Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 793804 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 31777
  • Таков е животот... јебига
Случки со полиција, казни, судови итн
« на: Јануари 25, 2011, 16:33:23 pm »
Ајде дечки. Знам дека ќе има бајаги смеење на оваа тема. Само немојте да лажете  :P

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 48196
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1 на: Јануари 25, 2011, 17:00:34 pm »
1.
Возев мноооооогу брзо на Словенија и ме казнија, а како што продолжив пред Палас уште едни ме запреа. ми викаат господине 45 евра за магленки, дрн дрн. Велам сега ме застанаа онде, 300 евра... објаснувам. А колку возеше? Велам стотка. Дај да видам... Охохооо ова не е стотка, накај две иде. Викам знам ама тоа е. Ај доста ти е за денес, оди. Фала мајмногу пријателе, велам! И во моментов малку пауза со возењето, едно 3 месеци, и така...
2.
Тргам од партизанска кон Гоце делчев мостот во 4 сабајле. И оп пред Мобимак стојат! Дечко каде брзаш? Велам не брзам, девојка ми дома да ја носам. Дај исправи. Повели исправи. Си пиел нешто? (јас покажувајќи накај мојата облека, пижами) Од дома доаѓам, не. Тогаш прмети дека сум во пижами и се изнасмеа! Терај!
« Последно менување: Јануари 25, 2011, 17:22:38 pm Deni »
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 31777
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2 на: Јануари 25, 2011, 17:09:10 pm »
Ме запира млад жандарм пред управа за приходи а јас ја возев службената Лада Рива 1,5 на плин. Ми вика документи. Му давам возачка и сообраќајна. Ми вика дај ми атест за плинот. Му викам ете атест сум поднел на шалтер на МВР и го пишале во сообраќајна за да не го влечкам со мене и ете сега пишува Лада Рива ТНГ кај модел на возило.
Типот ми вика, не тоа не значи дека имаш атест тоа ТНГ е модел на Лада. Јас почнав да се смеам и ми пиша казна за неносење на исправа. Отидов во Пролече да се пожалам и таа на шалтер ме праќа кај заменик началникот горе. Одам горе и му викам абе вака и вака. Го гледа потписот на џандарот и ми вика: абе ******* сега ги примивме поима немаат што зборат. Му се јавува на џандарчето и му вика абе токмак тоа ТНГ е меќунадордна ознака за возило на плин. И уште одозгора џандарчево се расправа со него му објаснува дека ТНГ било модел на Лада и глупости. Се изнервира началников го испопцу и му спушти слушалка.
Ми направи копија од сообраќајната, ми се извини што работат и дегени во МВР и ми ја поништо казната.
« Последно менување: Март 08, 2011, 22:10:58 pm Falanga »

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9476
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3 на: Јануари 25, 2011, 17:19:31 pm »
абе фаланга ме изнасмеа хахахахаахахахаха :D  модел на лада

