Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 823385 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2535 на: 10 Август 2018, 15:58:31 pm »
Веќе 3 месец како е ставен плинот и активно се вози, никогаш мерачот не отиде на 4 сијалички. Ми рекоа на местење дека може воздух да има од монтажата, ама па за колку време се истиснува?



Вообичаено ги замолуваме возачите да го наполнат барем 3 пати гасниот  резервоар до крај, и тогаш да се види дали има потреба од корекција на  мултивентилот или сензорот. Самото мерење и покажување на нивото на плин не е прецизно како кај бензинот (сепак се работи за сад под притисок), и често на првиот контролен сервис на 2.000 км по вградување на уредот правиме корекција која некогаш е софтверска, некогаш се корегира сензорот за ниво, а во ретки ситуации се прештелува пловакот на мултивентилот или се заменува со нов мултивентил. Кај Вашето возило, ако и по 3 месеци сеуште не се активира последната сијаличка, пожелно е  да посетите наш сервис за да се направи корекција.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2536 на: 23 Октомври 2018, 09:28:38 am »
Здраво Плимонт,

Колку чини уред со монтажа за Audi A6 3.0tdi quattro automatic 2006 165kw?
Што може да очекувам од економичност и моќност по инсталација?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2537 на: 30 Октомври 2018, 15:06:47 pm »
Здраво Плимонт,

Колку чини уред со монтажа за Audi A6 3.0tdi quattro automatic 2006 165kw?
Што може да очекувам од економичност и моќност по инсталација?

Здраво
Опцијата за конверзија на патничките и лесните товарни дизел возила на гасен погон се Dual-Fuel уредите, со чие вградување моторот ќе користи истовремено две горива, дизел и гас (најчесто ЦНГ). При тоа, гасното гориво делумно го заменува, но и го досогорува дизел-горивото. Цената за Ауди A6 3.0 е приближно 1200 евра, со 50 литарски метански резервоар. За конкретна цена ќе ни биде потребен кодот на моторот, затоа што овие системи се прилагодуваат со додатни компоненти спрема конкретен тип на мотор. Заштедата, во трошок за гориво (во пари) која е декларирана од производителите на гасните системи за дизел мотори е до 25%, но мерењата во пракса покажуваат заштеда до 18%, што повторно е во зависност од типот на дизел мотор  на кој е поставен системот. Карактеристично е што со вградување на Dual-Fuel гасен уред нема загуба во моќ и во возни својства.
Главната придобивка од примената на Dual-Fuel гасните уреди е значителното намалување на штетните емисии во издувните гасови, (40% помалку PM10 честички, 15% помалку  јаглерод двооксид, 20% помалку азотни оксиди), Тоа ги прави овие системи корисни во градовите со високо загадување на воздухот, а нивната поширока примена во моментов , заради ограничената економска исплатливост, е претежно  во градови или региони каде што има директна или индиректна финансиска поддршка од локалните или национални власти.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2538 на: 11 Ноември 2018, 13:49:27 pm »
Сакам да прашам,дали има субвенции за монтажа на плински уред?
;)

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 696
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2539 на: 12 Ноември 2018, 16:06:02 pm »
Здраво Плимонт,

Колку чини уред со монтажа за Голф 3 2.0 16V 110kw, и дали е изводливо со боца во резервно тркало?

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5399
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2540 на: 12 Ноември 2018, 17:10:15 pm »
Сакам да прашам,дали има субвенции за монтажа на плински уред?
subvencii jok. Grujo najavi pred izbori 300 eura ama se smeni vlada i sega imas subvencii za nalepnica od 500 denari koja treba sam da ja platis deka kolata ti zagaduva.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2541 на: 14 Ноември 2018, 11:05:39 am »
Сакам да прашам,дали има субвенции за монтажа на плински уред?

Во моментов имаме само најава. Ако има нешто конкретно  веднаш ќе споделиме информација на форумов

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2542 на: 14 Ноември 2018, 11:36:47 am »
Здраво Плимонт,

Колку чини уред со монтажа за Голф 3 2.0 16V 110kw, и дали е изводливо со боца во резервно тркало?
.

Здраво

Цените се од 390 до 570 евра
Кај Голф 3 може да се постави торусен резервоар на место на резервно тркало, но со помала зафатнина од 31 литар (D550xH180)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8056
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2543 на: 07 Декември 2018, 21:24:48 pm »
Здраво Плимонт.

Можеби не сум во тек но да прашам, дали за FSI, TSI, TFSI моторите веќе има / имате соодветен плински уред? Конкретно ме интересира за моторите над 1,8 литри зафатнина.
Како е решено (ако е решено) тоа што до сега не беше соодветно да се монтира плински уред на овиер мотори?

Колку што знам во Бугарија веќе се возат овие мотори на плин.
Економска исплатливост / загуба на снага?

Благодарам!

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2938
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2544 на: 13 Декември 2018, 23:47:27 pm »
Edno prasanje nadvor od temava. Okta benziskata bese posledna pred Bogorodica ima li plin tamo da znam dali tamo da dopolnam ili da si baram pred nea druga pumpa. I okolina na platamona, leptokarija, nea pori plin ili jok?

