Изгледа некоj ме читал одамна на темава кога викав дека на Скопје му треба перална со нормална цена која што ќе нуди добар квалитет. 500 денари е горе доле основата за добро надворешно и внатрешно перење. За 200 денари колку сакаш користи најдобри шампони, вапови, ќе имаш проблем со персонал зошто реално со 200 денари перење и да переш стотици коли на ден, математиката е многу проста. Ем ќе бидеш приморан да им даваш минималец на вработените а со тоа и чести откази и проблем со персонал а од друга страна нема да можеш ни трошоците да ги покриеш, а камо ли да тргнеш некоја пара на страна. Или па ќе користиш евтини шампони и квалитетот ќе биде просечен. На долг рок со 200 денари перење многу тешко се успева, конкуренцијата е огромна.
Се надевам дека пералната што се спомна (Премиум моторс) ќе биде репер за тоа како се води бизнис на правилен начин.