Тие од 2Т се многу мали и имаат „од“ од 9цм, што е недоволно да го крени тркалото за да го извадиш, пониски се ама џабе, освен за 13-ки тркала, а можи и малите коли имаат саг од 10цм, не знам.
Јас зедов од 4Т со висина од 17цм, и колку толку е поширока на основата и кнап ми беше за напред да ја кренам, назад комотно ја збира.
Одот од 11цм е минимумот за да го извадев тркалото, луфта половина сантиметар само. Друго клипот на цилиндарот околу телото има одоколу ~2мм слободен простор, па кога ја кренав на едната страна се направе 4мм на другата 0, клипот на криво.
Ама немаше гајле, изгледа така треба, пошто не ја креваш праволиниски нагоре шасијата.
За 680ден е за 1 третина од крокодилката, па со џек стенд за безбедност се исплаќа користењето. Фабричката ножица ми е посигурна ама повеќе од дупло побавна.
Кој можи да си дозволи и има место за чување, крокодилка најубаво.