Овде има, се влага и од не-автопат, а и овде мислам има плин, овие две места се нај блиску до камповите меѓу Лептокарија и Платамона.

По пат има Coral Gas на автопат пред Катерини кога идеш од МК во rest area Korinos, и исто од спроти - после Катерини према Солун, ама цените на горивото се малце повисоки бидејќи е на автопат. Shell се бензинските.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2545 на: 19 Декември 2018, 15:51:21 pm »
Здраво Плимонт.

Можеби не сум во тек но да прашам, дали за FSI, TSI, TFSI моторите веќе има / имате соодветен плински уред? Конкретно ме интересира за моторите над 1,8 литри зафатнина.
Како е решено (ако е решено) тоа што до сега не беше соодветно да се монтира плински уред на овиер мотори?

Колку што знам во Бугарија веќе се возат овие мотори на плин.
Економска исплатливост / загуба на снага?

Благодарам!

Здраво

Работите не се многу променети, сеуште чекаме плински уред со кој овие мотори ќе можат ефикасно да работат само на плински погон. Кај уредите кои сега се користат за вградување во моторите со директно вбризгување има два главни ограничувачки фактори кога се работи за конверзија на плински погон:
-висока цена на уредот
-моторот константно ќе троши и бензин и плин, во сооднос кој најчесто е 20%/ 80%
Во пракса се исплатува да се вгради кај возила кои поминуваат поголема километража во текот на годината, затоа што заштедата во пари не е поголема од 30% во однос на возење на бензин. Останува ограничувањето за вградување по код на мотор, сеуште има мотори за кои нема опција за вградување на плински уред, а добар дел од нив се 1.8 и 2.0 FSI/TFSI. Додатна одговорност на возачот е да го одржува моторот во одлична состојба затоа што секоја негова аномалија прави проблеми на директ-плинските уреди.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2546 на: 03 Јануари 2019, 19:12:14 pm »
Здраво плимонт.. имам е39 2.8 мотор со незнам некој британски уред..
Моментално колата пали на бензин и потоа на плин на некои си 55 степени при што треба да дадам туража до кај 2000 обрати.. Исто така кога ја запалам (загреана) не префрла на плин додека не дадам туража (100 пати ми се има случено така да го оставам да работи на бензин несакаќи)...

Е сега сакам да прашам дали може да се направи на помалку степени да префрла (пошто дури постигни 55 степени јас више сум пристигнал на дестинацијата).. Дали може да се направи самото да префрла (а не на гас) ? И дали може да се направи кога е загреана да пали на плин ?

На пример имам друго возило тоа само префрла на плин со 3 минути работа (ваљда е на 20-25 степени направено) и додека е загреана си пали на плин... И нормално никогаш не ми направило проблем.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4708
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2547 на: 05 Јануари 2019, 22:40:35 pm »
Како да ти помогнат ако не кажеш за кој уред се работи?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2548 на: 08 Јануари 2019, 17:02:58 pm »
Здраво плимонт.. имам е39 2.8 мотор со незнам некој британски уред..
Моментално колата пали на бензин и потоа на плин на некои си 55 степени при што треба да дадам туража до кај 2000 обрати.. Исто така кога ја запалам (загреана) не префрла на плин додека не дадам туража (100 пати ми се има случено така да го оставам да работи на бензин несакаќи)...

Е сега сакам да прашам дали може да се направи на помалку степени да префрла (пошто дури постигни 55 степени јас више сум пристигнал на дестинацијата).. Дали може да се направи самото да префрла (а не на гас) ? И дали може да се направи кога е загреана да пали на плин ?

На пример имам друго возило тоа само префрла на плин со 3 минути работа (ваљда е на 20-25 степени направено) и додека е загреана си пали на плин... И нормално никогаш не ми направило проблем.

Здраво

Потребна ни е информација за типот на плински уред, или барем фотографија од компјутерот или контролното копче, за да видиме за кој уред се работи.  Не можеме да се приклучиме на сите типови на плински уреди. Работите кои ги барате кај повеќето уреди од поново производство можат да се корегираат, но секако услов е да се работи за плински уред за кој имаме софтвер и на кој би можеле да се приклучиме.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2102
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2549 на: 10 Јануари 2019, 08:42:30 am »
Прво да го споделам моето искуство со плин на кола, 2013 ставив Ловато од Плимонт на Голф 5 со 1,6 мотор и бев презадоволен, 5 години и 60.000 км без ниту еден проблем (колата буквално нема сецнато за тоа време),..... сега моментално  разгледувам опција да земам Сеат Кордоба 2004-2008 со мотор 1,4 со 75 кс или 86 кс и нормално веднаш би ја ставил на плин, прашање до Плимонт, дали овие мотори „трпат“ плин, ваше искуство и кој уред би ми го препорачале, со цена нормално и кои се условите за плаќање (во смисла дали има можност на 12 рати без камата и сл), благодарам за секоја информација
Претпоставката е мајката на сите заебувања