Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 376952 пати)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3536
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2550 на: Јануари 10, 2019, 14:25:57 pm »
Cordobata trpi plin bez problem.
A motor da go brkas onoj so 75ks e najdobar nema nikakov problem ne trosi ulje,ubavo raboti tivko,gorivo e nekade 7.5 do 8l benzin niz grad . Plinot e nekade od 300 eura pa nagore zavisi sto ured kje stavis.
Inace zahvalno vozilo gjepek ogromen makce pozadi e tnko so prostor za noze ama toj pozadi neka mu ja misli :)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 758
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2551 на: Февруари 04, 2019, 12:28:01 pm »
Прво да го споделам моето искуство со плин на кола, 2013 ставив Ловато од Плимонт на Голф 5 со 1,6 мотор и бев презадоволен, 5 години и 60.000 км без ниту еден проблем (колата буквално нема сецнато за тоа време),..... сега моментално  разгледувам опција да земам Сеат Кордоба 2004-2008 со мотор 1,4 со 75 кс или 86 кс и нормално веднаш би ја ставил на плин, прашање до Плимонт, дали овие мотори „трпат“ плин, ваше искуство и кој уред би ми го препорачале, со цена нормално и кои се условите за плаќање (во смисла дали има можност на 12 рати без камата и сл), благодарам за секоја информација

Здраво
Најпрво да се извинам за доцнењето со овој одговор.  Сеат Кордоба  е често возило на кое вградуваме плински уред, и двата посочени мотори без проблеми работат на плински погон. Цените на уредите се движат од 340 до 540 евра. Плаќањето на  рати може да се направи со наменски кредит преку Стопанска и ТТК банка, преку синдикати со кои имаме договор, со нотарски договор, со било која кредитна картичка (со Visa  и Master од СТБ и НЛБ до 6 рати без камата).

Отсутен Despot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2552 на: Февруари 28, 2019, 17:42:18 pm »
Здраво имам едно прашање,

Имам мерцедес Б150 со вграден плински уред, уредот не е монтиран кај вас, највероватно е во тетово монтиран, затоа што така ја купив колата. Колата пред некое време почна да треси и да пука низ ауспух. Се смена сета струја кабли, свеќици, бомбина за да се испоставит дека се ок. МАФ сезнорот беше проверен и исчитен. На крај се откри дека прима воздух од усисна грана, највероватно од некаде каде што е бушено за плинските дизни. Дали сте имале ваков проблем претходно и дали има решение за да остани плинот или мора да се стави нова грана ? Фала за советот.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3325
  • Samo VW je auto!
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2553 на: Март 02, 2019, 23:49:59 pm »
Огромна благодарност до Плимонт за излегувањето во пресрет и експресно монтиран плински уред на Матиз.. Презадоволен сум од услугата.
GTI je zmaj

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 758
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2554 на: Март 05, 2019, 13:27:45 pm »
Здраво имам едно прашање,

Имам мерцедес Б150 со вграден плински уред, уредот не е монтиран кај вас, највероватно е во тетово монтиран, затоа што така ја купив колата. Колата пред некое време почна да треси и да пука низ ауспух. Се смена сета струја кабли, свеќици, бомбина за да се испоставит дека се ок. МАФ сезнорот беше проверен и исчитен. На крај се откри дека прима воздух од усисна грана, највероватно од некаде каде што е бушено за плинските дизни. Дали сте имале ваков проблем претходно и дали има решение за да остани плинот или мора да се стави нова грана ? Фала за советот.

Здраво

Проблемот кој се јавува кај Вашето возило можно е да е предизвикан од вишокот на воздух кој влегува преку усисната грана, сме имале и такви случаи. Има опција  да се поправи постоечката грана, потребно е да не посетите за да видиме каде е проблемот и колку ќе чини поправката

Отсутен 0livér

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2555 на: Март 06, 2019, 23:10:11 pm »
 Здраво,имам гранде пунто 1.2  8в 2007год.2013год.ставив во Плимонт   ЛАНДИ ПЛУС МАКС уред.  Во возенје потешко префрла на плин особено кога е поладно  времето. Се случува ако возам побрзо префрла тек на 90 степени односно на работна температура,обично колку и да е ладно времето префрлаше на некои 45 степени.Дури и овие денови кока денските температури се повисоки тешко префла дури на некои 70-75 степ. Како да мрзне плинот. Приметувам и кога ке застанам на семафор или некој застој температурата на водата при поагјанје пагја за некои 10 степени и веднаш се качува.Го исклучувам термостатот како варијанта дека останал заглавен на отворено бидејки е релативно нов ,а и колата постигнува работна температура,а и цревото за вода што е долу на хладнјак е ладно.Термостатот е сменет пред околу 28К,но и со расипаниот термостат плинот си префрлаше нормално иако температурата на водата не се кацуваше над 70степени,односно не можеше колата да постигне раб. темп.Да напоменам дека и двата филтери за течна и гасна фаза се сменети пред околу 12к кај вас во новиот сервис во Аеродром.Ме интересира што може да е проблемот.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5787
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2556 на: Март 06, 2019, 23:25:42 pm »
Тоа за плинот нема врска работната температура туку температурата во расплињачата.. Обично таа е околу 20/25 степени пониска од работната.

