Автор Тема: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda  (Прочитано 25310 пати)

Отсутен Andrej93

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #240 на: Декември 16, 2019, 10:15:55 am »
Здраво дечки, барам совет/одговор за ситуација што ми се случи вчера.

Предизвикав сообраќајна несреќа со мала штета на друго возило кое е оштетено вртејќи полукружно на булевар "Трета македонска бригада". Возилото од спротив со цел да не ме удри директно се поткачи на тротоар скина предна десна гума и има оштетување на десната страна (крило, врата). Не викнавме полиција бидејќи вината е целосно моја и се договоривме во понеделник да направиме европски записник.
Денеска се распрашав во мојата осигурителна компанија и ми рекоа дека бидејќи моето возило не е воопшто оштетено, нема да може да се направи европски записник иако јас сум причинителот, но ова го нема никаде написмено дека мора и двете возила да имат матријална штета за да се пополни европски записник.

Прашањето ми е дали постои некој член што го потврдува ова дека двете возила мора да бидат оштетени или е само да ме одвратат од идејата за потполнување на европски записник?

Во врска со исходот од моето искуство, дека доколку нема директен контакт помеѓу возилата, осигурителните компании не го признаваат извештајот без записник од полиција, кој може првично и нема да биде прифатен и ќе мора да се оди преку суд за наплата. Инаку, штетата во целост му беше исплатена на човекот од моја страна.

Фала ви за одговорите и советите, може некој друг ќе му биде полезна оваа информација од "прва рака".