Автор Тема: Места на кои треба да бидеме претпазливи.  (Прочитано 217068 пати)

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #555 на: 04 Октомври 2019, 09:55:25 am »
Во Естонија од септември ако те фати џандар за брзо возење имаш две варијанти. Си плаќаш казна како обично или нема да платиш но ќе мораш да дремеш точно еден час во автомобилот покрај патот :)

Многу јака идеја.   ;D ;D ;D
Стварно добро решение, за пофалба. Ама кај нив не е поентата само да земат пари, него и едукативно да влијаат на учесниците во сообраќајот. Браво.
Навистина одлична идеја. Незнам дали некој би платил во таков случај. :)
Па тоа е и поентата изгледа, да не брзаш пошто ќе стигнеш 1 саат покасно.... ама кај нас #ОлиК.гоБоли

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #556 на: 04 Октомври 2019, 10:04:07 am »
2. Народов ќе го злоупотреби тоа

Вака некако...




Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #557 на: 06 Октомври 2019, 05:38:45 am »
Јако! Јас би додал и да мораш да ја измиеш колата за тие саат време и да им ја измиеш на тие што ќе те приметат дека дремеш и ќе застанеш и ним да ја измиеш.
И да брчат со уста ко децана брррм, брррррррр...

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1318
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #558 на: 10 Ноември 2019, 17:11:07 pm »
Од кочани до штип скоро у секое село имаше полиција  :-\

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6889
  • хаУс мајстор
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #559 на: 10 Ноември 2019, 18:30:00 pm »
Тројца полицајци :D

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2944
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #560 на: 30 Ноември 2019, 11:43:16 am »
Од една јавна набавка на генерален секретаријат на Влада:

"                                               ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
за доделување на договор за јавна набавка на услуги – софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни


Софтверот е наменет за управување и контрола на уреди/камери со помош на кои се одредува просечната брзина на возилата. Уредите/камерите се поставени на патиштата на различни локации. Секој уред/камера е регистриран/внесен во софтверот. Уредите се мобилни и не зависат од никаква инсталација затоа што безжично се полнат со енергија и имаат безжичен интернет така да секојдневно може да се поставуваат на различни локации.
Суштината на софтверот е да ја мери просечната брзина на движење на едно возило.

Софтверот од камерите добива слика од возилото кое поминува во моментот, сегментирана регистарска таблица и ГПС локација. Дополнително уредите имаат вграден алгоритам за OCR (Optical Character Recognition) на регистарските таблици на возилата (ги чита таблиците на возилата и ги претвара во бројки и букви во дигитална форма).   

Кога автомобил ќе помина покрај уредот, истиот ја отчитува неговата регистарска табличка и ја претвара во букви и бројки. Уредот преку интернет конекција праќа информации до софтверот, за регистарските таблици на возилото, времето кога е отчитана таблицата и ГПС локацијата на уредот. Автомобилот продолжува да вози и кога ќе дојде пред друг уред поставен на друга локација, уредот повторно ги чита таблицата и го евидентира времето на поминување и ГПС локацијата на тој уред и ги испраќа до софтверот. Откако софтверот ќе ги добие податоците, тој пресметува колкаво е растојанието помеѓу двата уреди, за колкав временски интервал го поминал автомобилот растојанието и ја пресметува просечната брзина со која се движел. Доколку просечната брзина е поголема од дозволената брзина во тој простор, системот автоматски генерира казна за возачот.

Софтверот користи ГПС мапи за да знае во кој дел од делницата колку е максималната дозволена брзина и во зависност од тоа и пресметува дали е извршено преминување на максимално дозволената просечна брзина за таа делница.
"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #561 на: 30 Ноември 2019, 11:50:23 am »
Прање.

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #562 на: 30 Ноември 2019, 11:50:57 am »
Еднаш го поништија тендерот, се надевам пак дека ќе го поништат.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6335
  • Бенве сие бенве
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #563 на: 27 Декември 2019, 21:55:09 pm »
Бидете внимателни на клучката кај кадрифаково во правец штип велес. Идиоти глупави и слепи влегуваат во контра лента затоа што не знаат да се престројат и возат во обратна насока кон штип се додека не дојдат до автопатот па вртат 180 степени.
Ми спомнале луѓе дека им има излезено кола во контра смер, мене денес ми наиде камион па среќа две ленти се се разминав.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2055
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #564 на: 10 Ноември 2020, 18:53:22 pm »
Бидете внимателни на клучката кај кадрифаково во правец штип велес. Идиоти глупави и слепи влегуваат во контра лента затоа што не знаат да се престројат и возат во обратна насока кон штип се додека не дојдат до автопатот па вртат 180 степени.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Мислиш на она широкиот лак/кривина одма десно после недоправената бензинска, па под автопатот за накај МИК Свети Николе?
Ако е таму, да. Идиоти цепаат право од МИК и се вклучуваат во грешка насока на автопатот.

Таму еден камионџија го папаше пред некој месец, се убаци во контра смер и се качи на автопатот за накај Свети Николе, ама имаше цајкани позади мене (си возеа некаде), му влетаа клизачи таман кога се качи кај бензинската. Штета што не присустував на врачувањето казна.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16661
  • Keep it 100
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #565 на: 11 Ноември 2020, 17:39:14 pm »


Според директорот на Националниот парк ,,Маврово,“ Самир Ајдини утрово за време на потресот се урнала огромна карпа во близина на селото Сенце, кое се наоѓа на територијата на националниот парк. На патниот правец Дебар – Маврово, во близина на Косоврашки мост исто така се урна огромна карпа на патот и моментално патот е во прекин. Раководителот на дебарската единица на ЈП ,,Македонија пат“ Деар Лимановски за РСЕ изјави дека за среќа во моментот на уривањето на огромната карпа немало движење на автомобили, ниту патници.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5227
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #566 на: 27 Март 2021, 10:10:07 am »
Пазете на релација Скопје - Петровец, веднаш после бензиската Макпетрол на неколку пати сретнувам глутница џукели како го преминуваат аутопатот. Гледам тука да успорам ама не секогаш се сеќавам на време.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6889
  • хаУс мајстор
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #567 на: 14 Мај 2021, 18:53:16 pm »
Од Пресека накај Охрид каде што го шират патот пазете на сред лента има направено вдлабки од 1-1.5м полукружни ваљда од машините за гребење асфалт, ги има на еден предел да не речам на секои 50м.
Обично пратам знаци ама искрено не видов знак кој известува за вдлабки иако брзината е ограничена на 50км/ч поради изведување работи на пат а доста брзо возат на тој дел, па така возило од брза помош му влезе во гепек на еден Пасат кој најверојатно закочил ради вдлабката.
« Последно менување: 15 Мај 2021, 12:30:09 pm зоки-златен »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #568 на: 14 Мај 2021, 21:47:25 pm »
Златен, „секои 50 метри“

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6889
  • хаУс мајстор
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #569 на: 15 Мај 2021, 12:31:52 pm »
Поправено :)
Сепак, бидете внимателни ако оди некој, незгодни се ептен.