Да не ја оптеретувам темата на
@packetloss99 за неговата Киа.
@M3V8, водата стоеше размачкана низ цела површина, ништо немам користено претходно. Нормално перење со најобичниот шампон на Сонакс, потоа плакнење, прснување s&s, повторно плакнење, на крај пребришување/сушење.
Еве слика по прснувањето со s&s и плакнењето.
Немам слика од i10ката (blue ice е бојата), многу повеќе ми се допаѓа металоидниот изглед на капките од водата, имам впечаток како метални лагерчиња да се тркалаат по хаубата.
И самата боја добива поинаков тон, како да добива на длабочина.