Не дека се разбирам многу него да провериш антифриз нешто да не ти фали ? Воздух во системот?

Отсутен 0livér

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2557 на: Март 07, 2019, 00:19:34 am »
Тоа за плинот нема врска работната температура туку температурата во расплињачата.. Обично таа е околу 20/25 степени пониска од работната.

Не дека се разбирам многу него да провериш антифриз нешто да не ти фали ? Воздух во системот?
[ не ,не фали антифриз]

Отсутен Mikroos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 805
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2558 на: Март 07, 2019, 08:31:54 am »
Kolku od prilika treba da trosi kapalkata za ulje za razladuvanje na ventilite?

Na primer 100 gr na mesec - dva? Go sledam nivoto kaj mene, nekako slabo trosi ulje, a eve pominati se 1500-2000 km.




Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4126
  • French diamond
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2559 на: Март 10, 2019, 22:10:51 pm »
Плинаши, дали сите боци берат 80% од капацитетот на боцата ? Така прочитав на страната на Плимонт, дека имале некаков вентил за заштита, кој не давал да се наполни повеќе од 80%, ама немам заприметено дали и кај мене е така во реалност..

Отсутен ZilePunto

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5397
  • Плинаш!!!
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2560 на: Март 10, 2019, 23:14:14 pm »
Да точно е тоа. Има сигурносен вентил кој не дозволува боцата да се напони до крај. Ако боцата е 42 литра собира околу 38-39 литри плин.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk


Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 82
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2561 на: Март 11, 2019, 09:24:32 am »
Јас кога ставав плин, ми кажаа дека ставиле 42 литра боца, па еве досега секое полнење собира 41-41,5 литри. Е сега ако ставиле 45ка (на пример) па да ми кажале 42 као 42 литра вкупно собира...не знам. Заборавам да проверам по документите, би требало таму да пишува каква боца има (ако не ги собраа тие документи при атестирањето)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1242
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2562 на: Март 11, 2019, 11:00:43 am »
Јас кога ставав плин, ми кажаа дека ставиле 42 литра боца, па еве досега секое полнење собира 41-41,5 литри. Е сега ако ставиле 45ка (на пример) па да ми кажале 42 као 42 литра вкупно собира...не знам. Заборавам да проверам по документите, би требало таму да пишува каква боца има (ако не ги собраа тие документи при атестирањето)

На последното полнење мое на ТопТрејд, на 42 литра боца, бацето 49 ми натанкира :D
Му викам, абе 42 литра ми е боцата, како 49 !! Толку вика мерачов, исправен е...

Отсутен riki_staff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2166
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2563 на: Март 11, 2019, 11:11:54 am »
Мери со шише ебаго :)

Sent from my Coolpad E502 using Tapatalk


Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 82
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2564 на: Март 11, 2019, 13:35:30 pm »
Јас кога ставав плин, ми кажаа дека ставиле 42 литра боца, па еве досега секое полнење собира 41-41,5 литри. Е сега ако ставиле 45ка (на пример) па да ми кажале 42 као 42 литра вкупно собира...не знам. Заборавам да проверам по документите, би требало таму да пишува каква боца има (ако не ги собраа тие документи при атестирањето)

На последното полнење мое на ТопТрејд, на 42 литра боца, бацето 49 ми натанкира :D
Му викам, абе 42 литра ми е боцата, како 49 !! Толку вика мерачов, исправен е...

Хахахахах, да си проба ако помине :D И мене еднаш на Макпетрол као собра 43 ама видов на момент не дихтуваше адаптерот на скриената полначка и цревото, и тушеше на страна :D Се сомневав и јас да не ме дерат редовно, ама станува збор за околу 50 различни полнења со секогаш просек околу 41 кома нешто литри, секогаш на празна боца, на различни бензински во различни градови (неколку пати и различни земји). И просекот на потрошувачка ми е реален (8-9 л/100км) така што сеуште се мозгам што е работата со полнењево, дали е поголема боца или ја стискаат до крај...