Автор Тема: Оваа зима каде на одмор?  (Прочитано 22604 пати)

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 326
Одг: Оваа зима каде на одмор?
« Одговори #210 на: Март 05, 2019, 13:26:55 pm »
Штип - Радовиш е лошо, Струмица - Ново Село слично, плус треба да ја минуваш Кресна доста престигнувања на полна линија има. Не би вртел до Ново Село само поради патиштата. Позитивно е автопатот нов Петрич- Кресна.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3074
Одг: Оваа зима каде на одмор?
« Одговори #211 на: Март 05, 2019, 13:51:05 pm »
некако преку Делчево најдобро личи, мада од Виница до М.Каменица многу лош беше патот порано, пред 10 години.Не сум го возел од тогаш.
A каков е граничниот премин, те дали е многу високо ко на Паланка па после нагло симнување?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5412
  • Бенве сие бенве
Одг: Оваа зима каде на одмор?
« Одговори #212 на: Март 05, 2019, 15:26:39 pm »
Јас на Делчево минатиот пат поминав за 10 минути. Плус рачунај патот е многу подобар, ќе одиш по новиот пат до Штип, од граница до Делчево е нов пат така да јас ќе одам од таму. Преку Крива Паланка гума може да искинеш, катастрофа е патот.

Sent from my MI 6 using Tapatalk
Јас сега за банско одев преку Делчево. Најздрав е патот, може да има некој одрон. Знае да се заглави многу таму, тешки идиоти се и најотепани граничари. Преку паланка патот е крш, преку Струмица се враќав сега од банско канта е патот а и подалеку е. Тоа  што детето ти плачело и мислиш дека е од надморската висина може и да не е од тоа, моето рикаше од Струмица до Радовиш и на крај го извадив од седиштето. Дете е, за се може да плаче.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1733
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Оваа зима каде на одмор?
« Одговори #213 на: Март 05, 2019, 19:32:20 pm »
Околу патот, Куманово - Паланка - Деве Баир е најкрш пат во Македонија. Ако ти е битно по каков пат ќе возиш тогаш избери си друга варијанта.

Тоа каде повеќе се чекало, на Делчево или Паланка, е релативна работа која зависи од повеќе фактори. Некогаш многу брзо ќе поминеш на Делчево а некогаш ќе заглавиш, исто и за Деве Баир.

Разликата во надморската височина од село Жидилово, кое е на 6-7км пред преминот Деве Баир и самиот премин Деве Баир е 400 метри а се поминува за 5-6 минути, слично и од бугарска страна. За кратко време се поминува поголема висинска разлика што кај малите деца претставува проблем.Затоа и плачело детето.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3074
Одг: Оваа зима каде на одмор?
« Одговори #214 на: Март 06, 2019, 10:37:21 am »
^ баш како што пиша, ради висинската разлика плачеше детето, па затоа прашував дали е поблаго преку Делчево, иако и бебево е веќе 8 и пол месеци, па не би требало и преку Паланка да има проблем, ама многу е крш патот. За Делчево би идел преку Миладиновци-Штип ако може да се вози, ако не преку Велес. Временски е речиси исто како преку Паланка, а за на граница стварно е ствар на среќа и дали некој педер ќе се погоди на смена :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 19863
Одг: Оваа зима каде на одмор?
« Одговори #215 на: Март 06, 2019, 10:53:56 am »
На 8 ипол месеци, стварно не би требало да му пречат тие висински разлики.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4124
  • хаУс мајстор
Одг: Оваа зима каде на одмор?
« Одговори #216 на: Март 06, 2019, 12:07:01 pm »
Крај краева, шишето со вода и кога ќе почнеш да се качуваш давај му да пие.
Пoтпис,дaтa,пијaм,вoдa.

Отсутен Mikius

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3021
Одг: Оваа зима каде на одмор?
« Одговори #217 на: Март 06, 2019, 13:31:16 pm »
Пивце, и раат ;D

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 326
Одг: Оваа зима каде на одмор?
« Одговори #218 на: Ноември 28, 2019, 10:22:43 am »
клабери, искуства со магнетни носачи за скии? Некое искуство? Ок ли се?

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 36950
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: Оваа зима каде на одмор?
« Одговори #219 на: Ноември 28, 2019, 10:29:55 am »
клабери, искуства со магнетни носачи за скии? Некое искуство? Ок ли се?

Зависи од носачите и од кровот. Ако е карбон кровот, не пробувај ич :)

Шала на страна, јас имам постара верзија на овие: https://www.fabbri.info/en/prodotto/kolumbus-deluxe/
Одлични се. Нема шанси да мрднат скиите дури и со брзини од 150-60. Секако, во упатството пишува над 120 да не возиш.
Битни работи: Секогаш убаво исчисти го кровот и површината на магнетите пред да ги залепиш, и гледај секогаш кога ќе ги одлепуваш да не ги влечеш по кров.
Овие, ваквиве, поскапичиве, имаат силиконска површина врз магнетот, така да не ја оштетуваат бојата на колата. Поефтини не сум користел.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 326
Одг: Оваа зима каде на одмор?
« Одговори #220 на: Ноември 28, 2019, 10:39:01 am »
^ фала за инфо. Штом не летнуваат од кровот тоа е тоа :D