Автор Тема: Храна  (Прочитано 1025578 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: Храна
« Одговори #6930 на: 13 Ноември 2018, 12:30:37 pm »
Ајде еден почест и по-познат термин за хидрогенизирани масти се трансмасти/незаситени масти.

Цитат
Хидрогенизираната маст се користи за изработка на тврд маргарин, кој се пакува во коцки и се користи во домаќинството. Овој маргарин содржи најмногу трансмасни триглицериди (19 - 49%).

Печените производи од масно тесто се најбогати со трансмасни киселини, па за жал, излегува дека, на пример вкусните и атрактивни кроасани, во поголеми количини се штетни.

Храната пржена во фритеза е, исто така, богата со трансмасни киселини. Маслата за готвење, кои дедлумно се хидрогенизирани, содржат 1-13% трансмасни киселини. Значи, маргарниот не е единствена намирница со трансмасни триглицериди. Сите намирици кои во себе содржат хидрогенизирани или делумно хидрогенизирани масти, имаат во себе повеќе или помалку трансмасни киселини.

Веднаш се поставува прашањето. Која е целта на хидрогенизацијата на мастите? хидрогенизацијата на мастите овозможува нивно подобро одржување (во однос на течните масла), полесно пакување и подобар вкус.

Може ли хидрогенизацијата 100% да се контролира? По правило не може, бидејќи за тоа воглавно не постојат адекватни технички средства, поготово ако се штеди на скапи катализатори, ако осцилира работната температура (260°C) и притисокот. Токму затоа и количината на трансмасните киселини варира во финалниот производ.

А ако некој очекува од биксвити, разни кексови и благи и чипсови дека не содржат незаситени масти е во заблуда. И сам дома да пржиш чипс пак ќе има незаситени масти.

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 155
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Храна
« Одговори #6931 на: 13 Ноември 2018, 12:42:59 pm »
Не знам кој очекува да не содржат. Јас реков дека во продавница ретко нешто да најдеш да не содржи, особено од таков вид производи.

Лошото е што  не се означуват како што треба, туку често само пишуваат "растителни масти", и ретко некој наведува дека тоа се хидрогенизирани растителни масти. Особено по нутелите и кремовите, ретко кој совесен произведувач пишува хидрогенизирани. Кремовите се Big No No, да се користат на дневна основа.

Да се разбереме, рафинирани масти, и хидрогенизирани не е исто. Така да, ако си пржиш во обичен рафиниран зејтин не е исто, со ако пржиш со некоја палмина хидрогенизирана маст. Не сум запознат баш, но мислам дека за пржење се користи рафинирана, а не за хидрогенизирана маст.

Хидрогенизираната маст е потреба бидејќи стврднува на собна температура, и може да се прави буквално се од неа.

Што се однесува за кроасани, СИТЕ кроасани се прават со маргарин, тоа е еден ред маргарин, еден ред кора, еден ред маргарин еден ред кора.

Оригиналните француски кроасани се разбира се прават со путер. Јас кроасани со путер не сум видел кај нас. Може освен некој во некоја занаетчиска пекара да прави нешто од мерак.

Исто, сите тие солени благи кексови, колачиња, переци, слани стапичи, не знам што, се е тоа со маргарин. Освен некои дански колачиња на кои е изречно напишано дека се со путер, и се доста поскапи.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Храна
« Одговори #6932 на: 13 Ноември 2018, 13:02:17 pm »
@Festool - Побарај кроасанчиња со путер во Joy, кај Орце Николов.

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 155
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Храна
« Одговори #6933 на: 13 Ноември 2018, 13:05:59 pm »
Заборавив да напишам, за пржење, готвење, во Македонија е достапно на супер поволна цена ладно цедено сончогледово масло и тоа произведено во Македонија. И е штета да се користи обичен рафиниран зејтин, кога првото е многу достапно и само малку поскапо. Во почетокот треба човек малку да се навикне, оти ладно цеденото секако, има вкус на сончоглед, и понекогаш знае да горчи малку. Но кога е пресно не горчи. И човек се навикнува.

