Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 101713 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4294
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1125 на: Октомври 02, 2019, 07:32:02 am »
Ако сакаш една врз друга, можи во мебел да ги направиш.

Нешто вака...
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Дефинитивно сум размислувал за ова како на вторава слика само се мислам дали сам да го правам (и како) пошто машинава е сигурно 50кг плус алишта треба да биде добра конструкцијата.

Тоа на првата слика може само ако имаш компатибилна машина и сушална што не е случај кај мене.

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1126 на: Октомври 02, 2019, 09:02:01 am »
Малку и чудно би дошло бидејќи таа за перење создава повеќе вибрации па би требала да биде доле а е пократка во длабочина.

Со арно да си ја користиш. И ја бев мрчатор коа ме напнуваше жена ми за сушара се додека не видов колку корисна а занемарена работа е. Посебно ако си со мали деца.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9595
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1127 на: Октомври 02, 2019, 09:17:36 am »
Ако сакаш една врз друга, можи во мебел да ги направиш.

Нешто вака...
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Дефинитивно сум размислувал за ова како на вторава слика само се мислам дали сам да го правам (и како) пошто машинава е сигурно 50кг плус алишта треба да биде добра конструкцијата.

Тоа на првата слика може само ако имаш компатибилна машина и сушална што не е случај кај мене.

Тоа првата слика е да видиш како можиш да ги скриеш во мебел - шкафче.
Иначе и за таму да си направиш конструкција за горната да издржи тежина. Ако одиш со челични профили ќе мора да правиш X- појачувања за да се укрутат движењата. Реално сушарата нема вибрации, така да гледај само тежината да ја задоволиш.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3292
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1128 на: Ноември 22, 2019, 10:07:19 am »
Каков бојлер да земам за дома. Стариов е Кончар и после 30 години протече казанот.
Дома сме двајца, идејата ми е да земам некоја 50л можеби некоја турбо варијанта со 2,5-3кв греач за побрзо да може да грее.
Е сеа кончаров има страшна изолација си го пуштам навечер, сабајле го гасам и има вода нема гајле. Од новиве има ли некој бренд со добра изолација?
Глеам има некои горење демек со смарт варијанта као сам научува кога обично се бањаш и на основа на тоа пред тој саат ја крева температурата на водата. Мада овие електроники и такви работи не ми фаќаат баш око бидејќи ко ќе рикне ќе биде проблем додека термостат е пар стотина денари...
Дали има врска нешто од тие аноди чуда да не скапува да не фаќа толку бигор?
Око ми фатија Атлантик и гледам и некој Термор ама незнам како би било за одржавање такво нешто?

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 273
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1129 на: Ноември 22, 2019, 11:28:23 am »
Терморот е одличен. Го имам во викендица во Дојран, од кога ќе го исклучам 1 недела држи топла вода (за разлика од Леов). Моја препорака. Е сега до одржување не сум стигнал, 5 години е стар мојот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45569
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1130 на: Ноември 22, 2019, 12:12:29 pm »
Тинг Инокс.

А греач 2 или 2.5KW помала кавитација се прави на греачот и малку помалку лепење на калциум на самиот греач. Ако имате мека вода кај што живееш тогаш може и појак.
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4860
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1131 на: Ноември 22, 2019, 13:39:14 pm »
Preporaka i od mene.
Dodusa kaj mene e od onie so parno so se vrzuvaat ali pokraj drugoto ima dobra izolacija.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3292
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1132 на: Ноември 22, 2019, 20:20:29 pm »
Уште разгледувам и размислувам па ме интересира и следното:
1. комбиниран да се врзе на скопсково парно, има ли некоја негативност?(би имало и диференцијален термостат)
2. проточен бојлер која е најниска моќност за нормално користење тс туширање?

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2190
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1133 на: Декември 02, 2019, 10:15:02 am »
Уште разгледувам и размислувам па ме интересира и следното:
1. комбиниран да се врзе на скопсково парно, има ли некоја негативност?(би имало и диференцијален термостат)
2. проточен бојлер која е најниска моќност за нормално користење тс туширање?

Јас имам ваков проточен веќе 1 година, ок е.

Само треба електричар да види дали инсталацијата во зграда до осигурачите е ок, па после тоа да спроведе 5х4 кабел ако не се лажам од осигурачи до бојлер и да стави не-се-сеќавам-каква фид склопка пред кабелот кај осигурачите.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4077
  • хаУс мајстор
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1134 на: Декември 02, 2019, 15:44:52 pm »
Ги гледам овие поевтиниве сушари Candy, некој искуство со истите или совет за што да се земе во тој ценовен ранг?
Не сакам комбинирана, само сушара да биде.
Пoтпис,дaтa,пијaм,вoдa.

Отсутен Mikius

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2874
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1135 на: Декември 02, 2019, 16:02:36 pm »
Гледај со сензор да биде за да не задаваш минутажи, па недосушени, па пресушени биле алиштата итн

Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 173
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1136 на: Декември 03, 2019, 16:31:25 pm »
Дечки дајте некој совет за сушара а да е под 500 евра.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1137 на: Декември 03, 2019, 16:47:57 pm »
Дечки дајте некој совет за сушара а да е под 500 евра.

Има една на Беко, околу 350-400 евра е, ама со сензор и со инвертер, А++ ефикасност. Ја имам упалено 2 пати само бидејќи уште не сум вселен прописно, ама си работеше профи.

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1138 на: Декември 05, 2019, 07:57:38 am »
Ги гледам овие поевтиниве сушари Candy, некој искуство со истите или совет за што да се земе во тој ценовен ранг?
Не сакам комбинирана, само сушара да биде.


Јас имам од тој бренд а и уште 2 блиски мои. Сеа за сеа без проблеми.
Имам назад низ страниве 2016 или 2017нпишувано што се треба да се има предвид за машина за сушење.