Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 275539 пати)

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 968
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1035 на: 09 Октомври 2019, 11:13:42 am »
Не ми кажаа член од закон ама купив катализатор нов од Номинал таму кај семафорот после дандо и бушав кај што беа. 6000 денари и си помина на издувни гасови.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1036 на: 09 Октомври 2019, 11:21:40 am »
Да те вратат од технички  затоа што си без катализатор, издув или без некаков филтер чија функција е возилото да е поеколошко е едно.
Да те вратат од технички со Ауди од 91ва  кое е сосем исправно и со сите тие работи исполнува едвај ЕУРО 2 норми  е друго.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1037 на: 09 Октомври 2019, 11:29:23 am »
Лошо толкуваш. Има определени граници во кои што определен модел треба да влезе. Во случаите погоре возилата не влегле во тие граници кои им ги налага нивната еуро норма.

Од друга страна, Голф 1 дизел и фабрика да е ќе се означи со црвена налепница пошто не може да биде над еуро 2 без модификации. Истиот, без проблем ќе помине на технички.

Да беше така како што викаш, тогаш сите бензинци ќе поминат при проверка па макар и работело на 3 цилиндри

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1038 на: 09 Октомври 2019, 11:34:18 am »
Не гледам каде лошо толкувам.
Истиот Голф1 (со сите вградени катализатори и филтри) треба да помине на технички и да има забрана за движење кога е загадено, а не да биде вратен од технички затоа што исполнува само Еуро1 норми.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1039 на: 09 Октомври 2019, 11:40:30 am »
Не гледам каде лошо толкувам.
Истиот Голф1 (со сите вградени катализатори и филтри) треба да помине на технички и да има забрана за движење кога е загадено, а не да биде вратен од технички.
Ако ги исполнува условите за издувни гасови на Голф 1. Ако не, ќе го вратат. И би требало да го вратат. Секаде би го вратиле.

Еве најпрост пример се има ама мешавината не му чини и има 10% вишок несогорено гориво во издувот. Или има послаба мешавина па во цилиндарот останува вишок кислород и при висока температура се врзува со азот и прави NOx. Ова е најчесто зошто секаде на светот се враќа некоја кола. Згора на ова може да има гребаница на цилиндар или на прстен и да навлегува многу малку масло во цилиндарот односно прстенот да неможе да го избрише кога оди надолу. Тоа исто така ќе направи да има издувни гасови надвор од дозволените.

Значи тоа се на око неприметни работи, но си покажуваат на мерач.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1040 на: 09 Октомври 2019, 11:43:29 am »
Не гледам каде лошо толкувам.
Истиот Голф1 (со сите вградени катализатори и филтри) треба да помине на технички и да има забрана за движење кога е загадено, а не да биде вратен од технички затоа што исполнува само Еуро1 норми.


Па ако е во ред нема да биде вратен од технички, али тоа не значи дека нема да биде означен со црвена налепница. Бојата на налепницата не е ставена како казна ако колата не ти е во ред, туку како означување на тој модел на возило колку загадува.

Изгледа не сфаќаш дека за одредено возило да исполнува минимум норми за загадување не е потребно само да го има катализаторот од тој модел, туку треба да работи моторот како што треба: дизни, компресија, проточност на катализатор, проточност на усис, сензори како што треба... Милион фактори се во игра.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1041 на: 09 Октомври 2019, 11:48:47 am »
Не, не се разбираме...

Батали.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1042 на: 09 Октомври 2019, 11:53:36 am »
Се разбираме. Има 2 работи.

1. Да не поминеш заради тоа што колата не соодветствува со она што треба тоа возило да го дава.
2. Да поминеш на технички.
2.1. Да добиеш црвена налепница.
2.2. Да добиеш жолта налепница.
2.3. Да добиеш зелена налепница.

Мислам дека ги мешаш точка 1. со точка 2.1.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1043 на: 09 Октомври 2019, 11:58:52 am »
Или подноставено во однос на Еуро нормите и поминување на технички - доколку возиш возило со ЕУРО 5 норма а на технички ти измерат емисија како ЕУРО 4 или подоле, нема да поминеш и нема да добиеш налепница жолта или црвена.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1044 на: 09 Октомври 2019, 12:03:01 pm »
Се разбираме. Има 2 работи.

1. Да не поминеш заради тоа што колата не соодветствува со она што треба тоа возило да го дава.
2. Да поминеш на технички.
2.1. Да добиеш црвена налепница.
2.2. Да добиеш жолта налепница.
2.3. Да добиеш зелена налепница.

