Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 823384 пати)

Отсутен Александар_МКД

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2640 на: 28 Јануари 2020, 20:23:36 pm »
Капалките се друга "манџа". Горе наведеното е нешто ново, со цел зачувување или одложување на проблемот со вентилите кај мотори кои страдаат од плин, без дополнителн надворешни уреди, (капалки, бризгалки, бла, бла).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2641 на: 28 Јануари 2020, 20:48:59 pm »
Здраво Плимонт, здраво на сите во форумов.

Плимонт, може ли нешто повеќе за вградување на плински уред во Опел Астра Х Z16XER и за VSR опцијата кај некои плински уреди, а тоа е вбризгување на мали дози (15%, 20%) на бензин при надминувањена одреден број на вртежи на моторот. Се користи за заштита на вентили и seats-еви (сицеви) кај мотори чии вентили и седла страдаат при работа на плин. Z16XER немаат хидроулични подигнувачи на вентилите.

Колку оваа опција ги заштитува вентилите и нивните лежишта конкретно кај наведениот мотор?
Дали Плимонт нуди системи кои ја имаат оваа опција?

Ви благодарам.

Таква Астра се вози секој месец од Скопје до Полска со константна гас над 4000 вртежи на плин. Еве ја 150.000км нема никаков проблем, моторот спие. Уредот е Тартарини некој... небитно

Отсутен Александар_МКД

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2642 на: 29 Јануари 2020, 12:59:39 pm »

А пред колку време, поточно колку имала поминато вашата Астра пред да го монтирате плинот?
Или само на плин има поминато 150000 км?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2643 на: 31 Јануари 2020, 08:37:14 am »
Здраво Плимонт, здраво на сите во форумов.

Плимонт, може ли нешто повеќе за вградување на плински уред во Опел Астра Х Z16XER и за VSR опцијата кај некои плински уреди, а тоа е вбризгување на мали дози (15%, 20%) на бензин при надминувањена одреден број на вртежи на моторот. Се користи за заштита на вентили и seats-еви (сицеви) кај мотори чии вентили и седла страдаат при работа на плин. Z16XER немаат хидроулични подигнувачи на вентилите.

Колку оваа опција ги заштитува вентилите и нивните лежишта конкретно кај наведениот мотор?
Дали Плимонт нуди системи кои ја имаат оваа опција?

Ви благодарам.

Здраво
Како опции за дополнително ладење на вентилите ги користиме:
-Valve saver адитиви, се нанесуваат со дозатор-преку усисна грана.
-Tunap адитив, се става во бензискиот и гасниот резервоар и се нанесува преку горивата
-Делумно вбризгување на бензин- split-fuel , како гориво кое поефикасно ги лади вентилите.
Се работи за т.н. split-fuel опција, која ја имаат сите секвенционални автогасни уреди уште од самиот почеток на нивното производство (пред 15-тина години). Се вклучува во договор со клиентот и притоа се избира процент на учество на бензин и праг на вртежи над кој ќе се вклучува бензинот.
Kaj Астра 1.6, според информациите кои ги имаме од Ауто Цем, за одржување на вентилите во добра состојба потребно е тие да се штелуваат на секои 60,000 км без разлика дали се вози на бензиски ила на гасен погон.

Отсутен Александар_МКД

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2644 на: 31 Јануари 2020, 14:09:07 pm »

Плимонт, ви благодарам за деталните информации.
Според вас, која е нај ефикасна опција од горе наведените, за зачувување на вентилите кај овие мотори, не земајќи го економскиот фактор во предвид.

FYI  Производителот Опел во сервисната книга, конкретно за овој мотор налага проверка на зазорот на вентилите дури на 150000 км. Само за дизел моторите Z19DT и Z19DTL, проверка и штелување на вентили е на секои 60000 км.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4919
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2645 на: 17 Февруари 2020, 09:20:07 am »
Од вчера почна кога ја гасам колата да свирнува кратко двапати и трепка сијаличката за плин, нема ништо разлика во возење колата само звуков кога ја гасам. Дали е можно да е некоја нотификација за носење на сервис оти како шо гледам ги имам стигнато и километрите и годините за нареден сервис пишани на лепенката веќе пред некој месец. Еве и видео
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6476
  • French diamond
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2646 на: 17 Февруари 2020, 09:57:01 am »
Да, сигнал за сервис на плинот.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4919
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2647 на: 17 Февруари 2020, 14:14:16 pm »
Фала.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2648 на: 27 Мај 2020, 09:35:29 am »
Плимонт, прашање до вас (или и било кој друг што би знаел).

