Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 823490 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2415 на: 16 Октомври 2017, 20:47:05 pm »
Здраво Плимонт, денес таткоми купил мембрани за расплињачата од кај вас, но ме интересира за тој плавиот електричен вентил што стои пред расплињачата, дали тоа е само вентил за да го пропушти плинот што доаѓа од боцата или во него има и филтерче ?

За овој вентил ве прашувам:

И ако има филтер, колку чини ? Дали се менува лесно тој филтер или пак иде целосно сосе куќиштето на електро вентилов ?
« Последно менување: 16 Октомври 2017, 21:27:19 pm FiLo »

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
  • хаУс мајстор
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2416 на: 18 Октомври 2017, 10:53:36 am »
@plimont ако може предлог за плински уред и цена за Mercedes Е430 279hp V8 2000та година?

За колку ти го дава ? ;D

3500 онака по телефон ама не отидов да го видам и пробам зошто знам дека нема да останам на тоа, само со вградување на плин ќе искочи ѓаол ипол. Така да здравје понатака, горе-доле за истите пари W211 е270 cdi од горе.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2417 на: 24 Октомври 2017, 09:22:54 am »
Здраво Плимонт, денес таткоми купил мембрани за расплињачата од кај вас, но ме интересира за тој плавиот електричен вентил што стои пред расплињачата, дали тоа е само вентил за да го пропушти плинот што доаѓа од боцата или во него има и филтерче ?

За овој вентил ве прашувам:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

И ако има филтер, колку чини ? Дали се менува лесно тој филтер или пак иде целосно сосе куќиштето на електро вентилов ?

Здраво

Тоа е вентилот за плин, на кој е поставен и филтерот за течна фаза. За да се замени филтерот треба да се сопре плинот на резервоарот и да се демонтира вентилот. Цената за замена на филтерот е 500 денари.

Отсутен passanger

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 433
  • [O__o]===[][]===[o__O]
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2418 на: 01 Ноември 2017, 08:36:49 am »
здраво плимонт. имам проблем со работа на плин на ладно. системот е Lovato easy fast . Проблемот е следен: на ладно кога ќе исполни услови за работа на плин префрла на плин меѓутоа колата не влече и ако пуштам гас гаси, а ако дадам појако гас колата се тресе како да има нешто запушено . Значи вака прави се додека моторот убаво не загрее после работи убаво.  Проверено од моја страна е дали се топли цревата на првото префрлање на плин односно дали има проблем со мрзнење на расплињачата . Двете црева што одат од и до расплињача се топли -значи водата циркулира низ неа. Во што би можело да биде проблемот. Напомена пред 500 км сменети се двата филтри за да би ги исклучиле од проблемот.
Сите шмркаат , никој не е настинат ?!

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2419 на: 01 Ноември 2017, 09:59:39 am »
здраво плимонт. имам проблем со работа на плин на ладно. системот е Lovato easy fast . Проблемот е следен: на ладно кога ќе исполни услови за работа на плин префрла на плин меѓутоа колата не влече и ако пуштам гас гаси, а ако дадам појако гас колата се тресе како да има нешто запушено . Значи вака прави се додека моторот убаво не загрее после работи убаво.  Проверено од моја страна е дали се топли цревата на првото префрлање на плин односно дали има проблем со мрзнење на расплињачата . Двете црева што одат од и до расплињача се топли -значи водата циркулира низ неа. Во што би можело да биде проблемот. Напомена пред 500 км сменети се двата филтри за да би ги исклучиле од проблемот.

Мене слично вака ми правеше, кога ќе загрее нема проблем. Излезе запушени дизни од "квалитетно" гориво. Исто ми се случи некое време после промена на филтер.

Оди до плимонт, брзо ќе го средат

Отсутен passanger

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 433
  • [O__o]===[][]===[o__O]
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2420 на: 01 Ноември 2017, 12:38:33 pm »

при промена на филтрите и дизните беа прочистени барем така ми беше кажано во сервисот кај што беше колата
Сите шмркаат , никој не е настинат ?!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13472
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2421 на: 01 Ноември 2017, 12:43:31 pm »
здраво плимонт. имам проблем со работа на плин на ладно. системот е Lovato easy fast . Проблемот е следен: на ладно кога ќе исполни услови за работа на плин префрла на плин меѓутоа колата не влече и ако пуштам гас гаси, а ако дадам појако гас колата се тресе како да има нешто запушено . Значи вака прави се додека моторот убаво не загрее после работи убаво.  Проверено од моја страна е дали се топли цревата на првото префрлање на плин односно дали има проблем со мрзнење на расплињачата . Двете црева што одат од и до расплињача се топли -значи водата циркулира низ неа. Во што би можело да биде проблемот. Напомена пред 500 км сменети се двата филтри за да би ги исклучиле од проблемот.

Јас на Нубирата кога е поладно рачно си ја префрлам на плин. Возам на бензин 2-3 минути минимум и после притискам за на плин и уште 2-3 минути вози на бензин па после префрла на плин и колата не ми трокира.

Иначе треба на кумплунг да ја возам да не ми сецка.

