Добив желба да го исперам Голфот денес, и у отсуство на резидентна перална, бев до таа самоуслужната кај Базен Карпош. Да напоменам дека Голфот е перен последен пат пред недела дена кај Бушав со Ревита.
4 жетони по 25 денари, 100 денари. Еден жетон е 90 секунди, како што е веќе диксутирано.
Пред да почнам да праам било што, си ги испрскав бандажите со сопствено средство за бандажи.
Жетон 1 - Прва тура ладна вода. Ги испрскав убаво (колку што можев) бандажите и ја наводенив колата.
Жетон 2 - Тура вода со шампон. Првите 20-тина секунди нема шампон, него обична вода. Додека да стигне шампонот. Шампонот е едвај океј. Не успева скоро ништо посериозно да симне.
Жетон 3 - Втора тура вода. Првите 20-тина секунди прска сосе шампон, додека да стигне чистата вода.
Меѓу жетон 3 и жетон 4 ја пребришав колата. Се гледа дека си бара некаков сунѓер или нешто слично меѓу турата со шампон и турата со вода. Добар момент е дека не те брзаат, па можеби би можел човек да го направи и тоа.
Жетон 4 - 180 секунди усисивач. Плацевите за усисивачите се премногу тесни, па не може две коли една до друга да бидат со отворени врати, па чекаш тој до тебе да заврши за да го брцнеш жетонот, иначе нема поента. Усисивачите се жали боже, цицаат ко астматичен пензионер.
Вкупна оценка... 3 минус.