Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 827427 пати)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2370 на: 02 Август 2017, 14:50:51 pm »
Не му требаат две расплињачи,имаш модели на томасето како на пример АТ13 што крепи 250КW

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4942
  • The Spartan General
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2371 на: 02 Август 2017, 14:58:28 pm »
Затоа реков, мое лично мислење. Знам само дека на кола која има променлива работна температура/променлив усис, кога натепаш сериозно гас, системот за ладење има проблем со губење на температура заради трансформацијата на плинот од течна фаза во гасна фаза. Ова може да биде проблем особено во зима, кога разладната течност се користи и за парно во самиот систем.

Кај сите мотори со поголема сила, системот за ладење треба да го компензира тој губиток на топлина. Сега дали една расплињача со поголем капацитет е подобро, или две помали, не знам. Ниту сум мајстор, ниту пак сум местел/штелувал плин.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14031
  • Пудингот на шоферството
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2372 на: 02 Август 2017, 21:59:27 pm »
Се зависи од системот и како е тој наместен.Од Изи Факинн грин не очекувајте ништо кај турбо бензин коли...Кај нормални не премногу нови и комплицирани е одличен,ама кај други НЕ Е.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2373 на: 03 Август 2017, 12:11:29 pm »
1.6 eco boost, бива ли на плин?

Се работи за direct injection тип на мотор, за кој се поставува посебно припремен плински уред. за 1,6 Eco Boost  моторите на  Ford , имаме опција за вградување на плински уред за моторите со следните кодови:
-JQD-A, 111KW
-JQD-B, 111KW
-JQM-A, 111KW
Кај direct injection моторите не може сосем да се исклучи бензискиот погон и колата константно ќе троши 15-20% бензин и 80-85% плин, што во секој случај ја намалува исплатливоста и го продолжува рокот на враќање на инвестивијата во плински уред. Цената на Landirenzo Direct e 1050 evra.

Отсутен vlatko05

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
  • k24a3
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2374 на: 03 Август 2017, 14:46:41 pm »
Се зависи од системот и како е тој наместен.Од Изи Факинн грин не очекувајте ништо кај турбо бензин коли...Кај нормални не премногу нови и комплицирани е одличен,ама кај други НЕ Е.
Зошто не би бил добар Изи Грин?

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14031
  • Пудингот на шоферството
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2375 на: 03 Август 2017, 15:42:52 pm »
Имам кажано и порано ама ај ке повторам,за нормална кола е ок,но за турбо бензин или некоја ‘пософистицирана‘ не го бидува.НА Волвото имав премногу глупи проблеми(во првите 2 месеци немаше ништо),после штеловање на секое,па бушење дизни,па рикна едната расплињача,па на крај од шо ги избушија дизните коилку шо треба и не треба ми дувна вентил.
Откако ја средив главата комплетно право во сервисот кај шо го монтирав плинот и ми го сменија со Ловато ИЗи Фаст без никаква доплата.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен slavjanski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2376 на: 09 Август 2017, 19:15:04 pm »
Плинот на долги стази ги гори вентилите или треба да се погоди моделот на мотор да трпи плин? И како се шкодите со 1.0 mpi мотор покажани за на плин?

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8056
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2377 на: 09 Август 2017, 21:25:33 pm »
Ако плинот ги гори вентилите, ги гори. Како може да се погоди моторот па да не ги гори вентилите?

Отсутен momak_31

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2378 на: 09 Август 2017, 21:29:06 pm »
Штом е мпи си трпи плин. Колку ли ти троши  тоа 1.0 моторче па плин да му ставаш? А за горењето вентили читни ја малку темава

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8808
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2379 на: 10 Август 2017, 17:02:56 pm »
Плинот на долги стази ги гори вентилите или треба да се погоди моделот на мотор да трпи плин? И како се шкодите со 1.0 mpi мотор покажани за на плин?

јас на ибицата со 1,4 мпи поминав 110к километри само на плин ја продадов со 150к и уште ја возат без мака. претпоставувам не дека нема некое греење или оштетување на вентилите ама е во некои толерантни граници.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14031
  • Пудингот на шоферството
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2380 на: 10 Август 2017, 17:09:33 pm »
Ако плинот ги гори вентилите, ги гори. Како може да се погоди моторот па да не ги гори вентилите?
Зависи какви вентили ставиле во моторот од шо материјал се направени итн.итн.Затоа некои коли имаат потреба од капалка за масло,некои не.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2381 на: 11 Август 2017, 15:47:10 pm »
Плинот на долги стази ги гори вентилите или треба да се погоди моделот на мотор да трпи плин? И како се шкодите со 1.0 mpi мотор покажани за на плин?

Проблемот со загревање на вентили на плински погон се однесува на јапонските возила  од поновата генерација, чии мотори имаат вентили со мали дименмзии и изработени од лесен материјал. Шкода возилата опремени со три-цилиндарскиот 1.0 мотор се сосем погодни за вградување плински уред Голем број на возила со овој мотор веќе се конвертирани на плински погон, функционираат без проблеми.

Отсутен Beki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2382 на: 12 Август 2017, 19:28:25 pm »
Дали може да се направи само А-Тест на веќе вграден плински уред во автомобил,за потоа да може да се внесе во сообраќајна?

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2383 на: 12 Август 2017, 19:42:58 pm »
Дали може да се направи само А-Тест на веќе вграден плински уред во автомобил,за потоа да може да се внесе во сообраќајна?
Како мислиш дали може? Нели на веќе вградени одиме да вадиме А-Тест?

Отсутен Beki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2384 на: 12 Август 2017, 19:51:26 pm »
Дали може да се направи само А-Тест на веќе вграден плински уред во автомобил,за потоа да може да се внесе во сообраќајна?
Како мислиш дали може? Нели на веќе вградени одиме да вадиме А-Тест?
Да ама претходниот сопственик на автомобилот го нема документот од каде што го монтирал плинот,и сега без таков документ незнам дали ќе може да се извади А-Тест,или дали може некаде да се изваде документ за да потоа се оди на А-Тест?