Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 823448 пати)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2565 на: 11 Март 2019, 13:47:46 pm »
Јас кога ставав плин, ми кажаа дека ставиле 42 литра боца, па еве досега секое полнење собира 41-41,5 литри. Е сега ако ставиле 45ка (на пример) па да ми кажале 42 као 42 литра вкупно собира...не знам. Заборавам да проверам по документите, би требало таму да пишува каква боца има (ако не ги собраа тие документи при атестирањето)

На последното полнење мое на ТопТрејд, на 42 литра боца, бацето 49 ми натанкира :D
Му викам, абе 42 литра ми е боцата, како 49 !! Толку вика мерачов, исправен е...

Хахахахах, да си проба ако помине :D И мене еднаш на Макпетрол као собра 43 ама видов на момент не дихтуваше адаптерот на скриената полначка и цревото, и тушеше на страна :D Се сомневав и јас да не ме дерат редовно, ама станува збор за околу 50 различни полнења со секогаш просек околу 41 кома нешто литри, секогаш на празна боца, на различни бензински во различни градови (неколку пати и различни земји). И просекот на потрошувачка ми е реален (8-9 л/100км) така што сеуште се мозгам што е работата со полнењево, дали е поголема боца или ја стискаат до крај...

На Лукоил на влез во Автокоманда, го пушта прекинувачот за плин и плинот си почнува, и негде околу литар и нешто почнуваат вибрации на колата од полнењето.

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2566 на: 11 Март 2019, 13:51:42 pm »

Не разбирам, велиш дека крадат со прекинувачот (дилеј нешто)? Се' има... Баш ме интересира став на Плимонт во врска со боциве и тоа колку собира внатре.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2567 на: 12 Март 2019, 00:45:10 am »
Во боцата има сигурносен вентил кој не дозволува боцата да се полни до крај. Е сега на некои го вадат(прештелуваат) тој вентил и боцата може да се пуни до крај.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2568 на: 15 Март 2019, 08:52:26 am »
Здраво,имам гранде пунто 1.2  8в 2007год.2013год.ставив во Плимонт   ЛАНДИ ПЛУС МАКС уред.  Во возенје потешко префрла на плин особено кога е поладно  времето. Се случува ако возам побрзо префрла тек на 90 степени односно на работна температура,обично колку и да е ладно времето префрлаше на некои 45 степени.Дури и овие денови кока денските температури се повисоки тешко префла дури на некои 70-75 степ. Како да мрзне плинот. Приметувам и кога ке застанам на семафор или некој застој температурата на водата при поагјанје пагја за некои 10 степени и веднаш се качува.Го исклучувам термостатот како варијанта дека останал заглавен на отворено бидејки е релативно нов ,а и колата постигнува работна температура,а и цревото за вода што е долу на хладнјак е ладно.Термостатот е сменет пред околу 28К,но и со расипаниот термостат плинот си префрлаше нормално иако температурата на водата не се кацуваше над 70степени,односно не можеше колата да постигне раб. темп.Да напоменам дека и двата филтери за течна и гасна фаза се сменети пред околу 12к кај вас во новиот сервис во Аеродром.Ме интересира што може да е проблемот.

Мора да се види возилото и плинскиот уред и да се тестира со возење. Филтрите немаат улога во времето на префрлување. посетете наш сервис за да се утврди проблемот.*
« Последно менување: 15 Март 2019, 09:26:42 am plimont »

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2569 на: 15 Март 2019, 09:30:28 am »
Kolku od prilika treba da trosi kapalkata za ulje za razladuvanje na ventilite?

Na primer 100 gr na mesec - dva? Go sledam nivoto kaj mene, nekako slabo trosi ulje, a eve pominati se 1500-2000 km.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Здраво
Капалката треба да дозира 1 капка на секои 9 до 12 секунди. Една доза адитив од 1/2 литар треба да се потроши помеѓу 3500 и 5000 км

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2570 на: 15 Март 2019, 11:14:44 am »
Плинаши, дали сите боци берат 80% од капацитетот на боцата ? Така прочитав на страната на Плимонт, дека имале некаков вентил за заштита, кој не давал да се наполни повеќе од 80%, ама немам заприметено дали и кај мене е така во реалност..

Здраво

Полнењето на автогасниот резервор го регулира мултивентилот кој се поставува на самиот резервоар, а истиот ја гарантира и неговата безбедност. Полнењето може да се ограничи на 80%. Ние овозможуваме  мултивентилот  да дозволи целосно полнење. На тој начин добиваме полнење на резервоарот од 70-90%, ретко и до полн резервоар. Причината е различниот притисок на пумпите кои во пракса штелувањето на 80% го прават неприменливо, односно резервоарите често ќе се полнат и под 50%. Самата безбедност ја обезбедува мултивентилот, кој при евенуално покачен притисок на гасот во резервоарот над дозволениот (заради судар, висока температура, премногу висок притисок на полнење на пумпа) контролирано го испушта гасот под возилото се додека притисокот не се спушти на безбедно ниво.
За разлика од бензинот, полнењето на автогасниот резервоар се прави под притисок. Автогасот под притисок се втечнува во резервоарот, што значи дека посилна пумпа со поголем притисок ќе внесе повеќе гас во резервоарот. Различните притисоци на пумпите резултираат со разлика во максималното полнење на резервоарот, кое варира од пумпа до пумпа.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2571 на: 15 Март 2019, 11:39:49 am »
Така ми имаа објаснето кога првпат монтирав плински уред и од тие причини секогаш точев во одредена количина на литри.
Ако требаше да дополнувам си пресметував грубо според дневна километража колку сум потрошил.

