Автор Тема: Подешавање плин (на своја рака)  (Прочитано 4626 пати)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 509
Подешавање плин (на своја рака)
« на: 29 Август 2014, 01:09:49 am »
Пошто сум паталец, морав едно искуство да го споделам со вас (можда малкумина) кои сте слични на мене...
Напоменувам - оваа приказна се однесува за коли со вакумска расплињача, за количиња со карбураторче...

Кога ја зедов фелицијата трошеше ужасни 18 на 100 низ град... Едни мајстори викаа дека се мембраните, други викаа моторот е продуван, штелуваа, средуваа, а потрошњата цело време беше ужасна - стигнаа до глупави 9 на 100 на отворено и 14 в град.

Бидеќи не бев задоволен, како и секогаш се посветив јас самиот. Се заватив за сеопфатна истрага на интернет и сето што го најдов и како реализирав е ова:

Прво од витално значење...
Нови и убави силиконски кабли, свеќици нови со зазор 0.1мм помал од фабрично пропишаниот, филтер за ваздух нов, вентили наштеловани топ...
Без ова ништо не бива...



Понатаму работите движеа вака:
Сето се работи на загреан мотор, работна температура. Вентилот за лер гас се затвора пополека се додека не почне моторот да тресе пред да изгасне. Запамтуваш положај и броиш кругови вртеќи во спротивен смер се додека моторот повторно не почне да тресе за гаснење. Бројот на кругови го делиш на два, некаде на средината треба да биде идеално. Сепак - погоре подолу за да добива добар број вртежи....


Потоа вентилот за максимален проток на плинот се затвара додека моторот не почне повторно да тресе (да се гуши за плин)... Може да се бележи некако за да можеш да броиш кругови. Одмотувате некаде 1.5 - 2 круга каде би требало да биде идеално.
 На полна туража пробувате дали работи добро и по потреба го отпуштате или затворате вентилот за макс. проток така да моторот прима полна туража без пукање и гушење. Затворен вентил не значи ниска потрошња - напротив значи само недоволна сила.

Потоа:
Гасиш кола. Палиш пак - треба да пали чакмак! Ако одоцнува палењето намали го протокот на лер гаста или макс протокот. Ако со намалувањето на лер гаста паѓаат обртаите- намалуваш на вентилот за максимум.... сосема малку, како би се одржале и вртежите на лер и палењето би било беспрекорно брзо.


Потоа вожња... треба убаво да прима, да не трокира, да нема драстична разлика во возењето на бензин и плин... Ако не ти се допаѓа, почнуваш одново се додека не го доведеш до танчина. Протоците на лер и максимум се во сооднос еден со друг, па ако го отпуштиш едниот ќе се појави разлика и на другиот, затоа бара големо внимание при работа.


Ако и покрај сето ова не се средува гушењето, колата не прима, гасне под мала гас проверете ги вентилите за бензинот и плинот, вакум цревцето дали е скинато или можеби има раска во расплињачата.

п.с. свеќиците по извесно време насобираат наслаги од плинот и потешко горат. На неколку илјади километри извадете ги свеќиците, зачистете ги електродите со шмиргла ситна и се пак ќе биде океј...

Со ваквото штелување јас добив потрошња од 8-9 низ град и до 6 на отворено, што мислам дека е одлично за возило старо 18 год, на плин, па уште и Шкода!

Тоа е мојата приказна, се надевам дека некој ќе има корист. Ако има забелешки, критики , идеи и сл. слободно, сакам да научам колку може повеќе.

Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5426
Одг: Подешавање плин (на своја рака)
« Одговори #1 на: 29 Август 2014, 01:16:14 am »
svaka ti cast prijatele za trudov..Na pocetokot koga pocna da objasnuvas si vikam ovoj stelue skuter...ako se raboti za felicia pod 9 tesko deka kje ja doteras da trosi u grad znam deka moabetot tuka se dvizese za potrosnjata na feliciite 9-10l gradska plin..Ali sepak e uspeh od  uzasni 18 sto si go doteral na 8-9 bravo  :D :D :D baska i sam si vlozil trud..

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Подешавање плин (на своја рака)
« Одговори #2 на: 29 Август 2014, 01:35:55 am »
loso e so ovoj plin na sekoj 10 stepeni razlika nadvor si bara prestelanje

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 509
Одг: Подешавање плин (на своја рака)
« Одговори #3 на: 29 Август 2014, 01:49:28 am »
Ете што заборавив да наведам:

Да, обавезно прештеловање бара со секоја промена:
-филтер ваздух
-свеќици
-температурни промени
-промени во компонентите на ситемот...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Подешавање плин (на своја рака)
« Одговори #4 на: 29 Август 2014, 10:50:46 am »
Браво Пинки за постов, а и за намалената потрошувачка ;)