-imeto-sovrseno-odgovara/ и на ценовникот што го симнав од официјалната страница на шкода е илјада и кусур евра за помалку од една година. Не знам како е за другите модели, ама не верувам дека поскапеле само еден. И за октавијата не знам како е. Не го најдов тестираниот модел во ценовникот, ама и за неа би го претпоставил истото. Јасно ми е дека добија награда за супербот и гледам дека практично сите зборуваат за него и октавијата, ама сепак моделот не се подмладува.

Изгледа и дополнителната опрема ја поскапеле зашто во написот пишува дека заден бришач е 75 евра, а во ценовников е 90 евра. А некоја дополнителна опрема, просто, не ми се верува дека не е стандардна денешно време, како аларм и боја по избор или заден бришач кај кола со ваков агол на заден ветробран.

На една тема прочитав дека пасатот се продава за помалку, а сега гледам и дека има некоја акција за инсигнијата со доста збогатена опрема. Плус, инсигнијата ја даваат со 18-инчни тркала, што мислам дека повеќе одговараат за толкави коли отколку 16-инчните кај пасатот и октавијата и 17-инчните кај супербот, кај кој треба да се доплатат 300+ евра за 18-ки. Додуша, не знам колку многу би се подобрил изгледот од 17 до 18, треба да видам во живо ако има примероци во салонот, ама 16 никако не ми одговара.

Е, сега, од мислењата заклучив и дека има простор за ценкање, ама со зголемувањето на цените во официјалниот ценовник тој простор се стеснува. Освен тоа, ова укажува и дека не им се продаваат коливе за којзнае колку пониски цени. Знам и дека сите викаат дека е најдобро да се оди на лице место отколку да се гледа по интернет, ама може треба да го почекам следниот ценовник - иако тешко дека би излегол во скоро време (овој е од 4 јули 2016). Може ќе почекам да поминат одморите. Може одморени ќе бидат порасположени за преговарање.

Друга работа е и тоа што една пријателка која скоро купи голф имала негативно искуство со „Порше Македонија“, па гледала по другите партнери и на крај ја купила од салон во друг град. Само, не сум сигурен колку ми се шета по другите градови. На една тема видов дека еден член релативно неодамна купил октавија, па може ќе му пишам ПП да го прашам како поминал. Белки ќе е расположен да сподели искуство. Во меѓувреме, ќе се распрашам да видам дали ќе фатам некоја врска во салонот оти гледам дека и тоа игра важна улога.

Мислам дека напишав сè што имав да кажам. Ако ми текне уште нешто, ќе го напишам, ама белки нема да ја тупам многу.
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Ама не е важно што знаеш, туку кого знаеш!

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2555 на: 22 Јули 2016, 10:49:14 am »
Отвори си нова тема и објасни се што треба во неа.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7290
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2556 на: 22 Јули 2016, 11:05:33 am »
Добредојде. Купи си Окравиа РС, и чекам кругче. ;D :D

Отсутен vw6tsi122

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2557 на: 05 Август 2016, 11:30:23 am »
Здраво на сите.
Нов сум на форумов, пошто сега брзо купив Голф 6 1.4 TSI 122 коња 2009г., па решив да се придружам на љубителите на голф.

За себе лично да кажам, volkswagen  никогаш не сум преферирал, пред се никогаш не ми биле нешто симпатични на изглед а и половните возлила секогаш биле поскапи од другите (преценети), а од друга старана како нај барано возило мислам дека и највеќе манипулации се парават при продажба на половни возила.

Како и да е, случајно станав и ја сопственик голф.

Прв впечаток доста позитивен. Малку ме плаши што слушам и читам дека може да имаат проблеми при ладно палење како повисоки обртаи и нерамномерна работа на моторот неколку минути додека се смири, потоа за ланцето, турбината али како и да е ваљда се зависи и како ќе ти се погоди и како ќе ја одржаваш понатака.

Се надевам дека добар избор сум направил за 8.000е, и дека ќе ме служи долго.

Поздрав до сите.

Отсутен goce_l

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2558 на: 22 Август 2016, 12:25:38 pm »
Епа ај едно живо здраво од Кочани.


Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2559 на: 22 Август 2016, 19:09:58 pm »
Здраво сограганину :) позз од Оризари :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2102
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2560 на: 23 Август 2016, 16:30:20 pm »
Прво да Ве поздравам сите а воедно и да се претставам, нов сум на форумот, веќе 5 години возам Голф 5 1,6 спортлине, бензинец 2005 произв., (од пред 2 години на плин), имаше 70 000 км кога ја купив, сега на сатот стојат 132000, редовно ја сервисирам во овластен сервис во Куманово (продолжив како претходниот сопственик), сега за сега сум задоволен како ме служи, се надевам дека тука на форумот ќе размениме мислења, совети, по некој коментар, шега....не успеав уште да видам дали другите се претставуваат со слики од својот автомобил, јас би поставил понекоја во првата прилика....
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен mendieta1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 183
  • BMW E30 316; BMW Е36 318 tds; BMW E46 330 Ci
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2561 на: 12 Септември 2016, 00:57:50 am »
Поздрав до сите членови, уште пред половина година пробував да се активирам на форумов ама нешто ме зезаше активацискиот е маил, па еве пред 10 тина дена конечно успеав да се логирам. Ги разгледав темиве ,форумот е одличен и може доста работи да се научат , па макар и за оние кои мислат дека знаат доста за автомобиливе
SAVE WATER! SHOWER WITH YOUR GIRLFRIEND

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2562 на: 12 Септември 2016, 08:59:12 am »
Ајде свежо мевце за мезење ;D

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен saserossonero

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2563 на: 15 Септември 2016, 11:06:13 am »
Здраво на сите...Поздрав од Штип... Нов шофер сум и сега сакам да се подновам со едно количе. Пошто не се разбирам многу може било кој да ми помогне околу изборот. Вака од око ми се свиѓа Фиат Пунто... Сакам нешто до кај 2200 евра да ме фати со сите трошоци.... Мала потрошувачка да има и тоа е тоа... Поздраааав :D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Добредојдовте на форумот на CARclub.mk
« Одговори #2564 на: 15 Септември 2016, 11:07:55 am »
Добредојде :)

Прочепкај по форумот, има многу теми каде што се дискутирани овие работи, или отвори си нова.

Пријатен престој на Карклуб!