Ме интересира едно нешто она лупење на лак на кола го имам приметено на повеќе возила, што е причината не квалитетен лак оштетување од сонце или сосема нешто друго ?, и дали со редовно да речам восоцирање би се избегнале такви оштетувања зошто ужасно лошо изгледа кога ке почне да се лупи.
Причината за лупењето или бледеењето на бојата може да биде и смола или испарувања од дрва под кои се паркира возилото. Исто така доколку возилото е паркирано под таквите дрва после дождови, исцедокот од дрвата после дождот дополнително го забрзува целиот процес.
Орев, зимзелени дрва, врба, смоква може да предизвикаат оштетувања на лакот ако возилото често е паркирано под нив (во двор на пример)
Целиот процес е долготраен, и последиците се евидентни после неколку години, и затоа многу ретко од луѓето доаѓаат до заклучок дека причината за излитената боја на кров, хауба, гепек е од дрвата. Најмногу страдаат возилата кои што константно се изложени, паркирани под овие дрва кои најчесто ги имаме во дворовите. Нормално, секој од нас го штити своето возило од сонцето во лето со паркирање во подлабока сенка под овие дрва, и доколку тоа се случува континуирано плус поткрепено со чести дождови додека возилото е под дрвото, резултатите со оштетен лак и боја ќе се појават многу бргу.
Восокот го одолговлекува целот процес и помага во заштитата, но најчесто и кај така третираните возила се појавуваат симптоми неколку години подоцна, за разлика од возилата кои не се третирани со восочна заштита.