Автор Тема: Citroen C2 1.4 HDi  (Прочитано 34119 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3163
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Citroen C2 1.4 HDi
« на: Март 20, 2014, 18:54:26 pm »
Епа ете, неколку дека како го имамe... Најновиот член во семејството...

Citroen C2 1.4 HDi (70hp). Произведен во март 2004та, прва регистрација декември 2004та. Во моја сопственост од 18.03.2014.

Купена е од Милано - Италија. Превоз обезбеден преку Бугарија. Колата беше во Дупница, од каде мој близок човек ја донесе во Крива Паланка. И од таму, си ја земав јас.

Има поминато скоро 150 000км (реални, проверени), само од еден човек, еден газда (проверено по документи и сервисна книшка).

По некои каталози успеав да видам дека е SX (или Exclusive кај нас) ниво на опрема, со некои додатоци плус.

На кратко, ова се побитните работи од листата:

- автоматски клима уред (климатроник)
- висинско и длабинско подесување на волан
- електрика на стакла
- електрично подесување и склопување на ретровизори
- автоматски фарови (сензор за светлина)
- ладење во фиока
- автоматски брисачи напред (сензор за влажност)
- висинско подесување на возачко седиште
- подесувачки задни седишта
- задни паркинг сензори
- предни и задни светла за магла
- ABS
- 4 x AIRBAG
- Clarion радио со CD плеер, 6 звучници, команди на волан

ги изоставувам ситниците како: браници у боја, маска у боја, хромирана рачка на вратите, ваков и таков ентериер, металик боја и слично, зошо убаво се глеа што е и како е по сликите.

14ки челични бандажи со оригинални раткапни, солидни гуми. Ставив OSRAM NightBreaker сијалици. Сменив се што беше прегорено и обледено.

Деновиве се чека превод на документи, па да се регистрира на наши таблици. Исто така ќе биде направен еден поголем сервис, и тоа. :D

некоја сликичка плус, како за почеток. Сликани се со мобилен, па во друга прилика, некоја подобра слика.



















п.с. ЧЕКАМ НАЛЕПНИЦА!!! :P
« Последно менување: Април 06, 2014, 19:52:25 pm KaZaN »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 24624
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #1 на: Март 20, 2014, 18:56:39 pm »
Едно од најкул мали количиња! Честито и со здравје да си го возите. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 36746
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #2 на: Март 20, 2014, 18:57:33 pm »
Честитки уште еднаш!

BTW, зошто обртомерот е до 7.000?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4860
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #3 на: Март 20, 2014, 18:59:58 pm »
So sreka da se vozi.
Mnogu bezgrizni kilometri.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3163
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #4 на: Март 20, 2014, 19:00:09 pm »
ваљда ги мрзело да прават нешто посебно за бензинци, и за дизели. таков е фарбички.

генерално, уште немам пробано, ама како што имам гледано, повеќе од 4 500 не иде. :D

btw, фала. имате поубава, али ете, како што е редот, да си купите уште поубава! :D

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 215
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #5 на: Март 20, 2014, 19:01:39 pm »
Честитки уште еднаш!

BTW, зошто обртомерот е до 7.000?

така е фабрички .... знам на citroen c3 од првите значи пред facelift .... обратомерот беше ист за бензин и дизел до 7000 па после facelift го сменија....

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4294
  • French diamond
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #6 на: Март 20, 2014, 19:04:43 pm »
Со здравје да се вози, супер градска зујалица.   Матизот кај замина ?  :D

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3163
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #7 на: Март 20, 2014, 19:06:20 pm »
Матизот останува во семејството. Само најверојатно сестра ми повеќе ќе го дрнка. Почна со часови, па... :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9215
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #8 на: Март 20, 2014, 19:07:19 pm »
Со здравје да се вози...ова за љепша половина а? :D

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3163
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #9 на: Март 20, 2014, 19:08:22 pm »
за двајцата. примарно возило за низ град. :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45570
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #10 на: Март 20, 2014, 19:12:25 pm »
Фантастична основа. Многу, многу фраерско може да биде ова аутце. :)

Со среќа да врти!
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30865
  • Таков е животот... јебига
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #11 на: Март 20, 2014, 19:14:12 pm »
Честито Казухико, одлично аутце.

Прв пат во вакво ме возеше една згодна госпожа од Скопје до Врање и назад и многу добар впечаток ми остави.
Нека ми те служи долги години и во соба да си го чуваш.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17586
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #12 на: Март 20, 2014, 19:23:35 pm »
Моето најомилено градско возило. Честито и све најбоље !

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1276
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #13 на: Март 20, 2014, 19:29:51 pm »
Со здравје да се вози многу километри. :)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2473
  • Дете Битолчанче
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #14 на: Март 20, 2014, 19:41:41 pm »
Создравје да се вози Казан, одлично количе па и еден куп опрема, мераци :)


Прв пат во вакво ме возеше една згодна госпожа од Скопје до Врање и назад и многу добар впечаток ми остави.


Не сватив само шо ти остави поголем впечаток, згодната госпожа или количето ? ;D
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D