Мислев ќе истерам уште сезонава со моторчето, ама изгледа го сјебав.
Ова ми се деси: на прво палење со курбла не запали, на второ на пола курблање изгледа од компресија ми ја врати курблата назад и ми ја заглави. Денес отварав, купив нови запчаници и федер, намонтирав назад, имаше само едно идење до доле на курблата на второ пак заглави. Ајде пак извадив се, убеден дека е нешто до запчаниците, ама за кратко се разубедив, викам ај да пробам радилицата да ја свртам со клуч од кај варијаторот, ама трт несакаше да чуе, како клипот да заглавил и не мрда. Она што ме чуди во обратна насока ја вртев и идеше без мака. Ај демек го размрдав клипот, вратив пак поклопецот и почнав да курблам. Сега курбла ама не пали, како да нема компресија, секое курблање е исто, не отежнува. Исто нема издув на ауспухот при курблање. Некој да ме просветли или да даде совет што да правам, додека не сум ја отворил цела машина?
Пс: има довод на гориво , свеќичката е проверена, чиста е и фрла струја.
Ппс: Се работи за 4 тактно со 4 вентила 50cc ако некуму нешто значи.