Автор Тема: Држачи на мотор  (Прочитано 20210 пати)

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3617
Држачи на мотор
« на: 11 Октомври 2011, 22:37:35 pm »
 Мондео '94г ТД со држачи на моторот во лоша состојба, вкупно 3 . Сакам да ги сменам, има ли некој контакт за нешто поквалитетен производител и каде се наоѓа, број, ова она? Страв ми е да прашам колку чинат во Мида, оти ќе ми кажат некоја луда цена како по обичај  ;D
« Последно менување: 12 Ноември 2011, 22:47:54 pm ARMExterminator »

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6947
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #1 на: 08 Јануари 2012, 15:01:01 pm »
« Последно менување: 08 Јануари 2012, 15:56:07 pm AllMightyMe »

Отсутен mrmut

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 731
    • http://VisitsToMoney.com/index.php?refId=601060
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #2 на: 08 Јануари 2012, 19:03:09 pm »
Ништо од тој муабед земи Оптимал , а ако ме гледаш мене завари ги јас и на двете коли ги заварив ;D сеа малце е по бучно возењето но ствар на навика  ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #3 на: 08 Јануари 2012, 19:04:56 pm »
Ништо од тој муабед земи Оптимал , а ако ме гледаш мене завари ги јас и на двете коли ги заварив ;D сеа малце е по бучно возењето но ствар на навика  ;)
А тоа што ќе скапе каросеријата кај што ќе ги завариш и когаќе ти падне моторот доле на асфалт после 3-4 години?

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #4 на: 08 Јануари 2012, 20:13:18 pm »
Ништо од тој муабед земи Оптимал , а ако ме гледаш мене завари ги јас и на двете коли ги заварив ;D сеа малце е по бучно возењето но ствар на навика  ;)

Ќе ти ја раздрма цела кола така,шал таблата ке ти се растропа,не е решение тоа.....
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3617
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #5 на: 09 Јануари 2012, 01:31:50 am »
Ќе прашам и во Крис&Том, и во еуро007 и секаде каде што се наоѓа нешто слично, благодарам за информациите!

Отсутен mrmut

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 731
    • http://VisitsToMoney.com/index.php?refId=601060
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #6 на: 10 Јануари 2012, 20:14:44 pm »
А тоа што ќе скапе каросеријата кај што ќе ги завариш и когаќе ти падне моторот доле на асфалт после 3-4 години?

Држачот го варам сам за себе а не на школка , и еве една година јас и познавам некои други луѓе што истото го направиле на никој не му се има растропано ентериер , напомнав дека само но врсто на лер гас е по бучна

Отсутен vectra 2.0dti 2001van

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #7 на: 04 Март 2014, 22:33:10 pm »
Dali nekoj moze da mi kaze kade mozam da nabavam drzaci za motor na vectra 2.0dti 2001god karavan po pristupacna cena

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Re: Држачи на мотор
« Одговори #8 на: 04 Март 2014, 23:22:10 pm »
Optikoop mislam deka imaat dosta pristupacni ceni

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #9 на: 05 Март 2014, 00:24:01 am »
Јас го сменив долниот а страничните ги појачав со полиуретански лепак и мака нема,камен е стегнат моторот

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #10 на: 05 Март 2014, 00:53:39 am »
Ако не ви се даваат пари за оргинал држачи има луѓе што лијат на оргиналниот нова гума, јас на ровер 214 не можев да најдам оргинал и го пратив за скопје мислам дечкото се вика Мите и дома ги работи......е сега пак треба да се праша за конкретен модел дали може да заврше работа....околу 800-900 ден ми зема мене.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3617
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #11 на: 05 Март 2014, 02:18:11 am »
Јас го сменив долниот а страничните ги појачав со полиуретански лепак и мака нема,камен е стегнат моторот

Каков е тој полиуретански лепак? Јас оној "Бизон" лепак го ставив на еден постар држач, камен тврд стана држачот после 2-3 дена. На стариот му се добри и вака, одамна не го возам фордот или пак екстремно ретко.
Мите легендарниот, едно чудо репарира за ефтина цена и ултра шкарт квалитет. Веројатно е добар ако сакаш да ја продаваш колата.
За Опел ако нема делови по пристапна цена, не знам за кого има.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #12 на: 05 Март 2014, 10:50:03 am »

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3617
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #13 на: 05 Март 2014, 10:59:47 am »
По такво онлајн упатство и јас работев, туку проблем е самиот лепак да се набави. Од каде го купи?

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Држачи на мотор
« Одговори #14 на: 05 Март 2014, 11:09:45 am »
Јас го земав од локална продавница за бои и лакови,не беше на 3М не ми текнува сеа точно на фирмата,со едно пакување јас направив 4 држачи,3 мои и еден на дарио му праев и пак остана нешто ситно лепак.