Автор Тема: OBD 2 Bluetooth модул - искуства????  (Прочитано 16236 пати)

Отсутен themacedon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
OBD 2 Bluetooth модул - искуства????
« на: 02 Февруари 2014, 19:49:07 pm »
Здраво дечки.
Имам можност да земам OBD2 Bluetooth модул, по некоја цена од 10тина евра, заедно со програмата за телефон која би ме коштала околу 2-3 евра од Google Play Store, па ме интересира дали некој има искуство со ова..
Како што видов на YouTube, може да ги прикажува повеќе податоци за автомобилот, но ме интересираше што точно може да се направи со овој модул...Дали има некој искуство... Дали има некаква шанса да се зафркнат подесувањата од компјутерот на автомобилот и да се направи проблем...?

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: OBD 2 Bluetooth модул - искуства????
« Одговори #1 на: 02 Февруари 2014, 19:56:44 pm »
Програмата е torque pro, а тоа што снима е plugin Trackrecorder

Отсутен themacedon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: OBD 2 Bluetooth модул - искуства????
« Одговори #2 на: 02 Февруари 2014, 20:13:32 pm »
Програмата е torque pro, а тоа што снима е plugin Trackrecorder

Кои информации може да ги добијам со програмата и со модулот...и како би знаел дали податоците се во рангот на нормалните...И дали има шанса нешто да се зафркне...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: OBD 2 Bluetooth модул - искуства????
« Одговори #3 на: 02 Февруари 2014, 20:20:48 pm »
Едно е сигурно. Ништо неможе да се зафркне.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: OBD 2 Bluetooth модул - искуства????
« Одговори #4 на: 02 Февруари 2014, 20:59:14 pm »
Јас имав не може ништо да се зафркне,и зошто да ја плајкаш програмата ја има на uptoide pro verzija,и податоци чита само од моторот и сензори и можеш грешки да бришеш исто само од нив,од аирбаг и др.не може
;)

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг: OBD 2 Bluetooth модул - искуства????
« Одговори #5 на: 02 Февруари 2014, 22:13:58 pm »
Јас ја користам повеке од година време.Го купив бидејки колата немаше стрелка за температура и супер си ја врши работата.Поддржува температура на моторот,обртаии на моторот,брзина,време од о до 100км/х.,показува моментална потрошувачка и мн. други кои зависат од модел  до модел на кола.Колку понова кола подржува повеке работи.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Одг: OBD 2 Bluetooth модул - искуства????
« Одговори #6 на: 02 Февруари 2014, 22:20:57 pm »
Програмата е torque pro, а тоа што снима е plugin Trackrecorder

Кои информации може да ги добијам со програмата и со модулот...и како би знаел дали податоците се во рангот на нормалните...И дали има шанса нешто да се зафркне...

Терај, не можеш ништо да заебеш. Јас повеќе од 2 години ја користам. Земи па ке праиме муабет.

Отсутен JAck-S

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 62
Одг: OBD 2 Bluetooth модул - искуства????
« Одговори #7 на: 03 Февруари 2014, 14:25:04 pm »
Немора да дааш 10 тина евра, еве ти за 6 евра, ја сеа го порачав :)
http://www.aliexpress.com/snapshot/6014927057.html

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
OBD Bluetooth
« Одговори #8 на: 04 Февруари 2014, 00:43:43 am »
Не сретнав тема за ова, а зборено ни е повеќе пати.

Знаете за што се работи. Ме интересира како функционира со Tourqe на Андроид. Позитивни искуства?
И што уствари се прави со ова освен читање на информации преку апликацијата на андроид.
се поврзува исто како и кабел со ПЦ па со соодветен софтвер се чепка низ колата? (бришење грешки, читање грешки и слично)
Видов некој продаваше, па ми текна. Ќе го исконтактирам членот за да си зеам такво, само да завршам со полагање, а и ме интересира нешто екстра онака.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: OBD Bluetooth
« Одговори #9 на: 04 Февруари 2014, 00:46:19 am »
„Позитивни искуства“ не зезај...


Има и други апликации како Даш Команд и слично. Ги вади сите параметри кои може да ги исчита OBDто.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: OBD Bluetooth
« Одговори #10 на: 04 Февруари 2014, 00:47:53 am »
Мислев на читањата дали се точни, пошто незнам како иде тоа. Најмногу ме интересира пошто мислам видов дека чита и тампаратумпара а ја неам таков мерач у смотаново количе. Па онака од радозналост :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: OBD Bluetooth
« Одговори #11 на: 04 Февруари 2014, 00:48:29 am »
Каков мерач немаш!? Колата мери, само нема стрелка. Ќе си покаже. Ако сакаш да пробаме ќе видиш.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: OBD Bluetooth
« Одговори #12 на: 04 Февруари 2014, 00:51:33 am »
Да де нормално си мери, ама ја незнам :) единствен начин за покажување е да се влезе у тест менито на бордот што е лесно. Али е глупо или ќе глеаш рејнџ,потрошувачка или ќе глеаш само и само температура. :S Е сеа е глупо, да сакаш да провериш, да треба да гасиш кола да свртиш шеснаестина круг со клучот да пуштиш десен жмигавец, да се напиеш вода, па уште пола круг со клучот и на крај да стиснеш на мени за да ти покаже. Ем има преку 50тина податоци што ги кажува, па дур да скролнеш до температурата, колата ќе замрзне :D


Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 844
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: OBD Bluetooth
« Одговори #13 на: 04 Февруари 2014, 01:06:13 am »
Хахаха :D Епа, да, ќе ти покаже со ова температура.
Значи, во принцип, ги имаш на располагање сите податоци од ECU-то на колата, заедно со грешките од него. Доколку имаш проблем со некој модул (ABS/ESP), нема да можеш со оваа програма и со такво адаптерче (односно ќе треба поинаку да го врзеш џекот). За точност на податоците, мислам дека се точни. Освен оние податоци за потрошувачка и слично, што се базираат на математички пресметки. :)

Топол предлог, земи си, се исплати. :)

Поздрав

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: OBD Bluetooth
« Одговори #14 на: 04 Февруари 2014, 01:07:15 am »
Toчни се ако ги внесеш точно бројките за колата.