Еден пријател има проблем со Lancia Musa 1,9 JTD 2005 година. Нема правило дали е загреан моторот или не, се случува да колата губи сила, папучата за гас до доле а колата едвај иде. После неколку турирања, знае да пушти и веќе над 2.500 обртаи нема проблем, си оди нормално, не сецка. Сабајле си пали без проблем, тргнува без проблем и после 10 минути возење, знае да изгуби вака сила (тргнување прва брзина или при забавување и тргнување/забрзување во втора брзина. Кога се случува ова колата многу чади.
Мене ме асоцира на ЕГР вентил. ДПФ не знам дали има (а и он не знае дали овој модел има). Колата од крајот на летото се вози исклучиво во градски услови (2 км во еден правец и назад),и сигурно придонесува за оваа појава. Ваши сугестии/мислења?