Автор Тема: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012  (Прочитано 39625 пати)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9208
  • Аstra la vista baby !
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #60 на: 03 Декември 2016, 00:53:03 am »
Ацетон ке заврши работа.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8782
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #61 на: 04 Декември 2016, 14:19:10 pm »
Баш убаво легнале новите тркала. Сеа само турбо фали :)

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #62 на: 04 Декември 2016, 16:44:07 pm »
Баш убаво легнале новите тркала. Сеа само турбо фали :)
Ех да беше турбо, вака изигравам џентлмен во сообраќај ... ;D

И една мала шминка за ентериерот падна денес.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3603
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #63 на: 04 Декември 2016, 18:49:09 pm »
Wd40

Sent from my iPhone using Tapatalk

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #64 на: 12 Декември 2016, 17:33:00 pm »
Денес се позамарав со некои гребнатини што ми одеа на живци а никако не се вадеа, па еве како испаднаа.

пред

потоа

Користев препарати на Turtle Wax.

Излезе и флеката од предниот браник од претходниост пост, по се мислам дека е флека од катран од автопатот.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #65 на: 12 Декември 2016, 19:16:47 pm »
Уште една ситница набавена, му била симпатична на некој со долги прсти  >:(

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #66 на: 25 Декември 2016, 23:52:16 pm »
Сменети педалите на колата денес, лесна модификација за да се заврши по дома малку повеќе работа има за панелата за одмарање на ногата, тука мора да се демонтира рачката за отварање хауба, украсниот панел заедно со панелот на долниот раб на вратата за да се пристапи. (сликите се од интернет, студено беше за фоткање  ;D)

А еве една како стојат новите педали .

Набавен е и заден дифузор под браник со отвор за издув ама сеуште незнам како да го изведам издувот дали да баратам по мајстори да го изведат постоечкиот или да земам цел заден лонец со прав издув што некако ми тешко да најдам. Веќе бев до "АС СТИЛ" за нив не е проблем да го адаптираат постоечкиот лонец во прав издув, но истиот е премногу назад поставен па топот ќе излегува премногу наназад што за мене не изгледа асално. ???
« Последно менување: 26 Декември 2016, 00:01:38 am AND_031 »

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #67 на: 26 Декември 2016, 15:26:37 pm »
И ја сакам вакви педали.  ::)
Одлична модификација која драстично го подобрува изгледот на ентериерот.

Од каде ги набави и која цена се движат? Дали има и за други vw вакви?  :D

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #68 на: 27 Декември 2016, 00:04:32 am »
И ја сакам вакви педали.  ::)
Одлична модификација која драстично го подобрува изгледот на ентериерот.

Од каде ги набави и која цена се движат? Дали има и за други vw вакви?  :D

Ми ги препорача мој пријател од интернет да ги порачам, зависи од каде ќе ги нарачаш одат од 800ден нагоре, секако афтермаркет ама пасуваат одлично. Оргиналните од VW одат околу 200е со тоа што педалата за гас ја добиваш цела а вака само украсниот алуминиум со гума. Инаку има и за други модели  овие пасуваат за Golf 5/6, Passat B6 B7 CC, Еos, Jеtа, Scirocco, Touran, Tiguan, Skoda Octavia, Yeti  и тн. фамозното менување исти компоненти на милион модели кај VW :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #69 на: 27 Декември 2016, 07:37:32 am »
Јас нарачав вакви педали од АлиЕкспрес и не беа баш идеални. Педалите за кочница и куплунг беа океј, и гумата на педалите actually беше гума. Арно ама, на footrest-от гумата беше многу крута, скоро пластична. Педалата за гас беше таква украсна со „гума“ што исто така беше пластична наместо гумена, па се лизгаше. Плус, дополнителен проблем е што тој украсниот алуминиум за педалата за гас никогаш не остана убаво фиксен, пошто е наменет за кинески педали што ја немаат гумената „пета“ доле.

Има подобри и поквалитетни комплети во АутоЛукс, не сум сигурен колку точно коштаа. Мислам околу 2000 денари, ама има многу работа пошто треба комплет да се демонтира педалата за гас, да се расклопи и да се замени педалата сосе носачот (не е цела како оргиналот, туку само еден дел се менува).