И кога беше скрос нов системот тоа го правеше, едноставно ја научив како треба и со повеќе совети од повеќе луѓе сфатив дека е најубаво е така.

Ете 5 години си ја возам така и немам проблеми.

Отсутен passanger

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 433
  • [O__o]===[][]===[o__O]
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2422 на: 01 Ноември 2017, 13:17:55 pm »
не е до учење и правење на  финти  . Еве лани и во најладниот период кога имаше -20 си менуваше без проблем . минута две во место тргнувам стрелката за температура на излегување од плаво и неосетно си мења на плин и нема никаков проблем. Сега на 0 степени, почнува да работи како што треба дури кога ќе отиде температурата на средина.   За менување од бензин на плин сеуште си менува на таа температура односно кога ке излезе од плавото меѓутоа ти стискаш гас а тоа те кочи како кога возиш на пример 60 -70 стај у втора моторно кочење. Ако стиснам кумплунг гаси. Ако стиснам повеќе на педала на гас цела кола тресе . Филтри сменети , ``дизни чистени`` , цревата до и од расплињача топли . што друго може да е
Сите шмркаат , никој не е настинат ?!

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2423 на: 06 Ноември 2017, 08:41:27 am »
не е до учење и правење на  финти  . Еве лани и во најладниот период кога имаше -20 си менуваше без проблем . минута две во место тргнувам стрелката за температура на излегување од плаво и неосетно си мења на плин и нема никаков проблем. Сега на 0 степени, почнува да работи како што треба дури кога ќе отиде температурата на средина.   За менување од бензин на плин сеуште си менува на таа температура односно кога ке излезе од плавото меѓутоа ти стискаш гас а тоа те кочи како кога возиш на пример 60 -70 стај у втора моторно кочење. Ако стиснам кумплунг гаси. Ако стиснам повеќе на педала на гас цела кола тресе . Филтри сменети , ``дизни чистени`` , цревата до и од расплињача топли . што друго може да е

Тоа што во прв момент би препорачале во ваква ситуација е прочистување на плински инјектори, но тоа кај Вашето возило веќе е правено. Во секој случај можете да посетите еден од нашите сервиси, ќе се провери детално системот и ќе се пронајде проблемот. За решавање на проблеми од овој тип возилото би го задржале два дена, за наредното утро на сосем ладен мотор да се утврди дали извршената интервенција е успешна.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8056
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2424 на: 14 Ноември 2017, 14:51:06 pm »
Здраво Плимонт.

Lancia Delta 1.8 Di Turbo-Jet.
Engine code: 939 B 1000 / 147 Kw (200 Hp) - Се конвертира ли на плин и на кој уред по која цена?

Lancia Delta 1.4 t-jet 110 kW (150 hp) - Се конвертира ли на плин и на кој уред по која цена?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2425 на: 14 Ноември 2017, 14:52:51 pm »
Првата тешко, втората да

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2426 на: 15 Ноември 2017, 07:06:32 am »
A овој дали се конвертира, за пријател прашувам:

Volvo XC90 T6 2005 200kW
Код на мотор: B6294T

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2427 на: 17 Ноември 2017, 15:11:14 pm »
Здраво Плимонт.

Lancia Delta 1.8 Di Turbo-Jet.
Engine code: 939 B 1000 / 147 Kw (200 Hp) - Се конвертира ли на плин и на кој уред по која цена?

Lancia Delta 1.4 t-jet 110 kW (150 hp) - Се конвертира ли на плин и на кој уред по која цена?

Здраво

За првата варијанта 1.8 Di Turbo-Jet (мотор со директно вбризгување), во моментов нема опција за вградување на плински уред, и нема најава дека во скоро време ќе има.
За втората варијанта 1.4 t-jet 110 kW, може да се вгради плински уред. Во предвид доаѓаат уреди со брз компјутер и инјектори. Наш предлог е Landirenzo Evo OBD-640 евра, или стандардниот Landirenzo Evo -570 евра.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2428 на: 17 Ноември 2017, 16:22:36 pm »
A овој дали се конвертира, за пријател прашувам:

Volvo XC90 T6 2005 200kW
Код на мотор: B6294T

Ова возило може да се конвертира на плински погон. Цената е 860 евра. Тип на плински уред - Landirenzo Evo OBD_6-cil.

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2429 на: 23 Ноември 2017, 07:09:55 am »
Здраво Плимонт
Имам монтирано Landi Omegas Evo на Форд Фиеста 1,4 (MK6 модел 2002-2008), од пред некое време ми светна Engine Check на шалтабла. На OBD II извади грешка P0171 System Too Lean. Испадна дека настанала при подесување на плинскиот уред на „послаба“ смеша. Ги вратија истите (првични) подесувања на плинскиот уред (пред да јави грешка), и ја избришаа грешката на колата, но при секое наредно палење (и на бензин и на плин), повторно ја јавува истата грешка. Пробано е со clear со повеќе различни OBD уреди, и со два-три пати вадење акумулаторски клеми и оставање 10тина мин. да се испразни целосно струјата, но при секое стартување на уредот истата грешка (и сијаличка на шалтаблата) повторно се јавува. Би дошол директно кај Вас, но не сум од СК.
Совет?