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2938
Одг: Храна
« Одговори #6934 на: 13 Ноември 2018, 15:00:43 pm »
Заборавив да напишам, за пржење, готвење, во Македонија е достапно на супер поволна цена ладно цедено сончогледово масло и тоа произведено во Македонија. ...

Производител и одприлика цена?

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4703
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Храна
« Одговори #6935 на: 13 Ноември 2018, 15:02:06 pm »
Нема боље од свинска маст на кило. Не ви требаат ни сончогледи ни палми и во торта да го ставиш има да биде путер.



Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 155
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Храна
« Одговори #6936 на: 13 Ноември 2018, 15:42:17 pm »
Заборавив да напишам, за пржење, готвење, во Македонија е достапно на супер поволна цена ладно цедено сончогледово масло и тоа произведено во Македонија. ...

Производител и одприлика цена?

Фила, го имаш насекаде низ Македонија, во сите супермаркети. http://filla.com.mk/mk/masla-za-jadenje/

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10033
Одг: Храна
« Одговори #6937 на: 13 Ноември 2018, 16:04:47 pm »
Одличен е за во салати, посебно со домати и кромидче :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Храна
« Одговори #6938 на: 14 Ноември 2018, 21:02:34 pm »
Другар го фалеше Лино со 80% лешник...не сум пробал.



Одличен е, Лино Голд но со 16% лешник од кој 10% во составот и 6% ситно сецкан пржен...

80% сеуште нема :D

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 155
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Храна
« Одговори #6939 на: 14 Ноември 2018, 21:33:31 pm »
Такво нешто со 80% лешник не верувам дека постои, барем не од класичните кремови. Нутела и сличните имаат по околу 16%, другото е маргарин и шеќер.

Единствено нешто да добиете со толку голем процент е да си купите путер од лешник, и да размешате со мед и какао. Таков путер не е многу евтин, 500-600 денари за мала тегличка, насекаде е толку. Но тоа е врвот. Ако сакате рачно и занаетчиски правен таков путер, обратете се кај Пеце од Струга, со Леска. Препорачувам да се купи чист, без ништо, и и после сами да си додадете мед, пред секое јадење.

https://emagazin.mk/galeri-a-domashniot-puter-od-leshnici-izraboten-od-pece-e-vistinski-hit-bide-i-e-povkusen-i-od-nutela/

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2938
Одг: Храна
« Одговори #6940 на: 19 Ноември 2018, 23:36:24 pm »
Некој да препорача добар кетеринг во Скопје?

Мислам на убаво аранжирани даски со кашкавал+сувомеснато и вкусни похованици. И нормална цена.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43342
  • Il Moderatore
Одг: Храна
« Одговори #6941 на: 20 Ноември 2018, 00:40:58 am »
Слави се ближат а? :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: Храна
« Одговори #6942 на: 20 Ноември 2018, 06:50:50 am »
Некој да препорача добар кетеринг во Скопје?

Мислам на убаво аранжирани даски со кашкавал+сувомеснато и вкусни похованици. И нормална цена.
Јас сум задоволен од Тетка Биберче. Вкусно, убаво сервирано, све тазе и ок цени.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Одг: Храна
« Одговори #6943 на: 20 Ноември 2018, 08:26:16 am »
Некој да препорача добар кетеринг во Скопје?

Мислам на убаво аранжирани даски со кашкавал+сувомеснато и вкусни похованици. И нормална цена.

Има една сендвичара и кетеринг во К4. Ренде.
Не сум нарачувал до сега кетеринг ама се друго имам пробано и се му е вкусно.

Тие се наоѓаат на волгоградска (од сити мол кога одиш према кулите во К4 покрај вардар) од лева страна до ЗУР маркетот.

https://www.facebook.com/sendvicararende/

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2938
Одг: Храна
« Одговори #6944 на: 20 Ноември 2018, 15:58:57 pm »
Слави се ближат а? :D


Хехе за слава дома се спрема храна, за друго е ова :)