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 166
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2572 на: 18 Април 2019, 00:16:05 am »
Плимонт едно прашање до Вас  :)

Ме интересира Ваше искуство со вградување на плински уред во возила со ГДИ мотори ( Hyundai Tucson , Kia Sportage  и сл.) .

Заинтересиран сум за купување на едно вакво ново возило , па ме интересираат неколку работи во врска со евентуалното вградување на плински уред  :
- Какви модели на плински уреди вградувате
- Цена на истите
- Гаранција за вградениот плински уред
- Сервисни интервали на уредот и цена на чинење на истите
- Колкав е соодносот на бензин/плин на кој ќе работи возилото

Ме интересира ова , пред се заради тоа што чув дека истите возила  се проблематични во работењето на плин , што на крајот на краиштата ја доведува во прашање оправданоста од вградување на плински уред во овие возила .

Поздрав  :)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2573 на: 22 Април 2019, 16:35:44 pm »

Со ГДИ моторите на Хјунгаи/Киа  имаме доста големо и добро искуство. Во Македонија претежно се застапени 1,6 ГДИ моторите со код Г4ФД. Се работи за мотори со директно вбризгување, кои по вградување на плински уред  константно трошат и бензин и плин, во приближен сооднос 20% : 80%. Ги користиме  Ландирензо Директ-со цена од 980 евра и АЦ Стаг ДПИ-со цена од 850 евра. Уредите имаат гаранција во траење од 2 години. Време потребно за вградување на уредот е 2 работни денови. Се користат торусни резервоари со зафатнина од 43 до 53 литри.
ГДИ возилата на Хјундаи и Киа не се проблематични при работење на плински погон. Заштедата не како кај стандардните МПИ возила, но сепак според нашето искуство е доволна за да го оправда вградувањето на плинскиот уред.
Сервисни интервали:
-контролен сервис на 2,000 км по вградувањето (не се наплаќа)
-на секои 20,000 км замена на филтер за гасна фаза -1200 ден. за Ландирензо или 900 ден за Стаг
-на секои 40,000 км замена на филтер за течна фаза -500 ден. за Ландирензо  и за Стаг.

За подетални информации би Ве поканил да посетите еден од нашите сервиси.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1041
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2574 на: 24 Април 2019, 23:29:27 pm »
Здраво, ме интересира дали има шанаси да се вгради плински уред во fiat 500 1.4 16v multipoint injection, 2012 година производство, код на мотор 192B2000?
И цени, нормално?
Фала и поздрав.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2575 на: 27 Април 2019, 13:25:31 pm »
Здраво, ме интересира дали има шанаси да се вгради плински уред во fiat 500 1.4 16v multipoint injection, 2012 година производство, код на мотор 192B2000?
И цени, нормално?
Фала и поздрав.

Здраво
На Fiat 500 1.4 16v со код на мотор 192B2, со сила од 66kw, без проблеми се поставува плински уред. Се работи за стандарден MPI мотор кој се користи кај повеќе Фиатови возила. Цените на плинските уреди за ова возило се движат од 370 до 640 евра. Наша препорака е Landirenzo Evo во комбинација со торусен резервоар-на место на резервно тркало, со цена од 540 евра.

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 792
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2576 на: 22 Јуни 2019, 23:18:04 pm »
Zdravo.Na kolku km se menuva membrana na plinski ured?Ima nekoja mirizba okulu rasplinjacata.

Отсутен vlatko05

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
  • k24a3
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2577 на: 26 Јуни 2019, 14:30:42 pm »
Плимонт, дали имате искуства за вградување на плин на Ecoboost моторите на Форд, конкретно ford Mondeo 2.0 Ecoboost? Кој уред, дали и колку би трошел бензин и како се со цени? Фала

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2578 на: 29 Јуни 2019, 14:11:08 pm »
Zdravo.Na kolku km se menuva membrana na plinski ured?Ima nekoja mirizba okulu rasplinjacata.

Nema fiksna kilometraza, poveketo isparuvaci na sekvent uredite izdrzuvaat nad 100.000 km. Mirisot ne mora da znaci deka za zamena e cel isparuvac.

Pozdrav

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2579 на: 29 Јуни 2019, 14:15:28 pm »
Плимонт, дали имате искуства за вградување на плин на Ecoboost моторите на Форд, конкретно ford Mondeo 2.0 Ecoboost? Кој уред, дали и колку би трошел бензин и како се со цени? Фала

Potreben ni e kodot na motorot za da mozeme konkretno da odgovorime, se raboti za direct uredi koi ne se univerzalni. Voziloto bi trozelo okolu 20-30% benzin i 70-80% plin. Cenata e od 850 do 980 evra.

Pozdrav