Автор Тема: Крцкање во предница?  (Прочитано 5280 пати)

Отсутен аллександар

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Крцкање во предница?
« на: 24 Јули 2014, 01:49:52 am »
Ајде момци мала помош од вас... ако имал некој сличен проблем или ист ко мојов кажувајте чаре...


тргнав на пат со исправна кола за албанија. некаде на влез пред албанија т.е на излез од грција почнав да слушам некое крцкање напред у предница, што се случува - при вртење на воланот независно лево или десно се појавува звукот. истиот звук го имам и додека возам и додека е во место колата дали на мала ил голема брзина истото се случува, уште по чудно ми е што звукот се појавува и на дупки и на легнати полицајци, - стигнав до албанија и си викам ај ке видам што се случува утре пошто од скопје до саранда возев без ниедна пауза ( освен по 15тина минути на границите) но возев планински пат и со многу кривини. Нареден ден седнувам у кола возам НЕМА крцкање.... - после неколку дена возам малку поголема релација (околу 10тина километра) звукот ПОВТОРНО се појавува.
Се мислев да не е случајно зглоб но ме буни крцкањето кога вртам во место и посебно на легнати полицајци, да беше зхлоб ке крцкаше само на вртење додека не се исправи воланот...


п.с на право немам крцкање :\

Ја прочитав темата за крцкањето на рено во предница и проблемор ми изгледа сличен а во таа тема ги наредивте сите можни делови во предница, утре мислам да ја возам малце подолго колата да почне крцкањето па ке се обидам и да ставам клип.

инаку се рабоди за ланчија ипсилон - моторот и подвозјето се комплетно исти како на фиат пунто

Ме мачи што тука ми се случи ова - да бев во македонија ке ја однесев на мајстор и ке се разберев некако тука со овие тешка работа ке биде а треба да возам скоро 600 километра до скопје.


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #1 на: 24 Јули 2014, 02:14:20 am »
и ти ли? јас од таму  пред 10 дена тргнав до скопје и се вратив со стопен мотор...

значи дефинирај го крцкањето дали е метал на метал или е постојано цвичење... ако е поише накај цвичење тогаш е некој гумен дел кој струга и се поместува.. можно е стабилизатор да биде, а можно е и лагер на амортизер...

инаку, ако си во саранда, имаш таму мајсотри еден куп. нека ти направи дијагноза што е и пиши тука..

и што мајка си барал по планини да возиш? од скопје преку грција (гевгелија) преку солун до игуменица ти е автопат... последните 50-тина километри ти е обичен пат, но асвалтиран... на патарини штедеше? 8,5 евра ти се по правец..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6428
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #2 на: 24 Јули 2014, 02:43:44 am »
Јабучица.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #3 на: 24 Јули 2014, 03:34:37 am »
за јабучица има решење за да си дојде до дома... му треба само еден шприц, игла и едно капаче масло...

прво најди ја која е јабучицата, наполни шпприцот со уље и тури и инакеција на јабучицата преку гумичката... одма земи развози малку и ке се смири... ова ти го решило проблемот за следните 1000 километри... не е трајно решение...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 183
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #4 на: 24 Јули 2014, 06:25:30 am »
и кај мене кога вртев полн у у страни исто крцкаше,,имам исто прашано порано за тоа ..
сменив предни јабучици и сеа све е ок

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #5 на: 24 Јули 2014, 08:13:44 am »
Пиши ми ако ти треба мајстор во Саранда, ке ти помогнам!

Отсутен аллександар

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #6 на: 24 Јули 2014, 10:43:08 am »
крцкањето што ми се појави повеќе ми делуваше како гума на железо да струга - сумљам дека е некоја гума на баланштангла пошто и претходно не беа баш најдобри а и според тоа после малку подолго возење да почнува да крцка ми алудира на истото но ке видам - ако треба и клип ке снимам па ке го пуштам тука.

онак тебе што ти се десило со стопен мотор што си се вратил?

а за патот ме заеба навигацијата... во грција одев према кожани стигнав до еден кружен тек кај што требаше на третото исклучување да се исклучам па посл имав прав пат едно 5 6 километра некаде и по навигацијата требаше пак десно да се исклучам но на тоа место кај што требаше да свртам патот беше затворен бидејки нешто поправаа па немав друг излез освен да продолжам право уште 500/600 метра па да се исклушам десно.... -    от тука кога почнав да возам отидов према планината.. богу иза леџа ми се виде не дека сакав да избенувам патарини -  а инаку одев преку битола, за назад мислам да се врќам преку гевгелија само ова крцкањево да го оправам најпрво.

у друга држава како турист да не ми опалат некоја цена па да ме заглават ми е страв :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13576
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #7 на: 24 Јули 2014, 11:12:49 am »
1. Јабучица
2. Балансштанглата особено крцка кога вртиш, а особено во место.
3. Буферите (овие особено крцкат на дупка)

Каков е звукот, пискав, тап? Свири постојано дур вртиш, ...


Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6968
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #8 на: 24 Јули 2014, 12:18:52 pm »
Jas ne bi mu se sekiral mnogu osven ako ne vozis nadvor od asfaltiran pat. Ako ne e metalen zvuk togas 100% e ili gumica na balanstangla (skoro non stop cvici osven a apsolutno ramen pat na pravo kade kolata nema dvizenje gore-dole I levo-desno) ili nekoe od gumenite buferi na dolnata viljuska (be e loso da ja proveris)

Pozdrav I ubav pomin !!!

Отсутен аллександар

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #9 на: 25 Јули 2014, 01:05:54 am »
денеска ко за беља немам никакво крцкање... прееска приметив само на легнати полицајци малку закрцка... таман се спремав да снимам клип

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6094
  • 69
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #10 на: 25 Јули 2014, 07:36:28 am »
А бе одмарај таму и не се замарај многу многу....Кога ке се вратиш дома ке одиш по сервиси.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг:
« Одговори #11 на: 25 Јули 2014, 07:46:34 am »
Истово ми се случи кога идев за Саранда. Само јас неидев преку грција. Не дека има поврзаност али интересно. Кај мене до ден денес го нема тој звук.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #12 на: 25 Јули 2014, 10:10:01 am »
Албанската клима не му годи на нашиве коли!  ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13576
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #13 на: 25 Јули 2014, 11:51:16 am »
денеска ко за беља немам никакво крцкање... прееска приметив само на легнати полицајци малку закрцка... таман се спремав да снимам клип

Ќе те однеси до дома, не се сеќирај ;)

Отсутен аллександар

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Крцкање во предница?
« Одговори #14 на: 27 Јули 2014, 10:51:33 am »
се најдов тука со едни другари од скопје ја прегледавме колата звукот се јавува од лагерите на амортизерите и нешто сидно од гумиците на баланштангла... ама како што сим си ја баксуз ме најде уште една бења.... ми се истрошија четкиците на алансер :) сега не вергла ама за тоа не му ја секирам - на удолница ке ис ја паркирам па ке ја запалам без проблем :) Прашував за електричар тука у ксамил ми рекоа нема ке мора во саранда да одам да го правам тоа....