Освен ако не е ептен лошо перењето не би требало да има гребење заради сапунот што лизга. Најмногу гребење е од сушењето.
Така. Ама, и при перење со шампон иде до гребење - прво, ради честото избегвање на фазата на предперење, користење на ист wash mitt / сунѓер на цела кола (се мисли на долен дел и тркала) и / или на повеќе различни возила, односно крос-контаминација, како и дали има некаква заштита горе. Добар тврд восок се справува со ситна контаминција преку одложување на периодот на акумулација на истите.
Да не правиме муабет за керамика, која btw - не е имуна на град и ѕидови.
Околу сушењето - има и други методи. Leaf blower е евтина и едноставна, но мора да има колата здрава заштита, заради полесен sheeting на водата од панелот. Beading не, пошто тоа е само за курчење и лепота.
Downside на оваа метода е што комшиите во голем процент ќе те мислат за ненормален, а во најдобар случај ќе треба предавања да држиш зошто го правиш тоа.
Друга, без поголема инвестиција е pat-and-dry методата, која може да се комбинира со дитејлинг спреј како помош при сушење, заради поголема лубрикација.
И секако, НЕ КОРИСТЕЊЕ на автоматски перални. Прво - ради четките (какви сака нека се), и второ - ради превисоко концентрирани хемии.