На крај ми пукна филм, си ги купив оргинални во Порше и педалите и footrest-от. Не сум сигурен колку ги платив, ама сигурно не беа 200 евра.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #70 на: 01 Јануари 2017, 23:29:04 pm »

Те сфаќам што сакаш да кажеш со педалата за гас има малку зафрканции да се фиксира ама кај мене добро легна, ќе видиме како ќе се покажат со тек на време сега за сега е се во ред.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #71 на: 01 Јануари 2017, 23:36:15 pm »
За Нова Година го повозевме Голфот со друштво до Охрид. Релацијата беше Куманово-Скопје-Велес-Росоман-Прилеп-Битола-Ресен-Охрид или се на се 580км во двата правци. Со летните Сава гуми немав никаков проблем па да интевенираше ЕСП-то можеби и малку подебелите гуми од стандард си го прават своето иако беше -8C и лапавица на Плетвар и околината. Патот е издржлив освен дел од него на враќање веднаш после Ресен накај Битола каде регионалниот пат се реновира па се преусмерува накај НП Пелистер по еден руиниран пат од коцка во должина од едно 7-8км. Потрошувачката исто излезе подобро од планирано посебно зошто бевме 5мина во кола со полн гепек.

Во главно да дадам и некој фидбек за 16ките фелни и Sava Intensa HP 205/55 со кои веќе минав околу 1500км. Голфот е за нијанса постабилен и подиректен се осеќа на волан. Единствена негативна страна што ја забележав е што е минимално побучен на големи брзини со овој сет. Во однос на потрошувачката и удобиноста нема никакви промени така да се на се, јас задоволен.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #72 на: 06 Јануари 2017, 19:58:46 pm »
Ми треба помош околу десниот трепкач сместен во ретровизорот. Уште кога ја земав колата истиот не работеше по што го однесов во официјален сервис на VW каде ми рекоа дека е едноставно изгорен и треба да се смени.Таму ми бараа скоро 50 евра па решив да побарам половен. Откако најдов и го монтирав сам, истиот работеше 2 дена после и овој прекина по еден дожд. Набрзо тргнав на одмор па колата се печеше на сонце таму и овој пак проработе неколку дена до следниот дожд кога пак прекина и од тогаш до сега не работи. Е сега има ли начин да испитам дали има изгорено или едноставно прави некој спој од влага? Може и целосно да има изгорено овој пат зошто е ЛЕД а тие се поосетливи на варијации на напон?

За овој трепкач зборувам

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
Одг: Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #73 на: 06 Јануари 2017, 22:33:40 pm »
Ми треба помош околу десниот трепкач сместен во ретровизорот. Уште кога ја земав колата истиот не работеше по што го однесов во официјален сервис на VW каде ми рекоа дека е едноставно изгорен и треба да се смени.Таму ми бараа скоро 50 евра па решив да побарам половен. Откако најдов и го монтирав сам, истиот работеше 2 дена после и овој прекина по еден дожд. Набрзо тргнав на одмор па колата се печеше на сонце таму и овој пак проработе неколку дена до следниот дожд кога пак прекина и од тогаш до сега не работи. Е сега има ли начин да испитам дали има изгорено или едноставно прави некој спој од влага? Може и целосно да има изгорено овој пат зошто е ЛЕД а тие се поосетливи на варијации на напон?

За овој трепкач зборувам
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Најверојатно проблемот е во самата плочка која се наоѓа во жмигавецот.  Не знам дали си нарачал нов или половен?
Чим на дожд или многу топло работи значи има проблем во контактот кој се наоѓа внатре под проѕирната пластика. Не се цркнати лед диодите.
Истиот проблем е и кај мене на двата жмигавци.
Се мислам дали нови од Али да нарачам или да го отварам/одлепувам стариве и да се обидам да ги средам.  Го отворив ретровизорот,  мерев напот и ок е конекторот,  проблемот е внатре до плочката. Го прскав внатре (низ конекторот) со сув контакт спреј,  работи 3дена и после пак исто.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: VW Golf Mk6 1.4 16v-2012
« Одговори #74 на: 06 Јануари 2017, 23:25:25 pm »

Најверојатно проблемот е во самата плочка која се наоѓа во жмигавецот.  Не знам дали си нарачал нов или половен?
Чим на дожд или многу топло работи значи има проблем во контактот кој се наоѓа внатре под проѕирната пластика. Не се цркнати лед диодите.
Истиот проблем е и кај мене на двата жмигавци.
Се мислам дали нови од Али да нарачам или да го отварам/одлепувам стариве и да се обидам да ги средам.  Го отворив ретровизорот,  мерев напот и ок е конекторот,  проблемот е внатре до плочката. Го прскав внатре (низ конекторот) со сув контакт спреј,  работи 3дена и после пак исто.
Нов ставив само не беше оригинален. Има чаре да го извадам, добро исушам па некако да го заштитам да не прима влага внатре или некоја друга идеја?