У меѓувреме дур да ја купам 159-ката,поминав едно 20 000км со ваква А-класичка. А 150 бензин поточно,некои тука од форумот ја знаат.
Полесна кола за возење не сум сретнал,во смисла на прегледност,пердув волан,пердув педали.
Потрошувачката зависеше од возењето,ама со јако возење и стигање до Ск за саат и 15 мин. потроши 8,xx л/100.
Сум патувал и на подолги релации со истата и гарантирам дека е поудобна и од Пунто и од Фиеста и др набројани тука претходно. ПРостор имаш колку сакаш,сме патувале и 5души внатре доста релаксирано.
За минатата А-класа се слагам дека е ѓубре,ама за оваа никаде немам прочитано лоши коментари по списанија,напротив.
Колата од кога е купена нова освен редовни сервиси нема ништо друго правено,моментално има околу 100 000км.
Eдинствено нешто што покажува знаци на користење е воланот.
Прашај некое поконкретно прашање ако имаш.