Се работи за обичен вакуумски плински уред ловато на фелиција.
Уредот функционира во ред, колата одлично влече, потрошувачката е меѓу 10 и 11 градска, отворено 8 ако се вози 120, и испод 8 ако се вози поспоро.
Колата пали на плин одлично, не ни морам да го притискам црвеното копче.
Сервис е направен пред 1 месец, филтри масло се е сменето.
Сменети свекици, сменети кабли, сите црева за вакуум на расплињача, карбуратор, за серво кочница, за разводник, значи се што е црево за вакуум се променети и стегнати.
Наштелувани и вентили.

Значи колата си влече топ на плин, но има одреден проблем што ме мачи и ме нервира.
Лерот, лерот на секои 10 степени температурна промена не е стабилен.

Еве конкретно последната штелка на расплињачата ми беше кога температуриве беа околу 30 степени и сега времево кога залади јас морам да појачам повеќе плин на расплињачата за да функционира, иначе обртаите се прениски, на околу 600 паѓаат.
Со мала корекција се враќаат на 800-850.

И сега ова вака ќе фунцкионира се додека не затопли, кога ќе отидат температуриве 25+ степени јас ќе мора да намалам на расплињачата, па кога ќе залади пак да намалам.

Не дека ова е прекомплицирано, само 1 минута ми е потребно да ја направам таа корекција на лер на расплињача, ама ме нервира.

Дали е нормално ова на вакви обични уреди или има некаков проблем ?

Мембраните се купени од кај вас пред околу 3 години, дали имаат 12 000 км поминато.
Сменет е и филтерот за течна фаза, има околу 7000 км поминато.

На усис немам никакви редуцири како што многу мајстори на обичните уреди прават бидејки како што кажав, во возење колата се однесува одлично на плин, одлично влече, само на лер приметувам ваков проблем.

И на самиот карбуратор ја имам појачано гаста за 1/4 круг на штрафот, тогаш вртежите од 800, на околу 850 отидоа бидејки никако неможев над 800 вртежи да добијам само со штелување на расплињачата

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2649 на: 29 Мај 2020, 09:48:48 am »
Ништо невообичаено за Шкода карбураторски мотор, реагира на промената на соодносот пропан-бутан при пуштање во промет на зимски (70% пропан :30 % бутан) или летен плин (60% пропан :40 % бутан)

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2650 на: 29 Мај 2020, 17:35:20 pm »
И чаре ?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10034
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2651 на: 29 Мај 2020, 17:37:57 pm »
Амортизер за хаубата ;D

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4919
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2652 на: 29 Мај 2020, 17:56:42 pm »
Чаре да го фрлиш карбутаторот :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2653 на: 29 Мај 2020, 21:11:59 pm »
Фала на советите.

Присутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1822
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2654 на: 09 Август 2020, 09:40:20 am »
Здраво @plimont (а и сите други што знаат) , прашувам чисто од љубопитност, па и за општо знаење.

Бидејќи последниве 5-6 години цело време сум со дизели, не ни следам трендови со плински уреди и нови технологии.

Каков upgrade би постоел за Заставино возило од претходен веќе вграден плински уред? Ако не се лажам, мислам дека е многу стар, ако не се лажам цела декада, има расплињача која се уште не ми изгледа најнадежна и до ден денес, вградени копчиња кај воланот за вбризгување на плин пред воопшто да се запали возилото (бидејќи нема да запали) и огромна боца назад која го намали бројот на дозволени патници во сообраќајна поради големината и тежината.

Вака напишано ми изгледа уште пострашно и потрагично   :-[

Ме интересира чисто кои се можните опции, која е процедурата за upgrade etc