Мислам дека ги мешаш точка 1. со точка 2.1.

Вака...

1.За налепниците е јасно.
2. За враќање од технички бидејќи си се појавил со неисправно возило (во било кој поглед) е исто така јасно.

3.Она што јас сфатив од приказната за роднината на @Mikius  е дека го вратиле од технички и му рекле "да се фрли у Вардар", бидејќи колата не исполнува норми за издувни гасови, а не дека треба и може да ја доведе во состојба која е дозволива за тој тип на кола од таа година.

А што му рекле дека треба да направи за да помине?
Да си стави катализатор, филтер или да ја фрли во Вардар?
Му рекле да се фрли во Вардар ;D

Истото му го кажав и јас кога ја купи :)

4.Она што сфатив од приказната на @JezuzNoChill  е дека поминал на технички откако купил исправен катализатор.

Затоа и реков:

4.1 Да те вратат од технички  затоа што си без катализатор, издув или без некаков филтер чија функција е возилото да е поеколошко е едно.
4.2 Да те вратат од технички со Ауди од 91ва  кое е сосем исправно и со сите тие работи исполнува едвај ЕУРО 2 норми  е друго.


4.2 очигледно не се случува, а добив впечаток дека се случило во точка 3.

Толку. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1045 на: 09 Октомври 2019, 12:13:59 pm »
Секое возило се оправа или му се менуваат околку делови колку што е потребно за да помине.* На Wheeler Dealers баш имаше таков случај. Имаше ленд ровер стар кој по ново веќе НЕВОЗМОЖНО е да помине на технички веќе. Стандардот и толеранцијата се надминати и неможе да се врати на патот. Но, му монтираа мислам LPG или CNG систем ако добро памтам, го наштелуваа ТОЈ систем да работи најдобро што може и во сервис со мерач го штелуваа за да добие најдобри возможни параметри.

Потоа возилото си помина во UK за да вози на патот.

*- проблемот кај некои возила е што потребното за да е возилото соодветно за да помине на технички веќе може и да се рачуна дека не е тоа возило зошто освен бројот на шасија се друго е сменето. :) :) :) https://en.wikipedia.org/wiki/Ship_of_Theseus

Еве ја.

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10033
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1046 на: 09 Октомври 2019, 12:16:30 pm »
Стратро, не биди буквалиста :)

Му рекле да ја оправи колата, на сервис ќе му кажат што треба да направи.
Со оглед на неговата финансиска состојба, и состојбата на колата, не верувам дека во догледно време ќе ја вози.

Не се сеќавам колку ја зеде, но можеше за истите пари да земе нешто поново и помало, ама сакал лаѓа, не сакал тротинет (ме дупеше :)) како колата на жена ми што ја купивме во 2011 (i10)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1047 на: 09 Октомври 2019, 12:22:53 pm »
У реду е, се разбравме.
Во конкретниов случај не гледам никаква "жртва" на технички бидејќи колата му е неисправна.
Исто како да отишол без кочници.

Истото може да се деси и на понова кола.
Уствари ...и на ганц нова.

Не? ;D



« Последно менување: 09 Октомври 2019, 12:28:36 pm Stratro »

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2047
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1048 на: 09 Октомври 2019, 12:30:39 pm »
Со оглед на неговата финансиска состојба, и состојбата на колата, не верувам дека во догледно време ќе ја вози.

Не се сеќавам колку ја зеде, но можеше за истите пари да земе нешто поново и помало, ама сакал лаѓа, не сакал тротинет

Првото со второто нема никаква врска.

Тоа што нема финансиски средства за одржување на колата и доведување во основна состојба за регистрација нема врска со загадување или со "постари коли - повисока класа" муабетот.
Има секаква врска со неговата имотна состојба и начинот на размислување.




Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10033
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1049 на: 09 Октомври 2019, 12:54:04 pm »
Првата жртва се однесува на тие што ги познавам и што без потреба опнаа повеќе пари на постаро и "појако" возило, наместо да си земат рецимо поново i20 за истите пари (не мора скроз ново од салон).

Баланар, мислам дека џабе се ставаш во иста графа со овие луѓе за коишто зборувам.
Си возиш браво и го одржуваш, ок.
Сакаш да купиш поново? Ок
Ако купиш повторно браво за рецимо 5к, повторно ок

Постарата кола автоматски ќе повлече повеќе давачки да го дотераш како што треба, и во тој случај веќе ти доаѓа поисплатливо да се купи поново, помало количе од Ауди А6.

Сега со построгиот технички, многу луѓе ќе се замислат пред да купат постара и појака кола.