Автор Тема: VW GOLF 5 TSI  (Прочитано 48891 пати)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #150 на: 10 Август 2019, 21:07:02 pm »
Мал апдејт:
Моментална километража 220 илјади. Се возев малце више деновиве па отворив хауба да зирнам што се дешава испод.
На прошли сервис мајсторите исцедиле нешто улје па и се што се наталожило околу моторот изгледаше доста лошо.

Денеска бев до маркет, купив некоја течност за чистење мотор у прскалка и се фрлив на работа едно саат време. Мислам ако се потрудев поише ќе имаше уште болји ефект, ама за толку време со една крпа што можев да приберам, не е лошо.

Сликнав нешто






До следно..


Sent from my iPad using Tapatalk

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29154
    • CARclub.mk
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #151 на: 10 Август 2019, 22:44:23 pm »
Фино си зачистил, well done. Моторов ко 15.000 да има поминато.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #152 на: 12 Август 2019, 14:06:00 pm »
Фино си зачистил, well done. Моторов ко 15.000 да има поминато.

Арно да имаше, ама има наакано доста поише :)
Иначе сега приметив дека и капачето за улје ми го ставиле обратно, па го свртев и тоа :)
Мрзам не-педантни мајстори

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #153 на: 10 Септември 2019, 15:33:23 pm »
Ми се деси прв дефект, ми испушти климата..Се возев прошлиот викенд и се паркирам и слушам нешто ми шушти напред. Прво помислив дека некоја гума испушта воздух, па ги душкав една по една :)
После отварам хауба и слушам од некаде испушта некој воздух. Од почеток мислев дека некое црево од системот за ладење, ама укапирав по два дена кога пуштив клима дека нешто не валја од тој систем.

Знае некој што е најчест проблем со климиве и што може да биде, црево/вентил или компресор? Ќе идам кај и да е на сервис па ќе им кажам да зирнат што се десило. Колку што приметив, компресорот си врти и си работи кога ја уклучувам, но не лади.

Исто да напишам дека сум малце разочаран од Континенталот што ги монтирав од Мото-центар. Пишувам малце пошто имам преку 20 илјади пројдено со нив и не очекувам да се понашаат ко нови, али последно време значително станаа побучни.
Споредбава ми е со прошлите Мишелин Енерѓи кои после скоро 50 илјади пројдени почнаа да вадат некој минимален звук кој е значително потивок од овие сегашниве..

До следно пишување...

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #154 на: 26 Декември 2020, 09:51:55 am »
Гледам не сум пишал одамна, па да апдејтирам…

Ланската зима монтирав зимски гуми Ханкок и искрено за парите бркаат работа. Добро држат на влажно али малце побучни се на отворен пат.



У меѓувреме зимата заминав две недели за Малта и ја остаив на аеродром со дигната ручна на -15 едно две недели. Ко се вратив едвај се одблокираа па продолжив да возам. По неколку дена имав пак проблем со едната страна па отидов у сервис и ја променија цела кочиона шепа комплет со цилиндри.
Ме свирнаја 380 франака. Памет за друг пат.

У меѓувреме сврти голфот скоро 240 илјади и време беше да се пензионира. Прво пробав тука да го шитнам али ми се испозалепија некои балканци со смешни суми па на крај одлучив да го пуштам за МК и да го увезам. Сега го вози татко ми и ќе го вози сигурно уште 5 години.





Само што стигна у Македонија, се промени улје, филтер за улје, глицерин, филтер за воздух. Остана уште климата да се среди и да се наполни и тоа е тоа.





До следно пишување…

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13576
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #155 на: 26 Декември 2020, 10:05:54 am »
Рајот (читај:пеколот) за секој половен VW e Балканот 😂

Башка подмладување добива кај нас, по ново 190 000 км.


Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #156 на: 26 Декември 2020, 10:55:38 am »
Оваков сочуван 135.000км ко од шала трпи.