Очекуван резултат, цитроените супериорни во однос на конкуренцијата. Не е спорно дека е најдобар Лоеб, но да возеше нешто друго не би бил волку убедливо најбрз (а и не ни беше кога подобро ќе размислам). Доминацијата се гледаше и на правците, цитроенот ги поминува другиве како да се друга класа. Они ги донесоа правилата и сега се богови, убаво кажа коментаторов, првиот после цитроените може да се рачуна како прв, пошто они се далеку напред.
Перфектен почеток за Боркович, штета за кварот во втората трка но битно покажа кој е и сериозно ја замисли конкуренцијата.
Со најмалку тестови, на прво седнување во кола (на светски рамки) да бидеш 4ти на квалификации е за почит дефинитивно. Се надевам на следниве трки некако ќе се израмнат (што е немогуче) па ќе гледаме уште повозбудливи трки. Штета за Том Коронел, едноставно не му беше пишано овој викенд да види некоја среќа. Среќа налета на него Милер а не Боркович, инаку ќе му се повтореше минатогодишната несреќа од ист вид.
За една недела е трката на Пол Рикард, останите уз нас.