Ми треба совет/предлог за кафемат.
Првично гледав Филипс автоматски (околу 22-23000 денари е), со вградена мелница, но поради потенцијални проблеми а и поради цена се предомислив. Иако можеби е најдобар избор, сега засега излегува од избор.
Долче густо се прилично евтини, а и не прават лошо кафе. Имам пробано само со оригиналните капсули, претпоставувам и заменските се добри. Цената му е 3200 денари во моментов со гратис 2 пакувања капсули.
Неспресо (ги нема во МК) пишува дека имаат 19 бари, но никогаш немам пробано. Дали вреди да се прават екскурзии (Србија или Грција) за да го набавам? Некој што има да кажи дали прави добро кафе и дали има лесно достапни капсули (заменски или оригинални).
Класичен апарат за еспресо можеби е најдобар избор, но проблем ми е големината и мелницата. Тешко да најдам солидна мелница за 30-40 евра, а башка плус простор ќе зафаќа. Ако купувам мелено кафе ќе ветрее и не е тоа тоа.
Совет како да постапам?
Би дал до кај 10к максимум, но ако ако е океј избор долче густо би поминал и со 3к.