Сакам да споделам искуство за пералната
Премиум Моторс кај сервисите близу Лепенец во Ѓорче (
локација). Покрај тоа што нудат дитејлинг услуги (хемиско, полирање и слично), нудат и перење, користејќи го методот со две кофи.
Од тоа што знам, користат само средства на Chemical Guys за кои се увозници. Цената на
перењето е од 500 до 2000 денари, што веројатно одговара само на оние кои се пицајзли за своите возила. Бидејќи до сега сум бил 2-3 пати задоволен сум од услугата, се посветува внимание на возилото од оштетување и слично, и нормално, ако нешто пропуштат веднаш ќе искорегираат.
Мене лично голем плус ми е тоа што газдата е прилично ентузијастичен околу својата работа и секогаш е расположен уз кафе да поразговара во врска со дитејлинг и рандом автомобилски проекти.