Сакав да си купам патики (носам 43), првпат во животот пробував број 44...и покрај тоа сите модели што ми фатија око ми беа тесни.
Каде отиде светов
А да поминеш до Camouflage да си земеш топ патиче Германско да го шинеш од носење 7490ден
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Додека бев во ГТЦ попатно ми текна да влезам во неколку продавници, 43 ќе ми излезеше палецот напред, ајде 44, се среди со палецот, ама пустите стегаа странично...
Не сум многу во патики, пред 6-7 години купив Диадора и сигурно ќе тераа(т) уште толку, но на едно место некогаш ми капнала некоја "хемија" и се направија неколку дупчиња у кожата и сега жената ми врши притисок, срамота било
Инаку добра ти е идејата за Камуфлаж, немаше да ми текне, ќе скокнам да видам што имаат.
Пред неколку години исто се мучев со чудни величини на зимски јакни по продавницине (долги ракави, тесни во рамења...) и речиси се бев помирил да фукнам брдо пари во Тимберланд кога најдов спас во Камуфлаж
Од што убаво ми легна по неколку месеци си зедов уште една иста јакна во друга боја, кој ќе се замара со чудни кроеви по неколку години, сега обезбеден сум до пензија