Дали само во центриве за регистрација има џандар за печат, или може и во полиција, ме интересира за во Прилеп?
Дали се исти цените во центриве за регистрација, или нема тарифник на ниво на државава? На колава имам уште 2 недели регистрација, ама нема да бидам во државава на датумот кога треба да ја регистрирам, е сега работам во друг град, а колата ми е со табли на родниот град. Дали може да ја поминам јас во СК пред да излезам од мкд на технички (нема да одам надвор од мкд со колата, ќе ја оставам во гаража) и да ги пратам документите да ги однесе друг во полиција за печат, или ќе мора јас лично да го завршам тоа?