Автор Тема: VW Golf MK2 GTI 16V  (Прочитано 114877 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #420 на: 17 Март 2019, 22:45:48 pm »
@NUME моментално амортизерите се со фабрички подесена висина и preload и не ги пипам додека колата не се заврши целосно, тогаш реално ќе знам колку треба да се крене  и подеси тврдина. Инаку изгледа ниско затоа што гумите се високи и бандажот е внатре, еве со моите бандажи како е:





Цел прст и повеќе е крилото над гумата.

Денес ситно се чепкаше, наместив кедери комплет на вратата и ретровизори да се види што е како е и каде треба да се крати.







И наместена шипката за хауба заедно со држачот на везниот лим.



Чика Златен ама кажи нели  ;D

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5716
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #421 на: 18 Март 2019, 09:14:41 am »
OK togas, mora da se ima na um deka trkaloto mora da ima mesto da "igra" na nasive krateri da ne zakaci krilo, otide cel trud... jas ostaviv karter na 2 pati taka...  :(

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #422 на: 03 Април 2019, 21:56:31 pm »
Полека се стига до денот Д, или ќе пали или нема да пали  ;D

Во меѓувреме се среди перката за ладење, се монтира ладникот и комплет ладникот од климата со испаривачот.











Нарачан и стаса нов хал сензор.



Ако некој примети од погорните слики има и фарови веќе  ;D и пластиката под шофершајбна исто стаса и е намонтирана. Чекам деновиве маската со внатрешните фарови да стаса.



И мораше да падне прашината од стоење во гаража, па неколку слики од тоа.






Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #423 на: 03 Април 2019, 21:59:50 pm »
Нема место за коментар, се е кажано со сликите. БРА ВО!!!

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #424 на: 04 Април 2019, 06:27:42 am »
И? Запали? Да доаѓаме да турнеме малку? :D
Дечки, секоја чест, стварно!

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #425 на: 17 Април 2019, 17:28:02 pm »
Епа наздравје другари.


Има уште некоја ситница да се досреди со вакум цревата, некаде пушта вакум затоа вака со кренато црево за усис работи. Генерално сум пресреќен, неможам да искажам доволно благодарност до другарите кои ми помогнаа да стигнам до тука.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #426 на: 17 Април 2019, 21:13:48 pm »
Да прославиме!


Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #427 на: 17 Април 2019, 21:37:19 pm »
Браво, секоја чест!

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #428 на: 13 Мај 2019, 23:04:19 pm »
Шо не кажувате дека пајажини фатила темата  ::)

Шала на страна, одамна немам пишано се зафатив со освежување на тројката VR6 ми требаше некој дејли драјвер откако ја продадов двојката ГТИ со 5 врати. Тие што прателе наназад ги знаат и едната и другата, во глобала еве ја моменталната состојба на тешкашот:



Ова е од собирот на АСУЦ, за кој што до последен момент се правеше напор да се појави колата откако морав да сменам комплетна инсталација и компјутер во Саботата.

Доста оф топик.

Двојката се работи лагано колку што дозволува времето и главниот мајстор. Најмногу се разочарав додека чекав "оригинална" маска за напред со малите фарови и не добив шамар.. море два.









Си отидов фино лепо на отпад, си купив крш за дел од цената на новата и се зафатив со работа.







Исто местев главните кедери што одат на кров и дел влага да дихтува меѓу вратата и шасијата. Наместени предните странични прозори бидејќи конечно стасаа и нови електрични механизми за истите.





Ситно се брои до крајот, таман да пројде ова со дождовиве и да планирам транспорт и регистрација.


Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1343
  • Велешанче
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #429 на: 15 Мај 2019, 20:39:57 pm »
Одлична работа како и до сега. Со што ја фарбаше маската ?
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #430 на: 17 Мај 2019, 04:29:12 am »
@МулевР ти благодарам. Црвениот дел од маската е акрилна боја мешана по нарачка за да биде како фабричкото црвено, остатокот е обична мат боја прва што ја фатив на полица у дуќан.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1588
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #431 на: 17 Мај 2019, 20:17:06 pm »
Тројкава ја видов денеска на паркинг во беверли трковскиот одличнаа е

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 696
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #432 на: 18 Мај 2019, 01:05:21 am »
Тројкава ја видов денеска на паркинг во беверли трковскиот одличнаа е

Ја виде црната тројка или оваа на сликата?
Денес беше пола ден на паркингот во Беверли.




Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1588
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #433 на: 18 Мај 2019, 08:24:03 am »
Ovaa na slikava bese

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #434 на: 23 Мај 2019, 11:54:41 am »






@kire95 исто е ама не е исто  ;D на црната фалат уште некои детали и да се монтираат другите бандажи што ги имам со нови гуми.

Да се вратиме пак на темата, конечно колата ја свртев некое кругче низ маало, има уште ситно работа да се наштелува петти цилиндар и повторно да се испушти воздух од кочници.

Имав купено Дигифиз (дигитална табла) од поодамна која беше за стар тип на инсталација, кај мене е нов тип... па со главниот мајстор извадивме шема до шема исфрливме тоа што не треба и комбиниравме тоа што остана со кабли кои ги најдов од Голф 3ка за да може да се уштека во осигурачка табла.

И сето тоа изгледа вака (имам сијалички за промена на дигифизот затоа не свети едната половина):


Еве видео од првото пробно возење:


Морам да кажам дека сум позитивно изненаден од H&R штелките и дури сметам дека се за нијанса подобри од KW варијантот што ги имав на другата двојка.

Конечно е средено и осветлувањето.





И како изгледа моторниот простор под хауба кога комплетно се е наместено, вклучувајќи ги и цевките за клима.





Крајот на овој пост би го искористил за уште еднаш да му се заблагодарам на тимот другари кои безусловно помагаат во работата до 2-3 саат по полноќ: Антонио, Дуле, Даре и Коста. Фала ви дечки.