Наместени амортизерите. Први впечатоци, одлично!! Пак е спортско и стегнато, го чуствувам секој нерамен дел од патот и таман ќе наиде некоја дупка ги затварам очите очекувајќи експлозија и удар во кичмата, и наеднаш се слуша само дубдуб, лагано ппминува низ неа како и секоја друга кола.
@Molec мислам дека ти е многу познато ова бидејќи го возиш истото подвозје, знаеш каков предизвик е за нерамен пат...Тестирав на улица со дупки, до толку мењаваат дампинг што првите дупки ги осеќаш 2-3 секунди и понатаму се губат, како да се возиш во друга кола. И се беше супер ама малку се загрижив мислејќи дека ќе го изгубам тоа што беше колата во кривини и на аутопат. Сум се лажел, сега е уште подобра😆. Има многу помалку бодирол, и не знам зошто ама осеќам како колата да има многу побеќе downforce, како да ја бутка нешто за земја.. може да е психа не знам, ама нијанса подобро ми е од претходно.
Се на се задоволен од исходот и вредеше чекањето. Ако некој друг вози спортско подвозје, му ги препорачувам.
Пс: колата сега напред седи малку повисоко, ќе си легне со тек на веемњ или може да остане така?