како почетник, некој линк од видео или сликовито за перење на возило, до сега никако не сум перел дома возило, секогаш било на перална... сакам да почнам сам да си го перам, па некој совет да ми дадете...
Прво треба да се обезбедиш со реквизити, микрофибер ракавица, квалитетен шампон со восок, еленска кожа, микрофибер крпа за каросерија и две за стакла.
Прскаш колата убаво, шампонираш со ракавицата при што идеш од горе према доле, прагови и бандаши на крај. Плакнеш со вода и проаѓаш со еленска кожа, после пребришуваш со чиста микрофибер крпа и стакло панчево. За прозорите ти требаат две микрофибер крпи со ситен вез, една полувлажна и една сува. Проаѓаш со полувлажната и одма со сувата. У меѓувреме ладиш пивце и кога ќе завршиш палиш цигара отвараш пивцето и си ја мањачиш колата ...