Се приближува моментот кога ќе ни ги дадат клучевите од новиот стан и потребно е истиот да се опреми, барем со најосновните работи, пред се мислам на бела техника, која како што знам (пред се фурната, плотната, фрижидерот, аспираторот), мора да ја имаме за да правилно се измери и направи кујната. Од финансиска гледна точка, тоа ќе мора да се затвори со Хепи кредитна картичка од НЛБ, а како сме задоволни од белата техника на БЕКО во сегашниот стан, изборот не води до Нептун. Имаат акции од време на време кога може да се пазари со оваа Хепи картичка на рати без камата (моментално нема), па ме интересира дали имате некое инфо дали мора да се чека таква акција или со оглед дека ќе се купува комплет бела техника (горе наведено плус инвертер и ТВ, може и по некоја ситница) ќе може да се избоксира да се испазари на (24) рати без камата ?