Автор Тема: Држачи на мотор  (Прочитано 20326 пати)

Отсутен Strujata85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 249
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #90 на: 07 Март 2015, 20:58:06 pm »
Кој продава без преваранции оригинали држачи за мотор и од прилика колку би биле ако знај некој, за голф 3 тди :D ;)
Живејте го животот, бидејќи има рок на траење . . .

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #91 на: 08 Март 2015, 19:37:26 pm »
Во порше појди си само таму оргинал.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #92 на: 08 Март 2015, 20:06:27 pm »
Или Лемфордер пробај да најдеш, квалитетни производи имаат :)

Отсутен Petrus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
  • Стара кола и млада жена бараат многу работа!
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #93 на: 09 Март 2015, 07:55:15 am »
Zdravo narode!
Дајте препорака каде можам да најдам во Скопје или пошироко држачи за мотор за Fiat Brava 1.9TD 75S од 1998г. ???
Благодарам
Мала кола бара помалку фрлање пари во бунар!

Отсутен Monter

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #94 на: 11 Јуни 2015, 00:26:25 am »
Ставени Бирт држачи на фокус  на мењач и на мотор долу се јави дупло поголемо тресење истите извадени и вратени назад старите сега е подобро само треба да најдам некој поквалитетен што е за на шасија тој е уљен кој е напукнат а според мајсторот тој бил во ред па му начукал гумици џабе ми ги замњенил. М и препорачаа од МАЛО италијански ?

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3617
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #95 на: 11 Јуни 2015, 10:15:31 am »
Прашај во Мида ако не се безобразно скапи. Мега аутопартс би требало да имаат пристојни делови за нормални цени. Евентуално Еуро07.

Отсутен Mikroos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 923
Одг:
« Одговори #96 на: 11 Јуни 2015, 23:48:52 pm »
A koj se simptomi deka drzacite se otideni?. Na primer trganje vo vtora i da trese kolata na trganje e znak deka nekoj drzac e za zamena?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #97 на: 11 Јуни 2015, 23:54:06 pm »
нај често, прв показател за тоа дека држачите не се више тоа што биле е кога ке тргаш да ти мрдне рачката до мењачот...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Monter

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #98 на: 12 Јуни 2015, 18:50:11 pm »
Симптоми се следни во прва при тргање има тресење и во втора, има тресење на волан кога е во место, има поместување на менувачот а кога е во прва и давам гас и наеднаш го пуштам буквално внатре се клацкам напред назад и се слуша звук како да се удира метал со метал   и кога ги имав ставено тие од бирт кога видов дека е полошо ја ставив на канал и моторот буквално со рака го поместував имаше преголем ход  

Отсутен Basket

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #99 на: 17 Август 2020, 13:55:36 pm »
Дечки ве молам за помош, лани го сменав тој големиот горен држач на мотор заради тоа што особено при ладен мотор тресеше, ме кошташе 3500 денари и еве сега после една година одеднаш откажа и е неподносливо да се вози.
Се работи за пежо, дали да ставам нов држач, да ставам од кај Мите репариран за 1000 ден или да барам половен.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #100 на: 17 Август 2020, 14:04:14 pm »
Што добиваш ако го купиш половниот? - Ќе си поминеш со поевтино, ама го купуваш и ризикот за брзо време пак да почне ти тресе при тргнување.

Не е само да го менуваш секоја година држачот, треба и да се открие позадинската причина зошто го предизвикува тоа тресење. Нека ја дигнат нека проверат зошто тресе, каде се тресе, каква е состојбата на гумиците, да не има во близина некаде шасиска штета. 4 години ја возам со сменет држач и сум немал мака до сега, јас 4000 платив со се местење.

Знам дека ситуацијава е таква и не сме при кешарац, ама сепак станува збор за моторот на возилото

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3617
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #101 на: 17 Август 2020, 14:40:09 pm »
Поради тоа што сиромавиот двојно плаќа, не ги менуваме сите одеднаш со нови и квалитетни како што е ред. Пробај оди купи оригинален ако не е една рака и две нозе во цената.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #102 на: 18 Август 2020, 07:12:01 am »
Шо марка е тој шо не ти се погоде, да знајме да не земаме?

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #103 на: 02 Јануари 2022, 19:52:29 pm »
Дали вибрации на лер се симптоми за лоши држачи на мотор? Ако ги кренам обртаите на 1000/1050, вибрациите ги снемува.

Кога ги гледам одозгора држачите делуваат океј, а мајсторот што ми менуваше масло ми вика дека држачите се здрави. Кога пробувам да тргнам со крената рачна (општопознатиот тест за држачи на мотор) моторот не се мрда скоро ич или минимално. Замаецот не тропа и не се менува ништо со стегнат/пуштен кумлуг.

Дали поради старост (претпоставувам не се сменети никогаш, 15тина години) може да се скрутени и да пренесуваат вибрации на каросерија, а да изгледаат здрави?


Што марка препорачувате за држачи? По интернетов има многу искуства дека при промена на држачите им се јавуваат погилеми вибрации поради неквалитетни држачи.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17281
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #104 на: 02 Јануари 2022, 20:58:39 pm »
Држачите може да се омекнати само, или пак скинати од страната што не се гледа очигледно.

Марка... Мое искуство до сега вика "што поскапи и од попознат производител, тоа поарни". :)