Општо > Генерални Муабети
Случки со полиција, казни, судови итн
Tischläufer:
Ајде дечки. Знам дека ќе има бајаги смеење на оваа тема. Само немојте да лажете :P
Deni:
1.
Возев мноооооогу брзо на Словенија и ме казнија, а како што продолжив пред Палас уште едни ме запреа. ми викаат господине 45 евра за магленки, дрн дрн. Велам сега ме застанаа онде, 300 евра... објаснувам. А колку возеше? Велам стотка. Дај да видам... Охохооо ова не е стотка, накај две иде. Викам знам ама тоа е. Ај доста ти е за денес, оди. Фала мајмногу пријателе, велам! И во моментов малку пауза со возењето, едно 3 месеци, и така...
2.
Тргам од партизанска кон Гоце делчев мостот во 4 сабајле. И оп пред Мобимак стојат! Дечко каде брзаш? Велам не брзам, девојка ми дома да ја носам. Дај исправи. Повели исправи. Си пиел нешто? (јас покажувајќи накај мојата облека, пижами) Од дома доаѓам, не. Тогаш прмети дека сум во пижами и се изнасмеа! Терај!
Tischläufer:
Ме запира млад жандарм пред управа за приходи а јас ја возев службената Лада Рива 1,5 на плин. Ми вика документи. Му давам возачка и сообраќајна. Ми вика дај ми атест за плинот. Му викам ете атест сум поднел на шалтер на МВР и го пишале во сообраќајна за да не го влечкам со мене и ете сега пишува Лада Рива ТНГ кај модел на возило.
Типот ми вика, не тоа не значи дека имаш атест тоа ТНГ е модел на Лада. Јас почнав да се смеам и ми пиша казна за неносење на исправа. Отидов во Пролече да се пожалам и таа на шалтер ме праќа кај заменик началникот горе. Одам горе и му викам абе вака и вака. Го гледа потписот на џандарот и ми вика: абе ******* сега ги примивме поима немаат што зборат. Му се јавува на џандарчето и му вика абе токмак тоа ТНГ е меќунадордна ознака за возило на плин. И уште одозгора џандарчево се расправа со него му објаснува дека ТНГ било модел на Лада и глупости. Се изнервира началников го испопцу и му спушти слушалка.
Ми направи копија од сообраќајната, ми се извини што работат и дегени во МВР и ми ја поништо казната.
Igor:
абе фаланга ме изнасмеа хахахахаахахахаха :D модел на лада
gOJDO:
Мене обично ми се трагични случките со жандармите, еве еден. Во помлади години, додека немаше закон за работно време, бевме излезени в диско и тројца другари си одиме накај дома кон 5 часот наутрото, камен пијани. После зоолошка не застануваат двајца сообраќајци и на другаров шо вози му вика документи, ова-она, ај да дуваш. Овој дува, апаратчето покажа 1.6. Му пишуваат казна и му кажуваат дека дозволата ќе му биде одземена на 3 месеци и викаат да викнеме такси за да си идеме. Другиов другар вика НЕ, ја ќе возам. Овие му викаат, е седни де вози. Овој седна, таман запали кола, џандарот пред кола крева рака и му вика ај изгаси ја сега колата. Ај да дуваш. Дува, 1.4. И него исто. Ми се врти мене и ми вика, ти сакаш да возиш? Ја му викам, не, не блиску живеам ќе си идам пешки. :D И така ко усрани голуби искочивме и демек пробавме као на фино да ни поништат казни. Џандариве викаат да бидеме среќни бидејќи можеле повеќе казни да ни пишат и у станица да не носат да се трезниме. :D И така.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија