Автор Тема: Техничко прашање во врска со фарови ( поправка/дијагноза? )  (Прочитано 1607 пати)

Отсутен Stefco_

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Здраво на сите на форумот,

Имам проблем со фар на Цитроен Ц3, по промената на сијалици за средно светло едниот фар постојано магли и тоа со поголемо количество на вода во него. Од тоа што можев да пробам и да испитам самиот е дека фарот не е скршен никаде и дека пластиките се убаво ставени заедно со заштитната гума. Има ли некој идеја или информација каде може да се репарира фарот.


Благодарам  :-[










Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Водава е внатрешно? Многу некако. А после работа на фарот (вклучено светло подолго време) останува замаглено или се суши влагата?

Отсутен Stefco_

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Водата е од внатрешната страна, после подолго возење се поднамалува ама сепак утре дента е пак горе/доле во иста состојба фарот. Со ладново време знае и да замрзне :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
некако не ми иде дека поради промена на сијалици се замаглува. а кондензацијата е машала голема и вода има машала многу за да се каже дека е кондензација воопшто.... да не пукнала пластиката на некој држач од фарот? за волку многу вода внатре, мене ми иде дека спеак е директно влевање на вода во него а не кондензација...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Провери си ја убаво гумицата позади на фарот, можно е да ти е изместена или неубаво налегната во лежиштето па одтаму да влегува вода.

Отсутен Stefco_

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Ја провеив пластиката на задната страна ( го извадив и го ставив ), ги работев фаровите и со пластиката и без неа меѓутоа не смени ништо. Има ли некој сервис за поправка?
Во една продавница кај олимписки пронајдов фар заменски марка ДЕПО продавачот ми рече дека се Француски меѓутоа кутијата си беше Тајланд :), некое искуство со нив?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43342
  • Il Moderatore
Водата е од внатрешната страна, после подолго возење се поднамалува ама сепак утре дента е пак горе/доле во иста состојба фарот. Со ладново време знае и да замрзне :)
Кога ќе одиш на подолг пат, извади го капачето од позади, топлината од сијалицата ќе го исуши фарот, потоа пак затвори го. Пред да го затвориш, може на капачето да залепиш кесичка силика гел. Вака ќе се решиш од кондензацијата внатре во фарот. За предихтување, пробај убаво со силикон по работ на стаклото да го залееш, секако на изваден фар, и убаво исчистен.

Едит: Ете го Дени скокнал со упатство. Следи го од погорниот пост упатството.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Stefco_

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Ви благодарам многу Дени и Симо, нов сум на форумов незнам дали има допаѓања на коментари или троефеи ако има кажете да ставам.

Поздрав.

Ке пишам пак со слики пред/после ситуација

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4708
Депо е катастрофа немој да се лажеш