Ја пробав во саботата, пред официјално да отвори. Дечките беа фини и услужливи, ме почастија перење иако келепур денот беше закажан за понеделник, а и фин муабет си свртевме. Со еден жетон (90 секунди) шампон+топла вода успеав да ја поминам цела кола, ама шо дека кога ефективно ништо не испра, таа ситната прљавштина напрскана од страните не се помрдна. Не гледам како било кој тачлес метод на перење би можел тоа да го тргне, ма да од друга страна не ни имам искуство со перални од ваков тип, така да слободно експертите помеѓу вас нека ми укажат на грешката.
Пералнава е добра ако имаш нафрлено калишта по кола или ако вчера си ја испрал асално, а денес ти заросило и ти ја покакало колата. Јебига, спремен бев да ме импресионира, ама ништо од тоа.