Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 823503 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2250 на: 17 Декември 2016, 16:22:52 pm »
Здраво плимонт, ме интересира дали мешачот ако се постави помеѓу карбураторот и усисната грана, значи да се извади карбураторот, се става мешачот, па врз него карбураторот, дали ова би функционирало ?
И дали има опција, можност двогрлниот карбуратор на фелиција да се избуши некаде од страна како што тоа е случајот со веберовите карбуратори кај застава ?

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1470
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2251 на: 17 Декември 2016, 16:57:22 pm »
Сузуку свифт 1.3 96-97ма на карбуратор се ? колку е цената за таков уред во моментов ?
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2252 на: 18 Декември 2016, 21:47:09 pm »
Здраво плимонт, ме интересира дали мешачот ако се постави помеѓу карбураторот и усисната грана, значи да се извади карбураторот, се става мешачот, па врз него карбураторот, дали ова би функционирало ?
И дали има опција, можност двогрлниот карбуратор на фелиција да се избуши некаде од страна како што тоа е случајот со веберовите карбуратори кај застава ?
Мора да ти биде мешачот или дизната над клапната/лептирот од карбураторот,нема да функционира на друг начин.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2253 на: 20 Декември 2016, 16:11:31 pm »
Здраво плимонт, ме интересира дали мешачот ако се постави помеѓу карбураторот и усисната грана, значи да се извади карбураторот, се става мешачот, па врз него карбураторот, дали ова би функционирало ?
И дали има опција, можност двогрлниот карбуратор на фелиција да се избуши некаде од страна како што тоа е случајот со веберовите карбуратори кај застава ?

Здраво
На прашањето веќе одговори VLATKO Џентлменот-плочката дифузер (мешач) се поставува само над карбураторот. Кај Фелиција секогаш поставуваме дифузер, не го бушиме карбураторот.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2254 на: 20 Декември 2016, 16:16:43 pm »
Сузуку свифт 1.3 96-97ма на карбуратор се ? колку е цената за таков уред во моментов ?

Здраво

Цените за вградување на плински уред за возило со карбураторски мотор, со торусен резевоар кој се поставува на место на резервно тркало, се движат од 15.000 до 18.000 денари. Сузуки Свифт од 96/97 год најчесто се продаваше со моно-инжексион тип на мотор, ако е тоа случај и со Вашето возило тогаш цените на плинскиот уред би биле од 19.000 до 21.500 денари

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2255 на: 20 Декември 2016, 16:19:17 pm »
Здраво
На прашањето веќе одговори VLATKO Џентлменот-плочката дифузер (мешач) се поставува само над карбураторот. Кај Фелиција секогаш поставуваме дифузер, не го бушиме карбураторот.


Благодарам. Колку чини едно штелување кај вас и дали го вршите врз основа на слух или пак со помош на анализатор за издувни гасови и колку би чинело штелување ?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2256 на: 21 Декември 2016, 10:05:43 am »
Здраво
На прашањето веќе одговори VLATKO Џентлменот-плочката дифузер (мешач) се поставува само над карбураторот. Кај Фелиција секогаш поставуваме дифузер, не го бушиме карбураторот.


Благодарам. Колку чини едно штелување кај вас и дали го вршите врз основа на слух или пак со помош на анализатор за издувни гасови и колку би чинело штелување ?

Обично рачно штелување на карбураторски плински уред чини 100 денари, штелување со гас-анализатор чини 300 денари.

Отсутен Baraban

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2257 на: 10 Јануари 2017, 20:37:15 pm »
Каков е тој уред со секвенцијално вбризгување

Отсутен ace_banja89

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 58
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2258 на: 12 Јануари 2017, 09:07:08 am »
Koga mi rabote kolata vo mesto i e vkluceno parnoto mi mirisa na plin, dodeka vozam ne se mirisa. Do sto moze da e problemot. Inaku se raboti za fiat punto mk2. Pozdrav

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2259 на: 12 Јануари 2017, 10:13:33 am »
Каков е тој уред со секвенцијално вбризгување


Здраво
Секвенционален автогасен уред е стандарден назив за автогасните уреди наменети за возилата со мултипоинт инжексион тип на мотор и кои имаат секвенционално вбризгување на ТНГ во моторот. При вбризгувањето на ТНГ во моторот тој е во гасна фаза. Овие уреди поседуватт свои инјектори, електронска контролна единица  (компјутер), МАП и температурни сензори. Накратко, се работи за секундарен инжексион систем за довод на гориво во моторот. Секој гасен инјектор има своја секвенца на вбризгување како што е случај и кај вбризгувањето на бензин кај современите МПИ мотори. Тоа овозможува прецизен довод на гасот до моторот, што резултира со релативно мало отстапување во возни својства и потрошувачка. Времињата на отворање на гасните инјектори се контролирани од бензискиот компјутер на возилото, чии вредности ги превзема автогасниот компјутер и ги преведува во корегирани вредности за вбризгување на гас, притоа земајќи ги во предвид различното гориво и различните инјектори.
Секвенционалните ТНГ автогасни уреди во моментов се најраспространети и најчесто користени за конверзија на возилата на автогасен погон.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2260 на: 12 Јануари 2017, 10:23:28 am »
Koga mi rabote kolata vo mesto i e vkluceno parnoto mi mirisa na plin, dodeka vozam ne se mirisa. Do sto moze da e problemot. Inaku se raboti za fiat punto mk2. Pozdrav


Проблемот кој го опишавте најпрво упатува кон можни оштетувања на дихтунг на издувна грана или на ауспух, кои се најчести причинители при работа во место издувните гасови (во кои има помал или поголем мирис на плин) преку системот за вентилација да влегуваат во кабината и во неа да се чувствува мирис на плин. Во секој случај наша препорака е да се посети автогасен сервис и да се направи целосна проверка на инсталацијата на плинскиот уред.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2261 на: 12 Јануари 2017, 11:22:55 am »
Комплетно плински уред со монтажа за застава 101 колку пари е и дали има некакви субвенции(демек нели ќе имало нешто) за постари коли како што е заставата или тоа е само празно ветување?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2262 на: 12 Јануари 2017, 16:00:21 pm »
Комплетно плински уред со монтажа за застава 101 колку пари е и дали има некакви субвенции(демек нели ќе имало нешто) за постари коли како што е заставата или тоа е само празно ветување?

Цената за вградување на плински уред на Застава 101 изнесува 13.000 денари. Цената е со монтажа,  до атест. Постапката за атест чини вкупно  околу 4.000 денари. Субвенциите беа најавени за возилата од постаро производство (Еуро3 или постари), до овој момент немаме информација како и кога ќе се реализираат.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2263 на: 19 Јануари 2017, 13:05:22 pm »
нема да се реализираат во догледно време... а можеби и никогаш нема...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2264 на: 19 Јануари 2017, 19:52:42 pm »
Mожно е и давачки да се воведат, пошто се празни буџетот заради плинот, и тоа масивно.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need