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7552
  • Хорска Секција
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4 на: Јануари 25, 2011, 17:22:03 pm »
Мене обично ми се трагични случките со жандармите, еве еден. Во помлади години, додека немаше закон за работно време, бевме излезени в диско и тројца другари си одиме накај дома кон 5 часот наутрото, камен пијани. После зоолошка не застануваат двајца сообраќајци и на другаров шо вози му вика документи, ова-она, ај да дуваш. Овој дува, апаратчето покажа 1.6. Му пишуваат казна и му кажуваат дека дозволата ќе му биде одземена на 3 месеци и викаат да викнеме такси за да си идеме. Другиов другар вика НЕ, ја ќе возам. Овие му викаат, е седни де вози. Овој седна, таман запали кола, џандарот пред кола крева рака и му вика ај изгаси ја сега колата. Ај да дуваш. Дува, 1.4. И него исто. Ми се врти мене и ми вика, ти сакаш да возиш? Ја му викам, не, не блиску живеам ќе си идам пешки. :D И така ко усрани голуби искочивме и демек пробавме као на фино да ни поништат казни. Џандариве викаат да бидеме среќни бидејќи можеле повеќе казни да ни пишат и у станица да не носат да се трезниме. :D И така.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8515
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5 на: Јануари 25, 2011, 18:11:57 pm »
Дешаванки имам повеќе али ај оваа во Бугарија, кога ја купив алфата отидовме да поминеме на тоа нивното за регистрација цол ама дента не успеавме а беше петок и требаше да чекаме до понеделник, мене ми беше страв да ја оставам колата дека све им е отворено и викам ајде на брат ми и татко ми палете другата кола и пред мене. Не влеговме 20 метри во град среќа застанавме да видиме на каде да бараме хотел кога оп џандари,  шо прајте бе чие е ова возило од каде е, и тука со татко ми почнавме да глумиме дека не сме нешто арни , дај викаме бензин да напуниме за да на проверка доле ја запалат и проверат кога овој паметен да бил и прашува а што не земавте кантичка и да напуните, кога овој ќе искача и вика ти ја зимам колата, татко ми му држи врата од кола не го пушта   ;D ја аман заман, среќасесмилува човекот вика вади сајла и да ја влечете назад, стајвме сајла па се скина и така милион глупости, да немав малце среќа ќе се вратев без пари и без кола  ;D ;D ;D ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 31777
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6 на: Јануари 25, 2011, 20:43:46 pm »
Се враќам една вечер од хонорарна работа во авто команда. Проѓам под стоковна куќа, преку Гоце Делчев мостот и застанувам на семафорите за право најак партизанска. На пешачкото острово стои џандарски Голф. Излегува полека џандаров и чека да тргнам. Тргам јас на зелено и ме застанува.
Документи ова-она. Му давам и му викам зошто ме застана. Ми вика возиш со долги светла. Не бе му викам еве гледај, оп долги, оп средни. Ама ми вика не ти се штелувани. Кога така се погоди колата (Опелот од 67-ма на татко ми) регистрирана два дена претходно. И му викам еве види, завчера колава поминала технички преглед, регистрирана, ако не чинеле светлата ќе ме врателе. Него му викам, овде е малку надолнина, ти си застанал подолу и нормално ти светат светлата во очи.
И нормално ми вика ај да дуваш. Јас нервозен бев нешто и му викам, абе ај што ти е тебе нејќам да дувам. Зошто ми вика? Викам зошто сите со иста ампула ги дувате ќе се заразам. И ми вика, а кај работиш ти што си фраер и нејќеш да дуваш? Викам во Градска болница во управа (а нема везе, татко ми работеше тогаш таму).
Ме гледа се мисли што да прави (пошто ако нејќам да дувам ќе треба да ме носи во Градска болница да ми зимаат крв). И вика, добро се познава дека не си пиел, ама имаш моја препорака да си ги провериш пак светлата, за твоја безбедност да не те лупне некој фронтално.

Абе се погодува некогаш токмаци да се џандариве тотално...

Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20749
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7 на: Јануари 25, 2011, 22:24:39 pm »
Za novogodisnite praznici me viknaa vo "undercover" Golfot 4ka da se vidam kako vozam duri 92 km/h niz kluckata kaj Avtokomanda.
Znaci pazete na srebren Golf IV ka i temno plav/temno zelen Rover 75 ka....dzandarski se, so kamera.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7552
  • Хорска Секција
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8 на: Јануари 25, 2011, 22:30:57 pm »
Па не е смешно тоа бе Стратро.. Тажно е. 300-ка + дозвола или?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 48196
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9 на: Јануари 25, 2011, 22:31:59 pm »
На темата, немаат право да те казнат за прекршок тие што се андеркавер. Судски налог се издава само (и исклучиво) за кривично дело. Возење над 30кмч од дозволеното е кривично нажалост. Чисто да си знаете за друг пат, истото важи и за камерите што се насекаде поставени.

Сребрениот голф е со регистрација SK-828-LU.
« Последно менување: Јануари 25, 2011, 22:34:33 pm Deni »
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7552
  • Хорска Секција
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10 на: Јануари 25, 2011, 22:38:05 pm »
Deni им мењаат таблици на секои 2-3 недели. Инаку, ни џандарот не те казнува на лице место, туку ти пишува пријава. За разлика од уличарите, овие имаат и видео-запис како доказ.

