Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 823407 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2700 на: 16 Јануари 2021, 12:10:33 pm »
Чисто ме интересира Плимонт.

Имате LPG системи за 1.5 TSI (GDi) 150КС ? Оној што сега се вградува кај VAG возила.

Слушнав дека имало некој скап систем што потрошувачката на бензин ја сведува на 2%.

Ме интересира дали сте слушнале за такво нешто и/или систем со 20% бензин 80% LPG?

На Youtube гледам ставаат Prins Vsi-Di2.

Здраво
Да, имаме плински системи за возилата со новите 1,5 TSI/TFSI мотори на VW групацијата. Тоа е  Landirenzo Omegas Direct, кој е достапен  за следните верзии на 1.5 моторот
-1,5 TSI/TFSI, 110 kW, код на мотор DADA
-1,5 TSI/TFSI, 110 kW, код на мотор DPC
-1,5 TSI/TFSI, 96 kW, код на мотор DPB
Процентот на учество на бензинот во вкупната потрошувачка кај Ландирензо во овој момент е декларирана на 15%, во пракса очекуваме до 20%, но тој зависи и од други фактори,  квалитет на бензинот, состојба на возилото,  режим на возење. Послаб квалитет на гориво и присуство на проблем во моторот ќе го примора компјутерот на плинскиот уред да вбризга повеќе бензин за да добие мирна работа на моторот. Исто така , при возење на отворен пат процентот на учество на бензин е пониска. Ландирензо уште во 2014 година постигна учество на бензин од 7%, но по кратко време препорача враќање на стандардната софтверска калибрација со 15% бензин. Причината е што при толку малиот проток на бензин низ бензиските инјектори, повеќекратно се зголемува опасноста од нивно запушување. Ова е проблем за кој сите производители на плински уреди за директ мотори бараат решение. Производителот Принс долго време го форсираше Direct Liquimax ситемот  , со вбризгување на плин во течна фаза.  Во пракса, заради повеќе проблеми во функционирањето, овој систем не се распространи. За нивните Vsi-Di системи во брошурата на Принс е наведено дека учеството на бензинот е под 5%. Сепак за овој систем во моментов немане информација за неговите реални перфоманси.
« Последно менување: 01 Февруари 2021, 09:09:01 am plimont »

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2701 на: 31 Јануари 2021, 10:39:21 am »
Здраво, ме интересира дали е можно да се монтира плински уред во возило од ПСА групација 1.6 THP мотор

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2702 на: 01 Февруари 2021, 08:59:24 am »
Здраво, ме интересира дали е можно да се монтира плински уред во возило од ПСА групација 1.6 THP мотор

Здраво

Се работи за мотори со директно вбризгување. Ние имаме опции за вградување на плински уред во следните верзии на 1.6 THP моторот на PSA :
-1.6 THP , 115 kW, engine code 5F02
-1.6 THP , 120 kW, engine code 5F06
-1.6 THP , 115 kW, engine code 5FR
-1.6 THP , 103 kW, engine code 5FT
-1.6 THP , 147 kW, engine code 5FU
-1.6 THP , 115 kW, engine code 5FV
-1.6 THP , 110 kW, engine code 5FX
-1.6 THP , 128 kW, engine code 5FY
Цените се движат од 850 до 980 евра, време на вградување 2 дена. Секогаш потсетуваме дека по вградување на плински систем наменет за  мотори со директно вбризгување, возилото ќе троши истовремено и плин и бензин во сооднос 70-80% плин и 20-30% бензин

Поздрав

Отсутен BakiMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2703 на: 24 Февруари 2021, 17:24:02 pm »
Zdravo plimont dali moze da mi odgovorite za Honda Civic EP1 1.4 66kw 90kc koj plinski ured bi mi predlozile i dali treba kapalka da se stavi, i koja bi bila cenata.  :)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2704 на: 25 Февруари 2021, 10:24:13 am »
Zdravo plimont dali moze da mi odgovorite za Honda Civic EP1 1.4 66kw 90kc koj plinski ured bi mi predlozile i dali treba kapalka da se stavi, i koja bi bila cenata.  :)

Здраво

Препорачан уред за ова возило е Ландирензо Ево, со цена од 540 евра, со 3 години гарантен период. Нема потреба од капалка за ладење на вентилите.

Отсутен TomicaJ

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2705 на: 08 Март 2021, 09:49:21 am »
Прашање до @plimont,имам дачија логан 1.4mpi 2005годиште. Плински систем Landi.Отварам хауба на изгасена кола и приметив дека на расплињачата од страна каде што има како едно вентилче пушта плин и целото е замастено од плинот. Претпоставувам а може грешам,дека се отидени мембраните на расплиначата. Колку чини репарација на расплиначата? И дали после репарација е сведена во состојба како нова? Или пак е подобро да се оди со нова расплинача? И колку чини нова?Можете и другите членови да дадете искуства после репарација на расплинача.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2706 на: 09 Март 2021, 13:14:14 pm »

Според описот на проблемот најверојатно се работи за испуштање на плин преку сигурносниот вентил кој е поставен на испарувачот. Неговата замена чини 1200 денари, но потребно е претходно да се провери дали има некој проблем заради кој сигурносниот вентил реагира и пропушта плин. Инаку репарација на испарувач на Ландирензо чини  2,760 денари, а замена на цел испарувач со нов чини  7,380 денари. Најдобро е да посетите наш сервис и ќе Ви дадеме препорака што е потребно да се поправа или менува.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2707 на: 15 Март 2021, 09:38:31 am »
@plimont  како се покажани 1.4 моторите на Пежо 207 ца плин?

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2708 на: 15 Март 2021, 10:00:02 am »
@plimont  како се покажани 1.4 моторите на Пежо 207 ца плин?

Не знам дали е истиот мотор 1.4 75 коња, јас имам ставено плин на 206 седан, оној иранскиот. Уредот е СТАГ, монтиран во Плимонт. Моторот и плинскиот уред супер си работат во комбинација, никаква забелешка, само од сервисер во Пежо ми рекоа барем еднаш месечно да извозам 5-6 км на бензин, чисто моторот да се подмачка.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2709 на: 15 Март 2021, 10:02:12 am »
@plimont  како се покажани 1.4 моторите на Пежо 207 ца плин?

Не знам дали е истиот мотор 1.4 75 коња, јас имам ставено плин на 206 седан, оној иранскиот. Уредот е СТАГ, монтиран во Плимонт. Моторот и плинскиот уред супер си работат во комбинација, никаква забелешка, само од сервисер во Пежо ми рекоа барем еднаш месечно да извозам 5-6 км на бензин, чисто моторот да се подмачка.

Чисто онака ме интересира, ако бензинот служи за подмачкување на моторот, зошто ставаме уље ?

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2892
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2710 на: 15 Март 2021, 10:28:51 am »

@plimont  како се покажани 1.4 моторите на Пежо 207 ца плин?

Не знам дали е истиот мотор 1.4 75 коња, јас имам ставено плин на 206 седан, оној иранскиот. Уредот е СТАГ, монтиран во Плимонт. Моторот и плинскиот уред супер си работат во комбинација, никаква забелешка, само од сервисер во Пежо ми рекоа барем еднаш месечно да извозам 5-6 км на бензин, чисто моторот да се подмачка.

Чисто онака ме интересира, ако бензинот служи за подмачкување на моторот, зошто ставаме уље ?

Епа уљето не ги подмачкува дизните нели?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2711 на: 15 Март 2021, 10:44:22 am »
@plimont  како се покажани 1.4 моторите на Пежо 207 ца плин?

Здраво

Во 207-цата производителот Пежо вградуваше три типа на 1.4 мотори. Во пракса, во сите три варијанти Пежо 207 може ефикасно да се конвертира на плински погон.
- Моторот со јачина од 75 кс е постара варијанта на 8-вентилски МПИ мотор. Едноставен мотор  кој и едноставно се прилагодува и на плински погон.
- Доста покомплициран е 1.4 16-вентиоскиот со 90 кс (КФУ) мотор. Често конвертираме возила со овој мотор, но само со пософистицирани плински уреди. Самиот мотор има варирање при работа во место кое може да се зголеми  на плински погон. Ова се решава со корекција на клапната за воздух.
- Моторот со сила од 95 кс (Принс - заеднички мотор на БМВ и ПСА) е третата варијанта на 1.4 мотор во Пежо 207. Има доста карактеристики на БМВ моторите. Кај него вградуваме исклучиво Ландирензо плински уреди, кои можат да го поддржат овој тип на мотори.
Кај Пежо 207, како и ка другите Пежо и Цитроен возила, на шалт-таблата се покажува дека се троши бензин и кога колата се вози на плин. По желба на возачот може да се вгради Танк-фопер, кој при секое стартување на возилото ќе го прикаже реалното ниво на бензин во резервоарот.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2712 на: 15 Март 2021, 10:48:55 am »

Благодарам на деталниот одговор.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2713 на: 15 Март 2021, 11:04:37 am »
Препораката повремено да се вози на бензиски погон не е заради подмачкување на моторот. Производителот Ландирензо препорачува на секои 5000 км возење на плински погон  да се извози една делница од најмалку 10 км на бензиски погон, по можност на што повисоки вртежи. Ова повремено оптеретување на бензиските инјектори е потребно за да се спречи формирање на наслаги од нечисторија во нив.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2714 на: 15 Март 2021, 12:12:09 pm »
Епа уљето не ги подмачкува дизните нели?

Дизна и мотор исто е ?