Да се вратиме на темата, случка на еден мој роднина, прв братучед на мајка ми, ама помлад дечко. Ова се дешавало по распадот на СФРЈ, не знам поточно која година. Имаат викендица во Вевчани, и вујково (тоа ми паѓа :D) со тазе наполнети 18 години и тазе возачка, отишол од Вевчани во Струга кај некои другари, со кола 101. На враќање го застанало некое младо џандарче од локалните села. Му побарало документи и го прашало дали имат нешчо пијано. Вујково му одговорил: Не, не. Испив едно макијато. А џандарчево му вика: Ај ти да дуваш да видиме дали било само едно макијато.  :o :D Вујково вика, ми стана непријатно, ми одеше да се смеам, ама ако се насмеам сите казни ќе ми ги пише. И така дувал, покажало 0-0, џандарчево незадоволно го пуштило да си оди. Во тоа време, макијато било новитет на овие простори, па во руралните средини и не биле информирани околу него. :D

« Последно менување: Јануари 25, 2011, 22:43:31 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 48196
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11 на: Јануари 25, 2011, 22:45:29 pm »
Deni им мењаат таблици на секои 2-3 недели. Инаку, ни џандарот не те казнува на лице место, туку ти пишува пријава. За разлика од уличарите, овие имаат и видео-запис како доказ.
Да не навлегуваме во ОТ. Ама веќе се опаметија и они и знаат. Не застануваат ако направиш прекршок. Порано застануваа и за прекршоци и лажеа народ види колку си возел бла бла. Не смееш да потпишеш за прекршок, никогаш. Несмее да те застане необележано возило за прекршок, а под обележано се сметаат исклучиво крајслерите со ротациони светла.
Судот не издава налог за преглед на снимка за прекршок. Никогаш. Тоа значи дека снимката не претставува доказ пред судот. А судот е тој што те казнува. Во случајот на Страто тоа е кривично дело и неможеш да избегнеш.
Прикриени возила и полицајци може да те казнат ИСКЛУЧИВО за кривично дело, никако за прекршок. Ова важи за било што, не само за возење.

П.С. Страто ако воопшто ти земаат дозвола окт-дек 2011 некаде би било.

П.П.С Не им смениле таблици, голфот 4 пати го имам видено последен пат на орце николов купуваа за јадење истата регистрација беше.
« Последно менување: Јануари 25, 2011, 22:50:40 pm Deni »
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен zOkO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
  • брм брм
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12 на: Јануари 25, 2011, 23:08:49 pm »
96 година татко ми коа ја зема хондата, излезени на улица па од мераци околу неа глеаме шо како и застануваат двајца џандари од кои едниот се знае со татко ми па да се поздрави. Другиов беше млад накај 20-ина години и се мотка околу колава глеа нит таблици нит нишо, мислам дека уше и најлони имаше позади... и прашуе онака мртов ладен кое годиште е. Татко ми мисли дека се заебава чоеков и му вика 89-та онака насмеан, а џандаров пак мротв озбилен вика - иии ама сочувано аутцево. Сите мислиме се заебава чоеков и одеднаш почнуе овој постариов да му се дере - добро бе може ли да си толку глуп па глеаш ли таблици нема..... и овој онака усрамен само наведна глава и збор не кажа. Крај
I don't discriminate, I hate

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 31777
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13 на: Јануари 26, 2011, 00:07:16 am »
96 година татко ми коа ја зема хондата, излезени на улица па од мераци околу неа глеаме шо како и застануваат двајца џандари од кои едниот се знае со татко ми па да се поздрави. Другиов беше млад накај 20-ина години и се мотка околу колава глеа нит таблици нит нишо, мислам дека уше и најлони имаше позади... и прашуе онака мртов ладен кое годиште е. Татко ми мисли дека се заебава чоеков и му вика 89-та онака насмеан, а џандаров пак мротв озбилен вика - иии ама сочувано аутцево. Сите мислиме се заебава чоеков и одеднаш почнуе овој постариов да му се дере - добро бе може ли да си толку глуп па глеаш ли таблици нема..... и овој онака усрамен само наведна глава и збор не кажа. Крај

Прати му на меил на Тошо. К-15 добар скеч може да извадат од ова...

Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20749
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14 на: Јануари 26, 2011, 00:08:02 am »
Ne se sekirajte za mene....bitno pazete na Golfot i Roverot.
Znam deka imaat i treto vozilo undercover..samo ne znam koe.
Koga ke go donesat  na servis, ke Vi kazam koe e. :)

Vo vrska so duvanjeto radi alkohol..postoi finta koja mene 2 pati mi uspeala.
Imeno so 3-4 mali Alexandrii  da pokaze 0.3 do 0.4 promili..ali polesno se objasnuva vo zivo.